Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
МакедонијаВелешанец измамил кумановец за 43 750 евра Жител на Куманово на возраст од 48 години, синоќа во 20:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил изма од велешанец за сума од 43 750 евра со намера да откупи крипто валута.Според денешната информација од СВР Велес, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. -Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен, појаснија од СВР Велес. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за целосно расчистување на случајот.Тагови: измама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook