АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветВеќе втора недела од конфликтот меѓу Израел и ИранИзраелско-иранскиот конфликт влезе во втората недела, по пропаднатите преговори со Вашингтон, Европа го враќа Техеран на преговарчка маса. Во Женева почнаа преговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Британија, Јохан Вадефул, Жан Ноел Баро, Дејвид Лами со иранскиот колега, Абас Арагчи, кој порача дека нема простор за доајалог со САД, се додека Израел напаѓа. Ова се први преговори со Иран на западни земји од почетокот на конфликтот. Иако не се очекува пресврт, несомнено е најзначајниот европски ангажман досега во оваа криза. Клучна тема според најавите е американскиот предлог за нов нуклеарен договор за ограничување на збогатувањето ураниум на Иран. -Отворени сме за преговори, но тоа подразбира Иран да покаже сериозна посветеност да се откаже од збогатување нуклеарни материјали за вооружување и да ја вклучи својата ракетна програма во преговорите. , изјави Јохан Вадефул, министер за надворешни работи на Германија. Спремни сме за дијалог со Европејците за различни прашања. Ќе чуеме што ќе ни кажат. Не се срамиме да разговараме и да ги браниме правата на иранскиот народ. Американскиот претседатал Трамп и натаму калкулира со тоа каква ќе биде улогата на САД во кофликтот. Одлуката ќе ја донел за две недели, додека западните медиуми јавуваат дека Вашингтон почнал да трупа војска во воените бази на Блискиот Исток, вклучително и 20тина стратешки трнаспортни авиони и системи за против воздушна одрбана. Имам директна порака од претседателот. Цитирам: Врз основа на фактот дека постои значителна веројатност за преговори што може, а можеби и нема да се случат со Иран во блиска иднина, ќе донесам одлука дали ќе одам или не (во воена интервенција) во следните две недели. , изјави Керолин Левит, портпаролка на Белата куќа. И Израел и Иран со внимание ги следат наредните чекори на Трамп. Израелскиот премиер вели нашата одлучност да се спречи Техеран да прозиведе нуклеарно оружје не зависи од ангажманот на САД. -Јас само знам дека немаме избор. Ме прашуваат „што ако не добиете зелено светло од Американците?“ Знаете што им одговорив? Нам не ни треба зелено светло. Ние ќе го напревиме тоа. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел. -Ако заклучиме дека САД се директно вклучени во нападите против Иран, ние ќе почнеме да возвраќаме кон САД. Тврдењата на Доналд Трамп се целосно неоправдани. , изјави Али Бахрени, амбасадор на Иран во ОН. Според организацијата „Активисти за човекови права“ во досегашниот конфликт досега загинале над 600 Иранци и 25 мина Израелци, но со причинета огромна материјална штета..Тагови: Израел Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter