Вечно дерби во Борис Трајковски, шампионот МЗТ Скопје домаќин на трофејниот Работнички - Канал 5

Вечно дерби во Борис Трајковски, шампионот МЗТ Скопје домаќин на трофејниот Работнички

Арената Борис Трајковски во Скопје вечерва ќе биде домаќин на првото вечно кошаркарско дерби сезонава. Бранителот на титулата МЗТ Скопје во улога на домаќин го пречекува најголемиот ривал Работнички во 119 вечно дерби.

Вечно дерби во Борис Трајковски, шампионот МЗТ Скопје домаќин на трофејниот Работнички

Кошаркарскиот празник во Македонија започнува во 17 часот и 30 минути. Пред вечното дерби во улога на фаворит е домаќинот МЗТ Скопје, поради искуствотот на кошаркарите и поради силните натпревари одиграни во регионалната АБА лига. Сепак победнички амбиции има и најтрофејниот клуб во мак –баскетот Работнички.Предводникот на шампионот од Градски Парк Емил Рајковиќ пред супер дербито порача , дека МЗТ е фаворит но неговите кошаркари ќе го остават срцето на теренот за да победат. Секако покрај на теренот вечното дерби ќе биде интересно и на трибините .

Двете навивачки групи , Фемили на МЗТ и Сити Парк Бојс на Работнички се подготвени да им помогнат на своите миленици да стигнат до толку посакуваниот триумф. Пред вечнотот дерби раководствата на двата клуба повикаа на „мирно дерби “ без инциденти. Посакуваме вистинска спортска атмосфера на вечерашниот дуел во нашата најголема арена , бидејќи само со спортско навивање може да му помогнеме на својот клуб на патот до победата.

Инаку според ростерот на тимот шампионот МЗТ Скопје е благ фаворит иако во вакви дерби средби не секогаш одлучува квалитетот на тимот, Инспирацијата и моменталниот блесок многупати го решиле победникот на вечното дерби.

Предноста на металците секако е во репрезентативното трио Гечевски, Чековски , Дамјан Стојановски .Но свој квалитети има и засилениот работнички, пред вечното дерби дебармаалци се засилија со искусниот плеј Димитар Мираковски и силниот центар Колман кој сигурно ќе бидат значајни алки во тимот на Рајковиќ . Колман заедно со Кнежевиќ ќе се обида да го запре ударниот тандем на МТЗ Скопје искусниот центарски двоец Гечевски -Чековски.

Интересна битка ќе се води и на надворешните позиции меѓу репрезентативците од двата табора Дамјан Стојановски против Дарко Соколов или Александар Костовски против искусниот Димитар Мираковски.

МЗТ Скопје е фаворит во 119 вечно дерби , но традицијата на дербите е на страна на трофејниот работнички, тимот од Градски парк има 76 победи во досегашните средби против МЗТ Скопје кој има 42 триумфа над вечниот ривал.

Металците се поуспешни од големиот ривал во последните 4 сезони со 10 победи на 18 средби.
Инаку за вечерашното вечно дерби во продажба се останата само уште околу 500 влезници , кој по цена од 100 и 150 денари се продаваат во СЦ Ново Лисиче и МезеБар-ТЦ Скопјанка, најдоцна до 16.00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Воениот авион „Су-30“ се урна денес во Калининградската област за време на тренажен лет.

Се урна авион „Су-30“ (ВИДЕО)

Екипажот се катапултирал, а животите на пилотите не се во опасност, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Денес, на 21 октомври, авион ’Су-30‘ се урна за време на планиран тренажен лет во Калининградската област“, ​​се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од агенцијата „РИА Новости“.

Од агенцијата посочуваат дека екипажот се катапултирал и веќе е пронајден од копнен тим за потрага и спасување.

Наведено е дека животите на пилотите не се загрозени.

„Авионот се урна во ненаселена област. Летот се одвиваше без муниција“, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Русија утре треба да ја испрати првата пратка дизел во Соединетите Држави, во рамките на спорниот договор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Руски дизел утре тргнува за Америка- „Танкерот има капацитет од 40.000 тони“

Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека танкерот ќе има капацитет од 40.000 тони, пренесува Интерфакс. Се очекуваат и дополнителни пратки.

Новак не ја исклучи можноста за извоз на дизел и во други земји, но напомена дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во текот на наредните месеци.

На почетокот на октомври, Трамп и Путин се договорија за продолжување на испораките на руски дизел за САД. Вашингтон привремено ги суспендираше постојните санкции против Русија за да овозможи реализација на овие пратки. Договорот наиде на остри критики од Украина, Европската Унија, па дури и од некои републикански членови на американскиот Конгрес, додека Москва го поздрави договорот.

Руските рафинерии за нафта често се цел на украински беспилотни летала со голем дострел, а оштетувањата и поправките го ограничуваат производниот капацитет на земјата.

Москва одговори со воведување забрана за извоз на бензин и дизел. Трамп ги критикуваше украинските напади, обвинувајќи го Киев за порастот на цените на горивата во пресрет на ноемвриските избори за Конгресот на САД, на кои се очекува републиканците да остварат слаб резултат.

Киев, пак, тврди дека нафтените постројки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансиски средства за војната на Путин. Од февруари 2022 година, Украина се брани од целосна руска инвазија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит

Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.А.(41), Ш.Џ.(23), 20-годишната Е.Љ. и 16-годишник, сите од Скопје, Ф.И.(45) и С.К.(56), двајцата од скопско и С.Х.(44) од Тетово. Со активна мерка - забрана за управување на возило возеле Б.Д.(45) од Велес и С.Б.(25) од Гостивар. Додека, пак, под дејство на алкохол возел Т.Н.(37) од Гостивар. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер