Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Александар Пандов и Ненад Јовановиќ

Премиерот Заев бара предлози од опозицијата, а не прифаќа ниту еден. Уште колку „пописни“ полемики остануваат отворени на владиниот послужавник?

Почитувани гледачи, на статистика или на политика, на што ќе „личи“ пребројувањето во Македонија, вечерва под жешките рефлектори каде се говори Само Вистина, своите дијаметрално спротивни ставови ќе ги вкрстат Александар Пандов и Ненад Јовановиќ.

Премиерот Заев бара предлози од опозицијата, а не прифаќа ниту еден. Уште колку „пописни“ полемики остануваат отворени на владиниот послужавник?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со потписи на граѓаните ќе го укинува законот за попис, Иницијативниот одбор пак собра потписи за негова смена, ќе го преживее ли Мицкоски и овој вонреден конгрес?

Опозицијата бара одложување, власта не попушта, можно ли е дијаспората да ги „одврзи“ потписите на првиот и вториот статистичар?

Вечерва гледајте уште една Само Вистина со Александар Пандов и Ненад Јовановиќ, на Канал 5 Телевизија.

17- годишен англиски фудбалер колабирал и починал на теренот

Огромна тага го погоди островскиот фудбал.

Младиот фудбалер Кејлен Денис (17) починал на натпревар на неговиот клуб Волтамстоу на нисколигашките терени во Англија, соопштија од клубот.

На натпревар на селекцијата до 23 години, тој ненадејно колабирал и покрај реакцијата на лекарскиот тим, набрзо починал.

Тој е роднина на многу попознатиот напаѓач Рајан Брустер, кој настапува за Шефилд Јунајтед, а нему му го посвети голот што го постигна претходната вечер против Милвол во Чемпионшип.

- Бевме потресени кога дознавме дека Денис починал за време на натпреварот. Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите што го познаваа – објави Волтамстоу.

Во продолжение погледнете како Брустер му го посвети голот на својот братучед.

Земјоделските инспектори во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.

Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот, соопштуваат од МЗШВ.

Руте со драматично предупредување: Не сме подготвени за она што доаѓа

Првиот човек на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Алијансата не е подготвена за заканите со кои ќе се соочи од Русија во наредните години и дека е време да почне да размислува воинствено.

„Не сме подготвени за она што ни доаѓа за 4 до 5 години.“

Руте рече дека членките на НАТО потрошиле повеќе од 3 отсто од БДП за одбрана за време на Студената војна и нагласи дека идните распределби ќе мора да бидат значително повисоки од сегашната цел на Алијансата од 2 отсто, што е договорено како минимум.

Иако Алијансата колективно ја исполнува таа цел, околу една третина од нејзините членки не ја исполнуваат поединечно.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, се закани дека САД нема да ги бранат „неодговорните“ земји.

Алијансата се заснова на принципот дека нападот врз една членка се смета за напад врз сите, а коментарите на Трамп поттикнаа стравувања за тоа дали САД ќе одговорат во криза.

„Русија се подготвува за долгорочна конфронтација, со Украина и со нас“, рече Руте за време на говорот во Брисел.

Тој, исто така, истакна дека НАТО мора да биде реален за амбициите на Кина и предупреди дека Пекинг значително ги зајакнува своите воени сили и врши притисок врз Тајван.

Руте рече дека моменталната безбедносна ситуација е „најлошата во мојот живот“, пренесува Sky News.

притисни ентер