Вечерва во Само Вистина дебатираа Ристо Никовски и Павле Трајанов - Канал 5

Вечерва во Само Вистина дебатираа Ристо Никовски и Павле Трајанов

Трајанов: Дали ДУИ ќе се се согласи ако има 10 пратеници да добие колку и следи, а не 25% од фунциите? Никовски: Пржинската влада е апсурд и е неуставна.

Вечерва во Само Вистина дебатираа Ристо Никовски и Павле Трајанов

Трајанов: Се води сметка само да се вработат партиски активисти, соседи, роднини, а СДСМ и ДУИ се во кадровска криза. Ковачевски доби на тацна да раководи со влада без државнично искуство и сега само ги извршува насокита на Ахмети. Без да се води сметка нема да имаме внатрешна кохезија и ќе се фрустрира мнозинството на Македонци и иселувањето ќе се зголеми. Владата на непринципиелни основи ќе донесе проблеми и во иднина. Дали ДУИ ќе се се согласи ако има 10 пратеници да добие колку и следи, а не 25% од фунциите? По кој уставен основ има прв вицепремиер? Ако има избори на 8 Мај и веќе следниот ден партиите што ќе прават Парламентарно мнозинство ние веќе треба да имаме подготвено состав на новата влада.

Никовски: Техничката влада беше интерес и на владејачката СДСМ да се укине. Ветија албанец премиер за 100 дена и сега немаат маневарски простор. Инаку тоа е апсурд и понижувачко за државата е да има нешто надвор од уставот. Треба да се јави уставниот суд како што се јави за платите и да каже господо ова не функционира. Немам против Албанците, сите нека бидат, но дека ќе бидат способни, а не дека ќе бидат албанци. Има еден куп евидентни случаи дека мнозинството работат против интересите на граѓаните, земете го само Бехтел и Енка, а тоа се толерира и продолжува понатаму.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Во рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот.

Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер