Вечерва во „Само интервју“ гостин беше Артан Груби

Груби: Понуда до ВМРО-ДПМНЕ, Бујрум, гласајте за уставни измени и одиме на избори.

Погледнете ја вечерашната емисија „Само интервју“:

Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната

Македонија во државниот буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки.

Според извештајот, вкупно 23 од 32-те членки на НАТО во 2024 година го достигнале договореното ниво на трошоци за одбраната од два отсто од националниот БДД. Македонија со издвоени средства за одбраната од 2,22 отсто е на 11-то место според висината на стапката на средствата, а „шампион“ во оваа класификација е полска со 4,12 проценти од БДП, пред Естонија и САД. Под прагот пак, се Хрватска, Португалија и Италија, а на последното место е шпанија со само 1,28 проценти

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик.

На средбата, соопштија од кабинетот на Сиљановска Давкова, се размениле мислења за актуелните политички случувања во двете земји, тековните предизвици и можностите за искористување на потенцијалите со цел продлабочување на билатералната соработка.

Заедички било констатирано дека во годината кога се одбележува триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, односите меѓу двете земји се на исклучително ниво и беше искажано задоволство од континуираниот политички дијалог, соработката во рамки на меѓународните институции и партнерството во НАТО Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодарила за континуираната поддршка од Полска во реализацијата на македонските стратешки цели и изразила подготвеност за натамошна соработка на евроинтеграцискиот план и исполнувањето на реформската агенда.

- Во таа насока, претседателката ја потенцираше важноста од непречено одвивање на нашиот пристапен процес во ЕУ и изрази очекување дека полскиот активизам и поддршка, билатерално, како пријатели на Групата за проширување на ЕУ и преку Вишеградската група, ќе продолжат со иста енергичност и во иднина, стои во соопштението.

На средбата била истакната подготвеност за унапредување на образовната соработка и беа поздравени чекорите во насока на проширување на економската соработка, трговската размена и соработката во енергетскиот, информатичкиот и земјоделскиот сектор.

Реакција на Општина Карпош за настан во ромската населба во Злокуќани

Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. 

Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви... (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав.

ОПШТИНА КАРПОШ

притисни ентер