3Со настaпи на Хозе Карерас и Дејвид Гета, над 200 илјади граѓани ја прославија 35-годишнината од независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаВечерва во Македонија се вратија пет македонски државјани од Израел Првата група од пет македонски државјани од Блискиот Исток слетаат на аеродромот во Скопје. Ќе бидат пречекани од заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски. На Меѓународниот аеродром Скопје е Јана Јосифоска. Во видеото погледнете го целиот извештај. Вечерва во Скопје пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел преку Египет. Патниците на Скопскиот аеродром ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кој нагласи дека процесот бил сложен и барал сериозен ангажман на дипломатско-конзуларните претставништва. -Вечерва пристигна првата група наши сограѓани од Израел, кои беа евакуирани преку Египет. Таму беше целосно организиран превоз за нив од страна на Амбасадата. Во Израел остануваат уште седуммина граѓани кои во моментов не се расположени за евакуација, односно чекаат да се ослободи воздушниот простор и евентуално да се вратат подоцна со приватен лет преку приватна компанија - изјави Димитровски. Нагласи дека се прават напори најдоцна до понеделник сите граѓани да бидат вратени со три до четири лета од овие дестинации. -Наредните денови тие ќе бидат пренесени со чартер летови, организирани од Владата и Министерството за надворешни работи. Еден од летовите ќе тргне од Ријад, Саудиска Арабија - посочи тој. Димитровски сподели дека евакуираните граѓани изразиле голема благодарност за можноста да се вратат дома. -Граѓаните кои пристигнаа вечерва велат дека секојдневно морале да одат во засолништа кога се огласувале сирени. Иако за израелските граѓани тоа е дел од секојдневието, за нашите било необично и тешко искуство. Некои биле затекнати во Израел токму кога сакале да се вратат, но аеродромите биле затворени. Тие изразија голема благодарност за комуникацијата со нашата амбасада и за тоа што им било овозможено безбедно да се вратат дома, посочи тој. Дел од патниците биле двјаца ракометари со родителите. Според него, во земјите од Заливот моментално има околу 600 македонски државјани, најмногу во Абу Даби и Дубаи, околу 140 во Катар, а помал број во Бахреин и Кувајт. Тагови: евакуирани Израел Меѓународниот аеродром Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
Здравје60-годишен скопјанец ја раскажа двенеделната сага со западнонилската треска по каснување од комарец60 годишен маж од скопско Кадино, ја раскажа две неделната сага преживеана со нилската треска.Маката започнала три дена по големото невреме во јули во Скопје. Тој расчистувал паданти дрва, кровови и верува дека тогаш бил каснат од комарец. Почнало со треска и силна главоболка, чувство на нервоза и страв, по два дена лекување дома одма отишол на инфективната клиника. Десет дена се лекувал во болница, но излегувањето од болница значи надминување на треската, но не и на уморот. Бара редовни контроли и одмор. Во инфективната клиника има шест пациенти, двајца се критични. Нови приеми нема. Диреркторот на клиниката Фадил Цана во вести плус на канал 5 посочи дека за да се спречат потешки последици е едукација на населението за зашитата но и навремено прскање на каналите и нивно чистење. 60 годишниот скопјанец објасни дека последен пати на клиниката бил пациент со ковид, но овој пат вирусот на нилска треска бил многу потежок. Тој со апел заштита со средства против комарци, но општините да ги одржуваат водните површини и редовно да прскаат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патиштаЗа 35 лица е намален бројот на загинати во сообраќајни несреќи во првите осум месеци годинава, споредено со истиот период лани. Од 96 жртви во 2025, бројот годинава е намален на 61. Бројките ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот старт на „Безбеден град“ во Велес. Тој посочи дека намалувањето на бројот на жртви е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и зголемената контрола и санкционирањето на сообраќајните прекршоци. Со пуштањето во функција во Велес, системот го опфаќа целото подрачје на СВР Велес – Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Само за ден и пол системот во Велес веќе регистрирал 151 сообраќаен прекршок. Од нив, 124 се регистрирани во саботата, а уште 27 денеска до пладне. Најголем дел се за прекумерна брзина, додека три до четири прекршоци се за минување на црвено светло. -Вчера (сабота) регистрирани се 124 казни, а денес до пладне 27 казни, односно за ден и пол вкупно 151. Ова е многу помалку во споредба со бројките што ги имавме во некои претходни периоди. Велес доби и команден центар за овој систем, сместен во поранешните простории на Министерството за одбрана, кои се целосно реконструирани. Тој го покрива подрачјето на СВР Велес, односно градовите Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел од овие 151 казна се за брзо возење, а само три-четири се за минување на црвено светло на семафор. – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Но, црниот биланс на патиштата и натаму е присутен. Само во изминатите два дена во две тешки сообраќајки загинаа три лица – двајца кај Илинден, меѓу кои татко и неговиот 17-годишен син, и 21-годишен млад фудбалер во несреќата на патот Гостивар–Стража. Во двете несреќи има и повеќе повредени. Во сообраќајката кај Илинден повредени беа две лица, едното повредено 17 годишно момче е во кома, а 17 годишната девојка е тргната од респиратор, велат од Ургентен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ќе се намалува ДДВ-то за дизел гориватаНа владина седница денеска ќе се донесе мерка за намалување на ДДВ за дизел горивото од 18 на 10 проценти – информира премиерот Христијан Мицкоски.Во продолжение погледнете ја целосната изјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook