Вечерва се затвора 14. Џифони Македонија - Канал 5

Вечерва се затвора 14. Џифони Македонија

Џифонци вечерва ќе покажат што креирале, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на 14. „Џифони Македонија“.

Вечерва се затвора 14. Џифони Македонија

Четиринаесетто издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во киното „Фросина“. Од 19 часот ќе започне вечерта во која џифонци покажуваат што креирале во изминатите пет дена за време на работилниците што се одржуваат секоја година. Исто така, вечерва ќе бидат избрани дел од учесниците што ќе ја претставуваат Македонија на централниот настан, односно на Филскиот фестивал во Џифони 2027 година, а ќе бидат избрани и најдобрите филмови на фестивалот. Во изминатите неколку дена, основците, односно учениците од шесто до деветто одделение беа јуниорско жири во Кинотеката каде проследија долгометражни и краткометражни филмови, имаа дискусии и учествуваа на работилници. Целата програма за средношколците се одвиваше во МКЦ – Младонскиот културен центар.

Голем интерес кај џифонци вчера предизвика филмот „Кој те создаде“ (Who Made You) кој ја обработуваше темата за вештачката интелигенција на финската режисерка Ирис Харма, со која џифонци можеа да поразговараат и да поставуваат прашања.

Таа им објасни дека процесот на создавање бил долг и дека кога креирате документарец, треба да ја следите приказната повеќе години.

-Ние како човештво треба да ја разбереме целата работа со АИ и со технологијата, да ја разбереме и посебно властите, луѓето што ги водат државите треба да бидат целосно искрени и да ни кажат што се може да се прави со АИ. Ние мораме да ја разбереме технологијата и да ги разбереме ризиците од користењето и заедно ќе сме посилни - рече Харма.

Најважно е да имаме дијалог, а тоа е најважното нешто. Ние мора да имаме поголема контрола врз АИ, рекоа авторите на филмот.

Овој документарен филм ѝ пристапува од хуманистичка перспектива на една од најактуелните теми на нашето време: брзиот развој на технологијата и трансформацијата што следува со него. Филмот им дава глас на истражувачите кои работат во оваа област. Преку прикажување на визиите на експертите и средбите меѓу луѓето и роботите, филмот ни овозможува да ѕирнеме во нашата блиска иднина.

Јуниорите учествуваа на работилница за мјузикл со Лада Шоптрајанова Петровска, на работилница за ликовна уметност со Моника Мотеска и за краток филм со Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Средношколците можеа да учат за краток документарен филм со Ханис Багашов, за филмска фотографија со Елена Бојаџиева-Цветковска, за тоа како се прави сториборд заедно со Здравко Гиров и Давор Драмикјанин од здружението „Макстрипови“. Софтверскиот инженер Александар Колов ги внесе џифонци во тајните на 3Д-принтот користејќи рециклирана пластика од шишињата за вода.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија, Италијанскиот културен институт, Џифони Експириенс, Град Скопје, како и општините Карпош, Центар и Кисела Вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Алина Хаба, поранешната приватна адвокатка на американскиот претседател Доналд Трамп, се омажи за турскиот милијардер Турхан Милдон и сподели детали од раскошната церемонија на социјалните мрежи. 

Поранешната адвокатка на Трамп се мажи за турски милијардер: Свадба вредна околу 10 милиони долари

Двојката стапи во брак во саботата во хотелот „Волдорф Асторија“ во Њујорк.

Според извор цитиран од „Њујорк пост“, свадбата чинела приближно 10 милиони долари. Церемонијата се одржа во големата сала за свечености на хотелот, која беше украсена со околу 900.000 цвеќиња донесени од разни делови на светот.

Младенците си ги разменија заветите пред прекрасен аранжман од бели и розови рози, додека целата сала беше исполнета со црвени цвеќиња.

Посебно внимание привлече големата цветна декорација поставена на таванот, од која висеа светкави реси. По церемонијата, Хаба и Милдон го одиграа првиот танц на песната „Hier Encore“, во изведба на француски пејач ангажиран специјално за таа пригода.

Хаба смени дури три фустани во текот на вечерта. На почетокот, таа носеше прекрасна бела венчаница украсена со тантела и долг шлеп. Подоцна облече долг, светкав фустан со тенки прерамки, додека за забавниот дел од вечерта избра краток бел фустан со корсет со светки и цветни детали на здолништето.

Нејзиниот сопруг се одлучи за класичен црн костум, бела кошула и пеперутка-вратоврска. За организација на целата прослава ја ангажирале компанијата „YSD Events“, а гостите ги забавувал оркестар од 30 члена.

Децата на Алина, Клои и Лук, го поминаа речиси целото време од вечерта покрај младенците.

На прославата присуствуваа бројни истакнати личности од политичкиот круг на Трамп, како и други јавни личности. Меѓу гостите беа поранешниот боксер Мајк Тајсон, директорот на ФБИ Каш Пател, американскиот адвокат Тод Бланш и соработничката од Белата куќа, Марго Мартин.

На свадбената прослава настапи и познатиот рапер Нели. Хаба и Милдон се запознаа претходно оваа година на еден настан во Центарот „Кенеди“, по што нивната врска стана јавна.

Ова е трет брак на Хаба. Од 2011 до 2019 година таа беше во брак со адвокатот Метју Ајет, со кого има две деца. Потоа, од 2020 до почетокот на 2026 година, таа беше во брак со претприемачот Грег Рубен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: „Кралот“ Леброн Џејмс претставен како нов кошаркар на Филаделфија

Еден од најдобрите свтески кошаркари во историјата, популарниот „крал“ Леброн Џејмс е претставен како нов играч на Филаделфија 76ерс.

Видео: „Кралот“ Леброн Џејмс претставен како нов кошаркар на Филаделфија

Најголемата ѕвезда во моментов во НБА јасно стави до знаење дека не дошол во Филаделфија за уште една сезона без борба за титулата.

На почетокот на своето обраќање пред медиумите, Џејмс ја фрли својата идентификациска картичка на подот во својот препознатлив стил и праша: „Знаете кој сум, нели?“ Најпознатиот кошаркар во светот и најдобриот стрелец во историјата на НБА ја започнува 24-тата сезона во својата кариера, овојпат во дресот на „Сиксерс“.

Во тимот ќе игра заедно со Џоел Ембид, Тајрис Макси, Ви-Џеј Еџкомб и Џејлен Браун, кој пристигна од Бостон ова лето.

„Не го напуштив семејството за да загубам во второто коло“, рече Џејмс, очигледно алудирајќи на фактот дека „Сиксерс“ беа елиминирани во полуфиналето на Источната конференција минатата сезона.

Филаделфија ја заврши минатата сезона со 45 победи и 37 порази, а потоа доживеа елиминација со „чиста“ серија (без ниту една победа) од идниот шампион, Њујорк Никс. Сега ситуацијата е сосема поинаква.

Џејмс потпиша двегодишен договор вреден околу осум милиони долари откако Браун му се приклучи на тимот, па така „Сиксерс“ ја дочекуваат новата сезона со големи шампионски амбиции.

Џејмс истакна дека не очекува проблеми при вклопувањето со новите соиграчи. „Предноста на мојата игра е што можам да правам сè. Буквално сè“, изјави 41-годишниот Леброн Џејмс.

Бројките ги потврдуваат неговите зборови – минатата сезона во дресот на Лејкерс, тој имаше просек од 20,9 поени, 6,1 скок и 7,2 асистенции по натпревар. Во текот на кариерата, тој бележи просек од 26,8 поени, 7,5 скока и 7,4 асистенции, со повеќе од 1.600 одиграни натпревари.

„Одлично е што тој е тука“, рече Макси, кој во изминатите две сезони прерасна во лидер на тимот. Токму Макси одигра посебна улога во доаѓањето на Џејмс – тој дури и го вклучи во групниот разговор наменет за играчите на тимот.

Џејмс размислуваше да ја заврши кариерата во текот на летото, особено затоа што сакаше да остане блиску до своето семејство во Лос Анџелес.

Сепак, по одморот и тренинзите, тој одлучи да продолжи. Кога го прашаа уште колку долго планира да игра, тој не сакаше да даде одговор.

„Не сакам да зборувам за иднината во овој момент. Би било нефер кон мене ако сакам да живеам во сегашноста, особено знаејќи во која фаза од кариерата се наоѓам“, рече Џејмс. Сега е тој момент – Филаделфија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Соединетите Држави се надеваат оти Куба ќе избере „поинаков пат“.

Рубио: „Куба ќе ја научи лекцијата на потешкиот начин“

Тој предупреди дека оние што веруваат оти можат да го видат крајот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, „ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин“ доколку не го сменат правецот.

„Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат и дека некои од луѓето што ја контролираат кубанската влада ќе ги отворат очите за реалноста со која се соочуваат“, изјави Рубио за „Фокс њуз“.

Администрацијата на Трамп претходно изјави дека нејзината цел е „да ја промени комунистичката влада на Куба“.

„За жал, меѓу луѓето што продолжуваат да извикуваат револуционерни пароли, премногумина сè уште веруваат дека можат да го дочекаат крајот на оваа администрација без притоа да направат какви било промени или да преземат некаква акција. Тие грешат и ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин доколку не се поправат“, изјави Рубио.

Претходно оваа година, САД воведоа ембарго на нафтата кон Хавана, вршејќи дополнителен притисок врз Куба, која се соочува со недостиг на гориво и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез, во саботата пред Генералното собрание на ОН изјави дека Куба секогаш ќе биде отворена за дијалог со Вашингтон. За време на викендот, Трамп изјави дека очекува САД и Куба да постигнат договор и оти не смета дека ќе биде потребна воена интервенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер