МакедонијаВечерва промоција на партијата „ЗНАМ“, претседател е Максим Димитриевски Вечерва во Скопје се одржува промоцијата на новата политичка партија Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.Вечерва беше потпишана иницијативата од страна на претставниците на сите 10 граѓански здруженија, кои даваат поддршка движењето да прерасне во политички субјект. Пред потпишување на иницијативата он лајн се обрати писателот Венко Андоновски,кој порача дека стои зад партијата, а исто така и перофесорката од Катерина Тодоровска, која порача Македонија да се врати на колосекот на нормална држава.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветЈемен тоне во хуманитарна катастрофаКанцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) соопшти дека најмалку 125.000 луѓе се раселени во Јемен од почетокот на септември поради ескалацијата на непријателствата.Според нивните податоци, бројот на цивилни жртви продолжува да расте. „OCHA“ исто така извести дека најмалку 18.000 домаќинства биле принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на месецот и дека хуманитарните организации обезбедиле помош за илјадници домаќинства, пренесува Ал Џезира. Канцеларијата исто така предупреди дека залихите на хуманитарна помош се на критично ниско ниво поради недоволното финансирање. Според извештаите, движењето на хуманитарните мисии останува прекинато на неколку локации долж западниот брег на Јемен поради насилството, додека пристапот до клучните патишта е ограничен или тие се непроодни. Извор: Б92Тагови: Јемен хуманитарна катастрофа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСалма Хајек зборува за голема животна промена по 60-от роденденАктерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг, Франсоа-Анри Пино, со години живееле на различни локации низ светот – од Холивуд и Лондон до Мексико – но сега се трајно преселени во Париз.Хајек, која го прослави својот 60-ти роденден на почетокот на септември, зборуваше за преселбата и за ова ново поглавје од нејзиниот живот во интервју за магазинот „The Cut“, водено од нејзината пријателка и колешка, филмската авторка Анџелина Џоли. Со нетрпение се очекува новата деценија Салма Хајек изјави дека со нетрпение ја очекува новата деценија од животот и сè што таа носи. „Се чувствувам млада. Извинете... Всушност, не, нема да се извинувам“, рече таа. „Се чувствувам добро на оваа возраст. Денес се чувствувам подобро од кога било претходно. Тоа е чуден парадокс: како што старееме, ние жените имаме повеќе што да кажеме и знаеме како тоа појасно да го изразиме. Сепак, добиваме сè помалку можности да зборуваме. Тоа нема никаква смисла.“ View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Променет е и семејниот живот Актерката се осврна и на промените во семејството сега кога децата се возрасни. „Со нетрпение очекувам да научам како да бидам тука за моите деца во оваа нова фаза од нивните животи, што значи дека треба одново да научам многу работи“, рече таа. Хајек и Пино имаат 18-годишна ќерка, Валентина. Актерката е и маќеа на децата на Пино од претходните врски: Франсоа Џуниор (38), Матилда (25) и Огистен (19). Таа неодамна стана баба откако Франсоа Џуниор доби син. Париз сега е нивниот постојан дом. Откако семејството се насели во Париз, Хајек поминува повеќе време со своите деца и со сопругот. „Среќна сум што мојот прекрасен однос со сопругот продолжува да се развива и што постојано откриваме нови работи еден за друг“, рече таа. „Навистина уживам во животот во Париз во моментов. Живеам во нова куќа, а мојата најстара ќерка навраќа секој ден. Уживам во фактот што таа сега е возрасна личност и што живееме во истиот град. Таа има свој стан.“ View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Таа објасни дека, иако порано поминувала многу време во Париз, ова е првпат навистина да живее таму постојано. „Порано често доаѓав овде, но главно за викенди. Сега сум тука постојано. Ова е сосема нов живот за мене. Децата веќе не живеат со нас; останавме само ние двајца.“ За време на разговорот, таа исто така откри дека се обидела да ја убеди Анџелина Џоли да ѝ се придружи во Париз. „За малку ќе те убедев да се преселиш овде. Размислуваше за тоа. Постојано ти велев: ’Ајде, не можеш да ме оставиш сосема сама‘. Но, ти сакаше нешто подиво“, рече Хајек. Џоли, мајка на шест деца, одговори: „Си поминавме одлично. Ми требаше малку забава. Ме запозна во тежок период од мојот живот и успеа да ме насмееш.“ Извор: Б92Тагови: Салма Хајек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенот на демократијата одбележан во Собранието: Денеска „гласаа“ ученициДемократијата се учи од најрана возраст преку почитување на различните мислења, учество во носењето одлуки и активно вклучување во заедницата, беше порачано денеска на одбележувањето на меѓународниот Ден на демократијата во Собранието.Пратеници и ученици на дружба во Собранието. По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во законодавниот дом присуствуваа голем број ученици од основни училишта кои одблиску се запознаа со улогата на Парламентот и демократските вредности. Во полната собраниска сала младите слушнаа пораки за почитување на различните мислења и учество во носењето одлуки уште од најмала возраст. Оној што размислува различно не е непријател на оној што размислува поинаку, порачаа пратениците. -Демократија е кога вие во вашиот клас заеднички ќе одлучите каде сакате да одите на излет. Некој можеби ќе предложи да одите на Матка, друг ќе каже во Охрид, трет во Катланово, а класниот раководител или наставничката можеби ќе предложат Водно. Но, сите вие треба да гласате и заеднички да одлучите каде ќе одите на излет“, рече потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски. -Демократијата не е нешто што само возразните го практикуваат, дури уште поважно е и за децата и младите, затоа што тие ја обликуваат иднината. Вие може да практикувате демократија во училиштето кога слушате различни мислења, кога соработувате за да решите проблем, кога ќе застанете на страната на некој којшто не е слушнат, изјави амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер. На учениците им беше презентирано и едукативно видео насловено „Како Шари стана пратеник?“, по што во улога на пратеници можеа симболично да „гласаа“ дали им се допаднал видео материјалот и да го кажат своето мислење во Собрането „за“ и „против“. Инаку, Генералното собрание на Обединетите нации во ноември 2007 година усвои резолуција за поддршка на напорите на владите да промовираат и консолидираат нова или обновена демократија“, па оттогаш во светот се одбележува Меѓународниот ден и се разгледуваат и промовираат принципите на демократијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00