КултураВечерва почнуваат Струшките вечери на поезијата - јубилејно 55 -то изданиеТриесет и двајца поети од 30 земји ќе учествуваат на 55. Струшки вечери на поезијата (СВП), што од вечерва до 29 август ќе се одржат во Струга. Струшките вечери на поезијата имаат значајно местото во меѓународната поетска јавност, не само заради тоа што е најстар поетски фестивал, туку и заради моќта на поврзување на јазиците и културите од сите континенти од почетоците до денес, оцени раководството на фестивалот. На денешната прес-конференција, со која почна 55 јубилејно фестивалско издание директорот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски се осврнаа на работата во изминатите години и начинот на кој работат за да го зачува светското реноме и углед кој е наследен. - Во наредните неколку дена Струга е во центарот на светското поетско влијание. Годинава е јубилејно 55 издание, 55 години ние го правиме фестивалот на кој учествувале над 5.000 поети, кои своите поетски пораки ги испратиле од ова мало место, кое овие денови станува една планетарна точка во културата, поезијата, хуманоста, истакна Димоски. Задачата на Струшките вечери на поезијата, според Стефоски, е да придобива нова публика, не само во рамките на фестивалот, туку и во секојдневното живеење. - Она што ние се обидуваме да го направиме сега во 21 век е да направиме фестивалот да биде поатрактивен, да работиме за вистинска деметрополизација на културата во согласност со глобалните настојувања. Имамем една нова генерација читатели кои нависитна ќе може да уживаат во она што Струшките вечери како издавачка дејност го имаат и го пренесуваат како врвни дострели од светската книжевност во превод на македонски. Но истовремено и превод на македонската поезија на други јазици, рече Стефоски. Струшките вечери на поезијата, додаде тој, треба да ја имаат меѓународната улога како креатори на културните политики во областа на поезијата. - Тоа не е некоја претенциозна изјава бидејќи местото во светската книжевна јавност го има не само заради тоа што е најстар поетски фестивал, туку и дека е еден од најзначајните што извршиле влијание токму во времето кога била отежната комуникацијата меѓу Истокот и Западот, кога токму Струга била седиште за градење на тие мостови на луѓето, кога луѓето од зад железната завеса од истокот и западот единствено тука, во поетска Струга можеле да се сретнат и да го презнетираат своето творештво, нагласи Стефоски. Изминативе години, додаде, промовираме еден концепт содржините да бидат поатрактивни и да овозможат подетален увид во претставувањето на поетите кои сме ги поканиле. - Поетите имаат можност пообемно да го претстават своето творештво преку содржината „Поетско кафе“, а со тоа внесуваме и содржини кои с еатрактивни за публиката, истакна Стефоски, кој посочи дека се надргадени и проеките од минатата година како што е „Кругови“, во кој поетите читаат поезија на отворена сцена на истекот на реката Црн Дрим. Во однос на програмската содржина за застапеноста на македонската поезија која е значајна за фестивалот, од минатата година воведена е нова содржина кога потесниот избор од наградата „Браќа Миладиновци“ се претставува во пресрет на соопштувањето на наградата. Вечерта посветена на современата македонска поезија во рамките ан годинашниот 55 – годишен јубилеј ќе биде посветена на сите досегашни добиртници на наградата „Бараќа Миладиновци“. Од годинашните изданија на СВП беа промовирани двојазично издание на добитникот на „Златниот венец“ Маргарет Атвуд, превод од Фламански јазик на македонски на книгата „Оваа бела тапацирана соба“ на Руна Светликова, добитникот на наградата Мостови, минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ „Година без лето“ на Виолета Танчева Златева, „Кој е кој“, книга посветена на учесниците на фестивалот, ... Официјалното отворање на Фестивалот ќе биде вечерва со традиционалното читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook