„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
2„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство
Веб ТВВечерни Вести на Канал 5, 15.06.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавата Алесандра навива за БразилЛегендарната манекенка и модел, Алесандра Амброзио воодушеви во бикини во боја на знамето. Убавицата дефинитовно е „Горда на своето потекло“. Следбениците на Инстаграм ја „затрупаа“ со комплименти за нејзината совршена фигура. Алесандра Амброзио повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи позирајќи покрај базенот во жолто-зелен костим за капење, додека во раката држи бразилско знаме. Со коментар „Напред Бразил“, познатата манекенка повторно гордо го истакна своето потекло, што предизвика лавина од позитивни реакции. Следбениците на Инстаграм ја обсипаа со комплименти за нејзината совршена фигура, оставајќи бројни пораки за поддршка, емотикони во форма на срце и бразилски знамиња. Иако со години гради успешна меѓународна кариера, убавицата родена во Ерехим, која стекна светска слава како ангел на Викторија Сикрет и соработуваше со водечки модни куќи, докажа дека не ги заборава своите корени. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
БалканАвтобус се запали во близина на Бјеловар, ХрватскаСе запали пригратски автобус во Хрватска. Рано утрово во автобус во приградската населба во Бјеловар, избувнал пожар, потврди Полициската управа Бјеловар-Билогора. Во моментот на пожарот, во автобусот се наоѓал само возачот, кој успеал навреме да го напушти возилото, па затоа нема повредени, пишува МојПортал. Пожарот брзо се проширил на автобусот, но пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот. Поради интервенција и обезбедување на местото на настанот, државниот пат што поминува низ Рајиќ останува затворен за сообраќај, информираат хрватските медиуми. Полицијата и другите надлежни служби спроведуваат истрага на лице место за да утврдат како настанал пожарот. Сè уште не е познато што предизвикало пожарот во автобусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Македонија„Твоја држава, твоја шанса“: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилствоВистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка.Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата - тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат. Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни. Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка. Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот. Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани. СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство - систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна. Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време. Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки. Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува. За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување. Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје. Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите. „Твоја држава – твоја шанса“. Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан – форум на жени СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter