Вечери на Васил Иљоски во Крушево - Канал 5

Вечери на Васил Иљоски во Крушево

 Во Крушево се одржува манифестацијата „Вечери во чест на Васил Иљоски" за еден од основоположниците на повоената македонската драматургија и еден од основоположниците на македонската битова драма. 

Вечери на Васил Иљоски во Крушево

Манифестацијата одржува втора година по ред во организција на крушевската општина и на средното училиште „Наум Наумоски Борче".

Пред крушевчани синоќа беа прогласени најдобрите есеи за Васил Иљоски, беше промовирана книгата „Крушевчанецот Васил Иљоски" на професорот и литерат Никола Јованоски, беа изложени 60-ина фотографии од претстави на Иљоски, а ученици изведоа драмски текстови на познатиот крушевски драмски автор, есеист, литерат и член на првата комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик.

Според Јованоски, автор на брошурата „Крушевчанецот Васил Иљоски", книгата е придонес во трајниот спомен за Иљоски и донесува регистар на драмите на Иљоски играни во македонските театри од 1946 година како и бројот на публиката која ги проследила.

-Она што ја прави специфична книгата е регистерот на театарски претстави кои се играни според неговите драми во периодот од 1946 па се до 2015 година. Дури, за некои од нив, како што се од Битолскиот театар, имаме прикажување на бројот на претстави кои се играле на една драма од Иљоски и број на гледачи. Ако сето тоа се собере, се констатира дека над два милиона гледачи ги проследиле претставите на Васил Иљоски. Ова е еден скромен придонес за научната мисла за ликот и делото на Васил Иљоски. Изложени се и 60-ина фотографии од претстави на Иљоски, со документирање кога и во кој театар е играно делото на Иљоски. Може да се рече дека Крушево има среќа што го има Васил Иљоски. Ретки се луѓето кои целиот живот го посветиле на македонскиот збор, мисла, на македонскиот јазик, воопшто. Да не заборавиме, Иљоски е еден од првите членови на првата јазична комисија за осамостојување на македоснкиот јазик и негово кодифицирање. Ова е мал придонес на нешто што во иднина треба да прерасне во трајно, објаснува Јованоски.

Беа промовирани наградените за есеј за Васил Иљоски. Првонаградена за есеј на конкурсот„Улогата на Васил Иљоски во развојот на македонската драмска литература" е Марија Петроска, ученик во четврта година, второнаграден е есејот на Петрина Станкоска ученик од трета година, а третото место и припадна на Марија Стојаноска од прва година, сите во средното крушевско училиште „Наум Наумоски Борче".

Петроска која живее во родната куќа на Иљоски вели дека последните години осознала за големата улога на Иљоски во развојот на македонската драмска литература.

-Пред некоја година бев запозната дека во мојата куќа, всушност, живеел познатиот драматур Васил Иљоски. Кога ја видов плочата закачена на ѕдот покрај прозорците, прво не знаев кој е тој. Кога го обработувавме нек=говото драмско дело „Чорбаџи Теодос" многу дознав за Иљоски. Сега сум свесна дека тој многу придонесол за развојот на македонската драмска литература. Би рекла, живеам со неговиот дух во мојата куќа, вели крушевската средношколка Петроска.

На чествувањето за Иљоски присуствуваше Иванка Иванова, правнука од сестра на Васил Иљоски, која е родена и живее во Бугарија Трет пат е во Крушево, за, како пто вели, да си ги спознае корените за што пишува книга. Прадедото Васил го видела еднаш, а нејзината прабаба постојано го споменувала и исклучиво говорела македонски.

– Ова ми е трет пат што доаѓам. Сакам да ми простат сите што не знам добро македонски. Се што знам е од мојата прабаба, сестра на Васил Иљоски. Всушност мојата прабаба Донка е бегалка во Бугарија. Како Донка од драмата „Беглака". Таа зборуваше македонски па сѐ научив од неа. За прв пат дојдов пред 10 години и тогаш плачев, зашто сакав да видам каде ми се корените, од каде е мојата прабаба која цел живот говореше македонски. А прадедоми Васил само еднаш дојде во Бугарија кога бев мала. Сега пишувам книга и сакам моите деца да знаат од каде им се корените. Оти, дрво без корен, не го бидува. Ги сакам Македонија и Крушево и сакам сите луѓе да сме добри, да се разбираме, вели правнуката на Васил Иљоски, Иванка Иванова.

Снежана Миленковска, директор на крушевското средно училиште „Наум Наумоски Борче"нагласува дека ќе се воспостави аматерски театарски фестивал кој ќе го нсои името на големиот македонски драмски автор.

-Идејата е ова да прерасне во Фестивал на аматерски театарски игри во кои ќе бидат вклучени учениците од основните и од средните училишта од земјава, а потоа и од страство. Целта е да се слават делата на македонските драмски писатели, вели Миленковска.

Во рамки на „деновите за Васил Иљоски" в сабота вечер во домот на културата „ Наум Наумоски Борче" ќе биде одиграна претставата „Последната ноќ" на битолскиот народен театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.

Хајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“

Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие

Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.

Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен.

„Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа.

Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди.

Таа не сака инјекции за слабеење

Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија.

Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“.

Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Маж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.

Жена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случај

Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево.

Жена пренесена во Женева на лекување

Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Уделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.

Дури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во криза

Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени.

Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати.

„Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто.

Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“.

Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи.

Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“.

Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно.

Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили.

Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик

Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење.

Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно.

Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“.

Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина.

Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер