Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
1Во организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во Скопје
ЗдравјеВечерате подоцна? Еве како тоа влијае на здравје, една намирница прави голем ризикКако вечерањето во 22 часот станува сè поатрактивно за луге, да видиме што вели науката за јадењето доцна навечер.Вечерање околу 19 часот долго време беше дел од секојдневната рутина на секој просечниот човек, но нови извештаи покажуваат дека подоцнежните вечери стануваат сè попопуларни. Феноменот на доцните вечери во последно време стана доста популарен низ цела Европа, а забележано е дека ноќниот живот значително се проредил – забавите и ноќните излегувања не се повеќе толку актуелни како порано – денес, голем дел од луѓето решаваат клубот да го заменат со ресторан. Освен зголемените трошоци за работа, ударот по ноќниот живот дојде и поради кризата со трошоците за живот, што ги натера лугево да трошат помалку на излегување. Но, оние кои сè уште сакаат да излегуваат и да остануваат надвор до доцна, почнаа да се свртуваат кон рестораните за да го задоволат желниот ноќен излез. Рестораните одговорија со продолжено работно време и овозможување резервации по 22 часот. Како што првично објави британскиот GQ, оваа промена кон доцно вечерање ги следи навиките на Европејците. Во Шпанија, на пример, повеќето луѓе вечераат по 21 часот — а не е невообичаено да се јаде и во 23 часот. Фото: Amman, Baghdad, Dinner/ pixabay Но, што му се случува на телото кога почнувате да јадете подоцна навечер? Еве што вели науката за доцното јадење: Позитивните страни Некои студии сугерираат дека јадењето пред спиење може да биде корисно за луѓе со дијабетес, бидејќи може да помогне во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта додека спијат. Според Sleep Foundation, ако нивото на шеќер падне премногу ниско додека спијат, можат да доживеат кошмари, ноќно потење и да се разбудат раздразливи, збунети или уморни. Сепак, тоа не значи дека треба да се јаде тешка вечера. Научниците препорачуваат мали, нутритивно богати ужинки за одржување на рамнотежата на шеќерот. Доцното јадење може и да помогне за побрзо заспивање, особено ако се внесуваат намирници богати со триптофан или со хормоните серотонин и мелатонин. На пример, риба, јаткасти плодови и семиња се богати со мелатонин, а јајца, сирење и тофу со серотонин. Месото како мисирка, пилешко и говедско е богато со триптофан. Негативните страни Ако сте склони кон киселински рефлукс, јадењето помалку од два до три часа пред легнување е лоша идеја, вели диететичарката Џил Чодак од Универзитетот во Рочестер, пишува Јаху лајф. Киселинскиот рефлукс настанува кога желудочната киселина се искачува кон грлото и е полоша кога лежите. Исто така, некои луѓе пријавуваат кошмари по доцна вечера, иако нема конкретни студии за ова. Сепак, експерти од Харвард Медикал велат дека голем оброк, особено богат со јаглехидрати, може да предизвика ноќно потење поради топлината која телото ја создава при метаболизирање на храната. Тоа може да предизвика немирен сон, па дури и кошмари. Најлошото Неколку студии предупредуваат дека доцното јадење може да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина, а кај некои луѓе и ризикот од дебелина. Студија од 2022 објавена во списанието „Cell Metabolism“ покажала дека луѓето кои јадат подоцна согоруваат калории побавно и полесно создаваат масти. Професорот Френк Шир од Харвард вели: „Претходно истражување покажа дека доцното јадење е поврзано со зголемен ризик од дебелина, зголемени телесни масти и отежнато слабеење. Сега сакавме да разбереме зошто.“ Првата авторка, Нина Вујовиќ, додаде: „Јадењето четири часа подоцна има значително влијание врз гладот, согорувањето калории и складирањето масти.“ Јадењето храна богата со шеќер исто така го зголемува ризикот од дијабетес, а кај дијабетичари може да доведе до хипергликемија. Сепак, важно е да се разбере дека многу фактори придонесуваат за овие ризици — доцното јадење не е единствената причина. Нередовниот сон, прескокнување оброци и лош избор на храна се исто така клучни фактори за дијабетес, дебелина и кардиометаболни болести.Тагови: јадењето вечерањето здравје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаЛансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвика пореметување во атмосферата на Земјата, тврдат научниците Научниците од Националниот универзитет Ченг Кунг во Тајван тврдат дека лансирањето на ракетата „Артемис II“ предизвикало огромни нарушувања во атмосферата на Земјата што можеле да го нарушат GPS и другите комуникации.Тие велат дека мисијата „Артемис II“, која беше лансирана на 1 април 2026 година, за деветдневно патување околу Месечината, создала дупки во атмосферата на Земјата и предизвикала модулации на шок-акустични и гравитациски бранови, објави списанието „Скај ат Најт“. „Горењето што го покачува апогејот предизвикало шок бранови и невидено големи нарушувања што се прошириле на 50 степени географска должина низ Северна Америка“, рекоа авторите на студијата. Тие додадоа дека ова е прв пат една вселенска мисија да произведе три случаи на јоносферски нарушувања над истиот регион за време на последователни орбитални маневри. Фотографија: Танјуг/АП Фото/Крис О'Мира Иако утврдиле дека самиот настан на лансирање на „Артемис II“ не предизвикал широко распространети прекини на GPS, тие забележале промени во јоносферата што потенцијално би можеле да предизвикаат проблеми за време на идните лансирања на ракети. „Ваквите пречки би можеле да ги нарушат комуникациите на Земјата, на пример, со попречување на радио сигналите. Исто така, лансирањата на ракети би можеле да влијаат на други технологии на Земјата кои се потпираат на GPS за позиционирање, како што се автомобилите без возач и беспилотните летала“, се вели во студијата. „Артемис II“ патуваше подалеку од Месечината од која било претходна мисија, користејќи ја гравитационата сила на Месечината за да се катапултира околу неа и да го започне своето враќање кон Земјата. Ова беше првата мисија со екипаж на Месечината од програмата Аполо и беше клучна пресвртница во плановите на НАСА за воспоставување трајно човечко присуство на површината на Месечината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
КултураВо организација на грчката амбасада: Музички спој и традиција од целиот Медитеран пред полна сала во СкопјеФилхармонијата беше домаќин на музички спектакуларчен концерт насловен „Мозаико Медитерано“ на грчката лирска сопранистка Марија Костраки и ансамблот предводен од виолинистот Андонис Сусамоглу.Настанот во организација на Амбасадата на Грција понуди уникатен спој на медитерански музички традиции, со посебен фокус на творбите на познатиот композитор Манос Хаѕидакис. Пред полната голема сала и покрај големиот интерес, концертот помина во преубава атмосфера, воодушевувајќи ја публиката која уживаше во врвните изведби... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски се закани: Одговорот на Украина ќе создаде мотивација за мировните преговори Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија .Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека, како одговор на руските напади врз енергетските објекти, Украина ги продолжува операциите против руската нафтена индустрија и дека понатамошните одговори, односно целите за напади со долг дострел, веќе се утврдени. „Благодарен сум на секоја единица за нивната прецизност и на сите наши одбранбени и безбедносни сили на Украина за систематската природа на украинските напади со долг дострел. Операцијата против руската индустрија за рафинирање на нафта продолжува, како одговор на руските напади врз украинските енергетски објекти“, рече Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Зеленски додаде дека електраните, енергетските мрежи, снабдувањето со топлина, снабдувањето со вода и цивилната логистика на територијата на Украина се под постојани напади од руски беспилотни летала и ракети „Шахид“, и дека Русија не ја менува природата на своите агресивни активности и дека ги напуштила чекорите за деескалација за кои зборуваа партнерите и дека планира понатамошни напади. Тој рече дека искуството од хуманитарната операција во градот Олешки, кој е под руска контрола, во југоисточна Украина, каде што кон крајот на октомври беше воспоставено локално примирје за неколку дена за хуманитарни активности, покажува дека ако рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ја запре војната, може да дојде до смирување. „Украина не треба да биде убедена дека е потребен мир што е можно поскоро. Ние го сакаме тоа. Русија треба да одлучи дека времето за војна е завршено. Нашите напади со долг дострел, нашите напади со среден дострел, како и целиот притисок од партнерите врз Русија поради оваа војна, тоа е она што создава мотивација за вистински преговори“, нагласи Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook