Вечер во Битола завршува фестивалот „Илинденски денови"

 Со концертот „Од душата на традицијата" вечер во Битола завршува јубилејното 50-то издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови".

Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организтор на фестивалот најавуваат дека свеченото затворање ќе биде со спектакуларен концерт на кој ќе настапат Блгаојче Трајковски-кларинет и Елена Андоновска-вокал во придружба на групата „Фонтана" и Тимко Чичаковски-канон, Ратко Даутовски-перкусии и Игор Милевски-виолина.

Инаку синоќа на предпоследната фестивалска вечер концерт со наслов „Фолклорен мозаик" одржаа Басја Арифовска-кларинет, Душко Георгиевски-вокал и флејта, Ратко Димитровски-ударни инструменти, Благоја Алачки пред битолската публика свиреше на гитара и тамбура, Емил Адамски на кавал и акустичен бас.

-На фестивалот „Илинденски денови" сум настапувала како дете со различни фолклорни аматерски друштва, во една прилика и со Драган Даутовски, а со моите пријатели прв пат настапивме на фестивалската сцена во Битола и на публиката и понудивме македонски изворни, турски и ромски песни, и еден албански сплет. Концертот беше одличен, го посакувавме и отсвиривме со задоволство, истакна Арифовска по завршувањето на синоќешниот концерт што се одржа во пациото на битолскиот Музеј.

Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови" во Битола се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а под покровителство на македонското Собрание.

Со комбинација на лекови, кубанските лекари ги излекувале болните од корона

Голема група кубански научници и лекари објавија студија која сè уште е препринт (не ја поминала т.н. стручна рецензија) што укажува на многу ветувачки резултати во лекувањето на САРС-КоВ-2 .

Заразените со коронавирусот се лекувале со комбинација на интерферон алфа-2б и гама и интерферон алфа-2б.

Според сознанијата на кубанските научници, интерферон-терапијата „негативно“ делува на РНК во вирусите. Стапките на успех за брзо решавање на инфекцијата со вирусот САРС-КоВ-2 се навистина импресивни, но ова е релативно мала студија во која биле вклучени 79 пациенти на возраст од 19 до 82 години заразени со коронавирус. Во едната група, испитаниците добиле комбинација од 3,0 интерферон алфа-2б и 0,5 интерферон гама двапати неделно. Во втората, добиле инјекција од 3,0 интерферон алфа-2б три пати неделно. Покрај тоа, пациентите добиле стандардна кубанска терапија на лопинавир-ритоавир со хлорокин.

Во првата група, вирусот бил „негативен“ кај 78,6 проценти од пациентите за само 4 дена, а во втората кај 40,6 проценти од пациентите. RT-PCR-испитувањата се користеле за верификација и било откриено дека времето потребно за неутрализација на виралноста е помеѓу три до пет дена.

Влошување на респираторните симптоми е забележано кај 6,6% од пациентите во првата група и 3,3% од пациентитево втората група. Ниту еден пациент не развил тешка форма на болеста.

По 14 дена од третманот, тестовите со РТ-ПЦР покажале негативен резултат кај едната група кај 100 проценти од пациентите и во 91% во другата. Кубанците го припишуваат успешното елиминирање на виралноста на значителното зголемување на лимфоцитите, како и на значително намалување на CRP во рок од седум дена.

И во двете групи, сите пациенти закрепнале за 14 дена и нивните лабораториски наоди се вратиле во нормала.

Најчестите несакани ефекти со овој третман биле главоболки, а кај две групи се забележани кај околу 30% од случаите.

Запленет имотот и две телевизии на албански бизнисмен поради шверц со дрога

Албанските обвинители заплениле огромни средства што му припаѓале на бизнисмен и медиумски магнат, осомничен за изградба на неговата империја од трговија со дрога.

Специјалното јавно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, соопшти дека властите заплениле имот во кој биле вклучени неколку станови, земјиште, шуми, возила, вклучувајќи Ролс Ројс и две телевизиски станици РТВ Ора и Канал Еден, врз основа на основано сомнение, потврдени со докази дека Или Ндроки, познат и како Џамал Пасмациу, бил вмешан во криминални активности.

Ндроки е виден како одел во полициската станица, но не бил приведен, пренесе АП.

Ндроки претходно бил уапсен во Турција и Италија под сомнение за припадност на криминални организации вклучени во трговија со дрога, но бил ослободен и во двата случаи.

Адвокатите на Ндроки изјавија дека ќе поднесат жалба против запленувањето, а самиот Ндроки изјавува дека запленувањето се случило затоа што тој е во кавга со градоначалникот на Тирана.

Голем пораст на новозаразени со коронавирус во Британија

Денеска во Британија се регистрирани 938 нови случаи на коронавирус, втора највисока дневна бројка од јуни, соопшти британското Министерство за здравство.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во земјата сега изнесува 305.623, објави Ројтерс.

Последниот врв на епидемијата беше на 29 јули, кога беа регистрирани 995 лица заразени со корона, најголем број од 16 јуни.

притисни ентер