Вечер со македонските уметници Ѓорги Цинциевски и Марија Вршкова на „Охридско лето" - Канал 5

Вечер со македонските уметници Ѓорги Цинциевски и Марија Вршкова на „Охридско лето"

Триесеттиот фестивалски ден на „Охридско лето" резервиран за концертот на македонските уметници Ѓорги Цинциевски на контрабас и Марија Вршкова на пијано.

Вечер со македонските уметници Ѓорги Цинциевски и Марија Вршкова на „Охридско лето"

Роден во Скопје, Ѓорги Цинциевски ги завршува студиите на Кралскиот колеџ за музика во Манчестер. Таму дипломира и магистрира во класата на проф. Јиржи Худец и е назначен за негов асистент. Цинциевски е прв помлад асистент во класата за контрабас на овој факултет.

Соработува со некои од водечките музичари на денешницата како: Валери Гергиев, Бернард Хаитинк, Курт Мазур, Фабио Луизи, Сер Марк Елдер, Даглас Бојд и многу други, а свирел и во престижните оркестри: Филхармонијата на Би Би Си, оркестарот „Хале", Филхармонијата во Малме, Радио-симфонискиот оркестар во Виена, Лондонските „Моцарт плејерс", финската Лиепаја Филхармонија и многу други. Ангажманите како соло контрабасист и оркестарски музичар го носат на бројни престижни фестивали во Европа и Азија. Покрај неговата активност како солист и водач на секцијата контрабаси на филхармонијата во Малта, Ѓорги е активен и како педагог одржувајќи бројни мајсторски курсеви, работилници и соло концерти во Велика Британија, Кина, Германија, Франција, Тајланд, Латвија, Куба, Италија, Полска и Малта. Неговите интерпретации се високо оценети од музичката критика поради техничката виртуозност, но и поради исклучителната музичка експресија и страст со која тој му приоѓа на инструментот, а која резултира и со бројни аранжмани и транскрипции на дела за контрабас и камерни ансамбли. Неговите транскрипции на „Голдберг варијациите" од Ј.С. Бах за гудачко трио (виолина, виола и контрабас) се сметаат за први и единствени за оваа камерна формација во светот и се наградени за Најдобра транскрипција на престижното Европско биенале за контрабас одржано во Холандија во 2014 година. Оваа транскрипција, како и други дела на Цинциевски ексклузивно ги издаде издавачката куќа „Хофмајстер"- една од најпрестижните издавачи на дела од областа на класичната музика. Снимката токму на Баховите „Голдберг варијации" му носи извонредни критики кои меѓу останатото велат „неверојатно успешно дело кое ќе остави печат во светската музичка историја".

Ѓорги Цинциевски е основач и уметнички директор на фестивалот Меѓународни денови на контрабас кој се одржува во Валета, а од 2014 година е уметник-солист спонзориран од компанијата „Пирастро" која изработува жици за гудачки инструменти.

Марија Вршкова е родена во Битола, таму го завршува основното и средното музичко образование. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност – Скопје со највисоката оцена cum laude во класата на проф.Т.Светиев и на истиот факултет ги завршува и магистерските студии по пијано. Во текот на образованието добитник е на повеќе награди во рамките на поранешна Југославија, а најзначајна е третата награда на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Рим – Италија. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика, а неколку пати е единствен претставник на земјава во Светскиот младински оркестар каде соработува со врвни диригенти и солисти. Покрај неколкуте снимени ЦД-а со истакнатите македонски уметници: Ана и Олег Кондратенко, Блерим Груби, Страшо Темков, во 2010, таа го снима и своето прво солистичко ЦД со македонска музика за пијано. Како солист и камерен музичар настапува во: Турција, Хрватска, Холандија, Германија, Полска, Велика Британија, Украина, Италија, Бугарија, Русија, Америка, Србија, Австрија, Грција... Вршкова е дел од уметниците кои редовно настапуваат на реномираните македонски фестивали: Охридско лето, ДММ, Златна лира, Есенски музички свечености. Како врв на нејзината уметничка дејност е наградата за специјално уметничко достигнување, добиена од страна на интернационалното жири на интернационалниот натпревар „Охридски бисери" во 2009 година, како и трите награди „Виртуози" една за најдобар музички изведувач во 2013 година и две награди во категоријата најдобар камерен состав во 2015 и 2016 година. Марија Вршкова сега е доцент на ФМУ – Скопје.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија" со почеток од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Лишена од слобода жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

Жена управувала возило со брзина од 142 км/ч на место каде максимално дозволената брзина е 50 км/ч

На 19.10.2026 во 14:30 часот на регионален пат во близина на село Рајца, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ја лишија од слобода 24-годишната Е.Н. од с.Подмочани, ресенско. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека таа управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 142 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 297- а - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поздравува активностите на ОКТА за ублажување на ценовните притисоци и поддршка на стабилноста на домашниот пазар на горива.

Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

Од 20 октомври до 2 ноември, ОКТА ја продолжува иницијативата за попуст од 2 денари по литар дизел-гориво, со што се обезбедува дополнителна поддршка во услови на нестабилност на светските енергетски пазари.

Ваквите иницијативи се значајни за домашната економија, стопанството и граѓаните, особено во период кога стабилноста на цените на енергенсите има директно влијание врз трошоците на компаниите и животниот стандард.

Според најавите, вкупната поддршка на ОКТА за домашниот пазар од март годинава се очекува да достигне околу 8 милиони евра.

Министерството останува посветено на обезбедување сигурно снабдување со енергенси, стабилен пазар на горива и координација со релевантните чинители, со цел ублажување на ценовните притисоци и заштита на стандардот на граѓаните.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.

Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија.

„Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот.

Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт.

Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата.

„Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб.

Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица.

Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата.

Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер