Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
2Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели
КултураВечер со Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ на „Охридско лето"Музичката програма на „Охридско лето" за вечерва нуди уживање во концерт на две пијана во изведба на уметниците Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ.Хајди Елзесер настапува како солист и камерен музичар во концертни сали ширум светот, меѓу кои во салата „Гаво" во Париз, „Тонхале" во Дизелдорф, „Еткер Хале" во Билефелд, познатата концертна сала на „Резиденсиа де Естудиантес" во Мадрид и др. Редовно настапува на бројни фестивали низ цела Европа како и во С. Македонија, Кина и САД. Нејзиниот репертоар е исклучително еклектичен и многустран – од раниот барок, па сѐ до современите дела на 21от век, вклучувајки и бројни светски премиерни изведби на композитори со кои редовно соработува, како што се: Б. Шуман, В. Глобокар, Ј. Андреевска, М. Апелбаум, А. Пејовски, М. Трандафиловски, Х.Ј. Винклер, М.К.Редел, К. Делиниколов, Г. Сантандер, П. Шахов, В. Николов, К. Џерет и други. Основач е на квартетот за две пијана и два перкусионисти „ Artwork Ensemble" кој ја негува современата музика, а таа е член на повеќе ансамбли за современа музика како што се „Ensemble Horizonte", „Earquaqe Ensemble" и други. Покрај нејзината активна концертна дејност како солист и камерен музичар, Елзесер настапува со оркестарот на Ландестеатер Детмолд, како и со сите македонски оркестри под водство на: Саша Николовски-Ѓумар, Тадеуш Козловски, Ангел Шурев, Александар Лековски, Фимчо Муратовски, Томас Херцог, Карлхајнц Блемеке и други. Има издадено свој соло компакт диск со дела на Брамс и Шуберт, а учествува и во повеќе продукции на компакт дискови со камерна музика во Германија. Од 2011 година Хајди Елзесер и нејзиниот ансамбл за современа музика се почесни членови на Фондацијата „Томислав Зографски". Родена е во Скопје. Дипломира на ФМУ во класата на Стела Слејанска, а студиите ги продолжува на Екол Нормал де Музик во Париз каде се здобива со повеќе дипломи, како и на Европскиот Конзерваториум исто така во Париз, Франција. Во овој период нејзин најзначаен професор е Теодор Параскивеско. Круна на нејзините студии се „Концертегзамен" студиите на факултетот за музика во Детмолд, Германија кои ги завршува со голем успех во класата на проф. Жан-Ефлам Бавузе. Предава на Факултетот за музика во Детмолд, држи национални и интернационални мастер класи, а нејзините ученици и студенти се добитници на награди на повеќе натпревари во Германија. Српскиот пијанист Ненад Лечиќ уште од мали години го изразува својот голем и невообичаен талент за музика. Уште од мал е добитник на бројни национални и интернационални награди. Од 11-годишна возраст редовно држи рецитали и настапува како солист со оркестри. Во 1991 година ја добива специјалната награда „Млад Европски топ талент" од страна на познатата италијанска ТВ РАИ. На 13-годишна возраст се запишува на Факултетот за музичка уметност во Белград, во класата на Игор Ласло, за набрзо потоа ги продолжува студиите во класата на Арбо Валдма на Факултетот за музика и театар во Келн, каде што на многу рана возраст дипломира и завршува низа од постдипломски студии со највисок успех. Настапува како солист и камерен музичар во Келнската Филхармонија, Штефанизаал во Грац, Музикгебау – Амстердам, како и на многу видни фестивали како што се: Клавирскиот фестивал во Рур, фестивалите во Алдебург и „Кингс Плејс" во Лондон на други ширум Европа, но и на далечниот Исток во Кореја и Јапонија. Критиката го оценува како музичар со „беспрекорна изведба на инспирирано и врвно музицирање". Како солист со оркестар настапува со Бамбершките Симфоничари, Европскиот Камерен Оркестар, Оркестарот „Филхармонија" во Лондон и Белградската филхармонија под диригентските палки на: Џонатан Нот, Денис Расел Дејвис и Младен Јагушт. Како камерен музичар тој настапува заедно со: Пјер-Лоран Еимар, Кристоф Рихтер, Ксенија Јанковиќ, Ралф Мано, Гвидо Шифен, Тамара Стефановиќ, Хајди Елзесер и Катарина Десерно. Од 2004 година, предава на Факултетот за музика во Келн, а од 2007 е член на „Artwork Ensemble". Има снимено четири компакт-дискови со соло и камерен репертоар. Концертот на Елесер и Лечиќ е од 21 ласот во катедралната црква „Света Софија"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустанОд скромна спортска новинарка до 5 милиони следбеници. Сите фудбалски ѕвезди подлегнуваат на нејзиниот шарм.Марија Луиза Јакобели повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а најновите фотографии од Милано ја оставија машката публика без здив. Италијанската спортска новинарка се појави во елегантен син фустан од сатен, а нејзиниот изглед набрзо стана тема на бројни коментари на Инстаграм. Јакобели е едно од попознатите лица на италијанското спортско новинарство, но нејзината популарност одамна ги надмина границите на телевизијата. На Инстаграм ја следат речиси 5 милиони луѓе, па секоја нејзина објава привлекува огромно внимание. Таа влезе во светот на телевизијата во 2017 година; работеше за „Rai Sport“, беше дел од „DAZN“, а на крајот стигна до „Sport Mediaset“, каде што стана едно од препознатливите лица на фудбалската програма. Јакобели е ќерка на познатиот италијански спортски новинар Хавиер Јакобели, па така таа израснала со фудбалот и новинарството. Во последниве години, нејзиното име често се појавува во рубриките за познати личности, особено откако италијанските медиуми ја поврзаа со фудбалски ѕвезди. Меѓу најпознатите приказни беше поврзувањето со Килијан Мбапе, иако таа врска никогаш не беше официјално потврдена. Таа привлече уште поголемо внимание во 2024 година, кога нејзиното име се најде во центарот на медиумските написи за наводна романса со Франческо Тоти, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за оваа италијанска новинарка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски. Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан. Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски. Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути. Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото. Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради. Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСДСМ: Се јавија предавниците од ЗНАМ - продавачи на плац за „Лидл“ и заштитници на ГруевскиСе јавија предавниците од ЗНАМ. Прво на партијата, потоа на гласачите.ЗНАМ од Прилеп прашува против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври. Квислинзи, дел од тендерската коалиција, тие што грабаат од Пошта, зборуваат за антифашизам. Тие. Со бугарски пасоши. Со Максо што има фирма во Бугарија. МБС Глобал, Бургас, 7 август 2015. И потоа прашуваат за Бугари? Ова не е историја. Ова е далечинско. Стиснато копче од арамијата и се јавува сателитот. Прва верзија ЗНАМ. Истата што заедно со Спутник Левица и со Платформата за 1,6 милиони евра бара реформи во СДСМ. Тие што ја предадоа партијата, па гласачите, па седнаа на маса со анти-ЕУ, анти-НАТО и против Америка. Максо го продаде плацот за Лидл. Преку кум. 250 илјади, па 600 илјади. 350 илјади чист профит преку ноќ. Потоа ДУП кај градоначалникот. Тоа е идентитетот што го чува. Максо ја полни депонијата. Жителите на Пчиња ја блокираат Краста поради пожари и чад. Шест месеци ништо. Сега ѓубрето од Куманово оди на скопска Дрисла. Деца во училиште му пеат предизборна песна. Во Кочо Рацин, каде работи сопругата. На хуманитарен настан. Тоа е патриотизам на ЗНАМ. И сега нашле тема. Пушка. Бугари. Затоа арамијата го праќа Тимчо - чиракот на разговор што сам го нарече коњопој. Нема одговор за изолацијата. Нема реформи. Нема Лаура Ковеши. Има сателит што треба да дефокусира. Кога Македонија ќе продолжи кон ЕУ, кога народот ќе ја врати власта во свои раце, сите ќе се најдат пред независно судство и европско обвинителство. Таму нека расправаат. Со Мицкоски. Не со СДСМ. СДСМ не е нивното далечинско. Скопје, 11.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter