Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
3Претреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит лов
КултураВечер на виолончелото на „Охридско лето“ со маестро Даниел Милер-ШотМузичката програма на „Охридско лето“ за вечерва го нуди целовечерниот концерт на Даниел Милер-Шот, е еден од најбараните виолончелисти на денешницата.Милер-Шот и е присутен на сите големи концертни подиуми. Веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност. Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и концерти со Камерниот оркестар на Концертгебау, Филхармонијата во Хелсинки, Оркестарот на шпанската РТВ и др., како и серија камерни концерти со пијанистот Давид Фре. Оваа година, Милер-Шот има уметничка резиденција на Фестивалот на Камерниот оркестар во Цирих, а на Фестивалот Мекленбург – Форпомерн одбележува 30 години од првиот настап. Даниел Милер-Шот гостува како солист со сите значајни оркестри во САД, како филхармониските и симфониските оркестри во Њујорк, Бостон, Кливленд, Чикаго, Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес, со бројни оркестри во Европа меѓу кои Берлинската филхармонија, „Гевандхаус“ во Лајпциг, повеќето германски оркестри, водечките оркестри во Лондон, симфониските оркестри во Мелбурн и Сиднеј во Австралија, како и азиските оркестри во Токио, Тајван, Сингапур и Сеул. Редовно соработува со истакнати диригенти како: Марк Албрехт, Карина Канелакис, Томас Даусгард, Кристоф Ешенбах, Иван Фишер, Алан Гилберт, Манфред Хонек, Нееме Јерви, Фабио Луизи, Кристијан Мачелару, Сузана Малки, Јун Меркл, Андрис Нелсонс, Џанандреа Нозеда, Андрес Орзоко-Естрада, Кирил Петренко, Васили Петренко, Јука Пека Сарасте, Далиа Стасевска, Кшиштов Урбански, Јаап ван Звејден и многу други. Репертоарот на Милер-Шот вклучува бројни дела од барокот, па сè до новосоздадени современи дела. Особено е посветен на проширувањето на репертоарот за виолончело преку сопствени аранжмани и преку соработки со современи композитори. Честопати сам ги претставува концертите и ги пишува текстовите за неговите бројни ЦД-а. На неговиот фестивал во Вевеј креира програма која ги вклучува делата на Бах придружувани со танцова кореографија во обид на визуелен начин да ја „преведе“ музиката. Неговите соработници за камерна музика ги вклучуваат: Кит Амстронг, Рено Капусон, Вероника Еберле, Џулија Фишер, Џанин Јенсен, Сабине Мејер, Нилс Монкемејер, Ан-Софи Мутер, Франческо Пјемонтеси, Емануел Тјекнавориан, Симон Трпчески, како и квартетите „Модиљани“ и „Ебене“. За време на неговата кариера Даниел Милер-Шот има издадено импресивен број дискографски изданија кои се повеќекратно наградувани. Даниел Милер-Шот студирал под менторство на Валтер Нотас, Хајнрих Шиф и Стивен Исерлис. Неговата кариерa била поддржана од Ан-Софи Мутер, а добитник е на бројни стипендии и награди меѓу кои и наградата „Аида Стуки“, како и едногодишно приватно школување кај легендарниот Мстислав Ростропович. На само петнаесетгодишна возраст, тој е добитник на прва награда на Меѓународниот натпревар за млади музичари „П. И. Чајковски“ во Москва во 1992 година. Даниел Милер-Шот свири на виолнчелото „Екс Шапиро“ изработено од Матео Гофрилер во 1727 година. На програмата на вечерашниот концерт што ќе се одржи во Катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот се избрани дела на Јохан Себастијан – Бах. Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕпидемија на ебола во Африка: Над 11.000 заразени, илјадници мртвиДемократска Република Конго регистрираше повеќе од 11.000 случаи на ебола во текот на изминатите шест месеци, при што речиси половина од заразените починале, објави денеска германската новинска агенција ДПА.Реалниот број на смртни случаи би можел да биде и поголем. Експертите предупредуваат дека вирусот можеби се ширел незабележано уште од февруари – неколку месеци пред епидемијата официјално да биде прогласена на 15 мај. Еболата е тешка заразна болест предизвикана од група вируси. Таа може брзо да доведе до губење течности, воспалителни реакции, нарушувања во згрутчувањето на крвта и, на крајот, до откажување на органите. Колку подоцна ќе започне третманот на симптомите, толку е поголем ризикот од смртен исход. За овој сој не постои одобрена вакцина или третман Раните симптоми на еболата можат да наликуваат на оние кај други болести, како што е маларијата, што во одредени случаи доведува до доцнење во изолирањето и лекувањето на пациентите. Сузбивањето на тековната епидемија е особено предизвикувачко бидејќи не постои одобрена вакцина или специфичен третман за сојот на вирусот познат како „Бундибугио“. Досега, еболата се прошири во осум покраини во ДР Конго, а ги премина и границите на земјата. Случаи се пријавени во Кенија, Нигерија и Уганда. Според здравствените власти, децата се најтешко погодени. Тие сочинуваат значителен дел од потврдените случаи, а истовремено се соочуваат и со поголем ризик од смртен исход. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с.Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с.Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило. Станува збор за Ј.Б.(23) од с.Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје. Додека, пак, А.Ц. (55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретреси во демиркаписко, пронајдено ловечко оружје и месо од дивеч, лишени две лица поради сомнение за незаконит ловНа 12.11.2026 во 19:10 часот полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода М.М.(66) и Т.М.(76), двајцата од село Бистренци, демиркаписко. Претходно, од ловечко друштво „Вардар“ Неготино било пријавено дека на 10.11.2026 на простор на ловиште Корешница во село Бистренци биле забележани две лица кои поставиле недозволени предмети за лов на диви животни и ловеле во време на забранет лов, по што полициски службеници презеле мерки и активности за нивно пронаоѓање. По издадена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршени биле претреси во домовите на М.М. и Т.М., при што во домот на М.М. биле пронајдени и одземени предмети за лов на диви животни, ловечки патрони, ловечка пушка и месо од различни видови диви животни, а во домот на Т.М. биле пронајдени и одземени пушка, предмети за лов на диви животни и дозвола за оружје со измината важност. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: ловечко оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20