Вечер на современата македонска книжевност во Ниш - Канал 5

Вечер на современата македонска книжевност во Ниш

Се зацврстуваат релациите меѓу македонските и српските филолози за афирмација и развој на македонистиката. 

Вечер на современата македонска книжевност во Ниш

Се продлабочува соработката меѓу книжевните истражувачи од академската заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, особено од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и колегите од Универзитетот во Ниш, каде на Филозофскиот факултет се изучуваат македонскиот јазик и книжевност.

Како што информира Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, во пресрет на одбележувањето на 79-годишнината од усвојувањето на македонскиот правопис, во Народната библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш ќе се одржи вечер посветена на современата македонска книжевност, со клучни нови изданија во Србија што ги афирмираат македонските книжевни вредности.

Настанот ќе биде посветен на две капитални дела објавени оваа година, а кои се однесуваат на современата македонска проза и поезија – и двете резултат од работата на д-р Данијела Костадиновиќ, која е професор по македонистика на нишкиот Филозофски факултет и истакнат афирматор на македонистиката. Првото дело е монографијата „Каде што дрвјата умираат: магичниот реализам на Живко Чинго“, авторско научно дело на Костадиновиќ, а второто дело е последната, аманетна книга на Ацо Шопов, „Дрво на ридот“, првпат објавена интегрално во одделно издание во препев, на друг јазик.

За монографијата посветена на магичниот реализам на Чинго, критички ќе се осврнат рецензентите: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и проф. д-р Данијела Поповиќ-Николиќ од Филозофскиот факултет во Ниш. Препевот на Костадиновиќ на поетската книга на Шопов ќе го промовира Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кој беше и рецензент при објавување на изданието.

Учесниците, како што е најавено, ќе се осврнат и за влогот на Данијела Костадиновиќ за афирмација на македонистиката во Србија, следејќи ги чекорите на својот претходник, проф. д-р Мирољуб Стојановиќ, а модератор ќе биде Емилија Радмиловиќ.

Покрај книжевната вечер, во Ниш ќе се разговара и за содејствувања за натамошно развивање на соработката меѓу книжевните истражувачи и преведувачите посветеници на македонскиот збор.

Монографијата за Чинго е во издание на издавачката куќа „Domus editorial Ars Libri“ од Белград, додека со препевот на поетската книга на Шопов, Друштвото на писатели и книжевни преведувачи на Ниш отвора нова едиција во којашто првата книга е од современата македонска книжевност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, разговараше со полскиот министер за разузнавање, Томаш Симонијак, додека расте загриженоста за заканата што Русија ја претставува за НАТО.

Итен состанок на директорот на ЦИА со шефот на разузнувачката служба на Полска: Заканата е сѐ поголема

Симонијак рече дека имал „многу важен состанок“ со Ратклиф, по што ги споделил „најважните информации во врска со безбедноста на Полска“ со премиерот Доналд Туск, без да даде детали, објави „Индипендент“.

„Полско-американскиот сојуз е силен и непоколеблив“, додаде тој во објава на платформата X. „Тесната соработка на нашите разузнавачки служби е еден од неговите темели“.

Средбата доаѓа во време кога САД ги обновуваат дипломатските напори за завршување на војната во Украина, која ја вовлече Полска директно во конфликтот поради зголемената фреквенција на руски беспилотни летала и борбени авиони во воздушниот простор на источна Европа во последните две години.

Како дел од напорите за постигнување мировен договор, Доналд Трамп одржа едночасовен телефонски разговор со Владимир Путин, за време на кој ја повтори својата желба за „брз крај на војната во Украина“, соопшти Кремљ. Во меѓувреме, украинскиот министер за одбрана изјави дека Украина е на добар пат да набави околу 1.000 противвоздушни ракети „Патриот“ од американско производство со помош на сојузниците и заем од Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

Каде се институциите, прашуваат на социјалнит емрежи, откако беше објавено видеото на маж како фрла ѓубре во реката Радика. 

Маж фрла ѓубре во реката Радика (ВИДЕО)

На видеото се гледа маж, кој излегува од бело комбе и полека си фрла ѓубре во реката Радика, без никаков страв или грижа на совест.

Радика, инаку се смета за една од нашите најчисти реки и е заштитена со закон. Закон, што не важи за поеднинци, кои ја сметаат за обично буниште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

Кими Антонели однесе голема победа на Големата награда на Италија во Монца. 

Антонели на оригинален начин ја прослави првата победа во Ф1 во Монца (ВИДЕО)

20-годишниот Италијанец стигна до победата откако стартуваше на 19-то место, а подоцна го прослави својот успех пред домашната публика на многу италијански начин - јадејќи тестенини од победничкиот трофеј.

Од 19-то место до победа

Антонели ја започна трката на 19-то место по казната за промена на делови од погонската единица. Веќе во првите кругови почна да се пробива низ пласманот, а по раниот прекин на трката поради несреќата на Шарл Леклер, продолжи да напредува.

Клучен момент се случи на средината од трката за време на виртуелното безбедносно возило. Антонели отиде во боксот по нови средно тврди гуми, додека неговиот колега Џорџ Расел остана на патеката со постари гуми. Антонели го стигна и го престигна четири круга до крајот и ја однесе победата. Расел заврши втор, а Макс Верстапен трет.

@kimi.antonelli Not sure there’s a better place to enjoy some ragù 🍝 #f1 #formula1 #kimiantonelli #monzagp ♬ original sound - Andrea Kimi Antonelli

Така Антонели стана првиот Италијанец по Лудовико Скарфиоти во 1966 година кој ја освоил домашната трка во Монца.

„Како сон од кој не сакам да се разбудам“

Денот по трката, Антонели објави фотографии од прославата на Инстаграм и опиша колку му значеше победата пред домашната публика. „Тешко е да се опише вчера, се чувствувам како да сонувам со отворени очи. Она што го доживеав е нешто што никогаш нема да го заборавам. Подиумот во Монца е тешко да се опише со зборови, исто како топлината на сите фанови и тоа бескрајно море од луѓе“, напиша тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер