ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
КултураВечер на руска класична музика во БитолаСпоред програмата, во битолскиот Музеј ќе настапат пијано дуо Билјана Димовска и Татјана Божиновска и пијано дуо Маја Божиновска и Горјана Стојановска.Здружението на уметници и педагози Арс Ад Астра, во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола вечер организираат концерт со руска класична музика. Според програмата, во битолскиот Музеј ќе настапат пијано дуо Билјана Димовска и Татјана Божиновска и пијано дуо Маја Божиновска и Горјана Стојановска. -Акцентот на вечерашниот настан е руската класична музика, која има плејада композитори што твореле неповторлива музика низ вековите, а наша должност како уметници е да ја пренесуваме и да ја шириме љубовта кон музиката. Вечер очекуваме посебен интерес и посета од младите луѓе кои се повеќе сакаат и уживаат во класичната музика, посочија организаторите на вечерашниот културен настан во Битола. Концертот „Вечер на руска музика" е поддржан од Општина Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Изолацијата не е достоинство – европската иднина се гради со резултати, а не со лагиВМРО-ОКГ повторно се обидува да ја претстави својата изолација како „достоинство“.Но достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен. Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа. Две години подоцна, резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација. Ова не е подобра позиција. Ова претставува национален пораз за сите граѓани на Македонија. Ветуваше дека Реформската агенда ќе биде исполнета до 1 јуни. Денес повеќе не го споменува тој рок. Европската иднина што ја ветуваше се претвори во изолација и чекање „покана од Европа“. СДСМ не загрози никакви национални интереси. Тоа го потврдија самиот Мицкоски, претседателката Сиљановска и Тимчо Муцунски. Националниот интерес е заштитен. Затоа нивниот наратив за „отстапки“ е чиста пропаганда за внатрешна употреба. Ова што сега го прават Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, претставува загрозување на националниот идентитет преку изолација на земјата, како и загрозување на иднината на граѓаните и на идните генерации во Македонија. Особено е цинично кога за патриотизам и национален идентитет зборува влада во која министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе и за своите семејства, а на граѓаните им продаваат лажно достоинство и лажен патриотизам. Мицкоски дојде на власт со лаги и со лаги владее. Сега, кога нема пари за криминалните тендери, прави реконструкција на Владата само за да ја замаи јавноста и да купи време. Мицкоски преку создавање политички кризи, измените на Изборниот законик и неисполнувањето на Реформската агенда се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи повеќе не може да го крие фактот дека нема резултати во ниту една област, дека буџетот е празен, а економијата е во катастрофална состојба. Во таа игра му помагаат и партнерите од тендер-коалиција и сателитските партии. СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби за изборите што ги бара поради паника од падот на рејтингот и празниот буџет. Народот веќе знае. Лагите и пропагандата повеќе не поминуваат. Народот победува! Европска Македонија ќе победи! Скопје, 13.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛуѓето на Трамп за смртта на Греам: „Беше отруен од Иран или Русија“ Американскиот сенатор Линдзи Греам почина во саботата по „кратка и ненадејна болест“, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.Два дена пред оваа вест, републиканскиот сенатор беше виден во Киев, Украина, каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски и повика на крај на војната со Русија. Посетата на Греам на Украина пред неговата смрт поттикна бран шпекулации на интернет, при што неколку истакнати личности од движењето „MAGA“ тврдат дека американскиот сенатор можеби бил отруен од Русија. Теориите беа дополнително поттикнати откако Греам повика на поголеми санкции против Русија и вети поголема поддршка од САД за Украина во услови на тековната војна. Од друга страна, многумина се сомневаа дека Иран е вмешан во смртта на Греам. Поранешната продуцентка на „Фокс њуз“, Кајли Џејн Крамер, ги истакна заканите кон американски сенатор од ИРГК. „ИРГК се закани дека ќе ја убие сенаторката Линдзи Греам пред само пет дена. Потребна е целосна истрага за неговата смрт“, напиша таа на X. Можната иранска врска ја спомена и Лаура Лумер, која беше меѓу првите од кампот на MAGA што изрази загриженост поради смртта на Греам. „Пред 5 дена, сенаторот Линдзи Греам објави дека ИРГК се заканила дека ќе го убие. Тие се заканија дека ќе ме убијат мене, како и претседателот Трамп, а на погребот на Хамеини, оперативците на ИРГК држеа исти постери со нашите ликови, на кои повикуваа да ни паднат главите“, напиша Лумер на X, додавајќи дека неговата смрт не изгледа како случајност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook