Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“ - Канал 5

Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“

Во рамки на музичкиот дел од програмата на годинешното 65 издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на професионалниот хор „Св. Серафим Саров“ од Србија.

Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“

Хорот „Св. Серафим Саров“ е формиран во 1995 година во Зрењанин, на инцијатива на Душан Сланкаменац. Со помош на првата диригентка на хорот, Камелија Ќириќ, тогашниот ансамбл кој брои околу 20 хористи започнува со работа. Потоа, од него се издвојуваат машките гласови кои го основаат ансамблот „Машки октет Св. Серафим Саров“ кој пак следната година добива благослов од тогашниот епископ Хризостом и започнува со дејствување во црковната сфера, со седиште во храмот на „Св. Меланија Римјанка“ во Зрењанин каде до денес активно учествува во богослужбите.

Активната работа на ансамблот под раководство на тогашниот диригент проф. Владимир Првуловиќ го гради и проширува репертоарот на хорот, па се јавува и потребата црковниот амбиент понекогаш да се замени со концертен простор. Така, најпрво започнуваат со концертни одбележувања на денот на раѓање и канонизација на Серафим Саров (15 јануари и 1 август), кога пред публиката овој хор се претставува со внимателно избрана световна и духовна програма. Нивните активности продолжуваат да се зголемуваат, па така хорот започнува редовно да настапува низ цела Банатска, а и во околните епархии, на богослужби, но и на настапи на концерти не само во Зрењанин туку и во другите градови во Србија.

На натпреварот „Глас на Белград“ хорот е повеќекратно наградуван. Меѓународните настапи ги водат членовите на „Св. Серафим Саров“ во храмовите на Српската православна црква во Штутгарт, Лондон, Дерби, Копенхаген, Малме, Хелсингборг, Будимпешта, Виена, Клагенфурт, Инсбрук, Цирих, Салцбург, Грац, Темишвар, Дубровник, Требиње, Берлин, Сиднеј, Мелбурн и Москва – секогаш оставајќи силен впечаток на широката публика.

Денес хорот „Св. Серафим Саров“ го сочинуваат седум професионални хорски пејачи со повеќедецениско искуство, со волја и идеја наследена од првите основачи на хорот, кои на радост на публиката продолжуваат да ѝ ја даруваат убавината на хорската песна од разни жанрови и стилови – од духовни дела, преку староградски песни и популарна музика создадена за најубавиот инструмент – човечкиот глас.

За концертот е резевирана прекрасната акустика на црквата „Света Софија“ од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците

ДУИ уште еднаш ја активираше својата фабрика за лаги. Кога нема факти, измислува бројки. 

ВЛЕН: Заменик-министрите на ДУИ молчеа кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес ДУИ држи лекции за Албанците

Кога нема аргументи, создава паника. Кога ќе биде фатена во манипулација, се обидува да ја прикрие со врева.

Чиста лага е обидот на ДУИ да го измеша конкурсот за вработување во полицијата со конкурсот за ученици во средното полициско училиште. Станува збор за две целосно различни постапки, а нивното намерно мешање е доказ за политичкиот очај на една партија која се обидува да создаде лажна перцепција во јавноста.

Најголемата иронија е што денес ДУИ се претставува како заштитник на Албанците. Но, каде беа заменик-министрите на ДУИ кога стоеја покрај министрите кои ги нарекуваа Албанците „терористи“? Каде беа кога еден министер изјавуваше дека не му дава право на еден Албанец да зборува само затоа што го осудил?

Тогаш молчеа. Денес држат лекции.

На Албанците не им требаат лекции од оние кои молчеа кога требаше да зборуваат, а денес се гласни само за да ги прикријат сопствените неуспеси.

ДУИ нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да зборува за застапеноста на Албанците. По 22 години власт, не може да се крие зад пропаганда и клевети.

ВЛЕН нема да дозволи лагите на ДУИ да ги заменат фактите. Времето кога Албанците се манипулираа со фабрикувани сценарија заврши, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка.

Црвена Ѕвезда под истрага на УЕФА поради скандирањето за Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Европската фудбалска федерација (УЕФА) покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград поради транспаренти што ги истакнаа нејзините навивачи на стадионот Викторија Плзен во Чешка, во спомен на смртта на хашкиот осуденик Ратко Младиќ, објавија белградските медиуми во саботата, повикувајќи се на The Athletic.

Младиќ, осуден на доживотен затвор за воени злосторства и геноцид во Сребреница, почина во четврток во притвор на Хашкиот трибунал на 84-годишна возраст, а навивачите на Црвена Ѕвезда „Делије“ го скандираа името на Младиќ заедно со пораките од транспарентите „Генерале, вечна слава и благодарност“ за време на натпреварот со чешката Викторија во Плзен (1:5).

Казната може да биде строга

Според The ​​Athletic, УЕФА покрена дисциплинска постапка против Црвена Ѕвезда Белград за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“, „пренесување порака несоодветна за спортски настан“ и за несоодветно тимско однесување.

Сегашните правила на УЕФА предвидуваат доста строги казни, а во случајот со Црвена Ѕвезда, санкциите би можеле да бидат уште построги бидејќи клубот е обвинет за „расистичко и/или дискриминаторско однесување“ поради своите навивачи.

Со оглед на тоа што клубот потоа објави фотографии од транспарентите на своите социјални мрежи, УЕФА би можела да го смета ова како отежнувачка околност, според белградскиот портал „Спортињо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд.

Владата со реакција на ставот на Далибор Китановиќ за Ратко Младиќ

Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и неприфатлив за Владата. Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата.

Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува, се наведува во реакцијата на Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер