Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор
2Герасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одмор
3ВМРО-ДПМНЕ: Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација
ФормулаВебер ја напушта Формула 1Возачот на „Ред Бул“ Марк Вебер на крајот од сезоната ја напушта Формула 1. Тој одлучил да се вклучи во проектот на „Порше“ за освојување на трката „24 часа Ле Ман“ како и други елитни трки со спортски болиди. МИА јави дека 36-годишниот Вебер кој во досегашната кариера има победувано девет пати на Гран При трките ја отфрли можноста, во „Ред Бул“ или во некоја друга екипа, уште една година да остане во Ф1. Негова најдобра сезона беше во 2010 година кога во финишот ја изгуби трката со Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо за првото место во генералниот пласман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДалиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“ Хрватската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Португалија (1:2) во осминафиналето, а селекторот Златко Далиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата.На прес-конференцијата, тој беше видливо емотивен, истакнувајќи дека неговиот тим не заслужува таков епилог и дека одлуките на судијата оставиле горчлив впечаток. „Прво, им честитам на Португалија и им посакувам многу среќа во остатокот од натпреварувањето. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, но не сакавме да се браниме толку ниско. Успеавме да издржиме без да примиме гол. Во продолжението целосно ја презедовме контролата, создадовме многу шанси и мислам дека не го заслуживме овој резултат. Можам само да им честитам на моите играчи. На претходните две големи натпреварувања имавме малку среќа во одредени моменти“, рече Далиќ. Тој беше особено незадоволен од судењето и од критериумите на судијата за време на натпреварот. „Судењето беше многу лошо. Не ги добивме прекршоците или прекините што ги заслуживме. Сепак, Хрватска загуби и немаме право премногу да коментираме. Жал ми е“, изјави селекторот. Најголемо внимание привлече неговата изјава за иднината на хрватската клупа, која за многумина звучеше како најава за негово заминување. „Она што го постигнавме во изминатите години е неверојатно. Остваривме резултати што долго ќе се паметат и доживеавме многу убави моменти. Мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци. Малите двапати направија чудо, но сега не смеат“, рече емотивниот Далиќ, без да потврди дали навистина ќе ја напушти селекторската функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН.Премиерот Мицкоски утринава се обрати на настанот„Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, во организација на канцеларијата на ОН во соработка со Стопанската комора и министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Нова пјацета на улица „Коле Неделковски“, Дебар Маало добива три урбани катчиња за дружење и одморОпштина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите.Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се планира слично катче и на улица „Коста Веселинов“. „Со уредувањето на овие јавни простори го враќаме препознатливиот дух на Дебар Маало. Создаваме современи и функционални места каде што соседите ќе можат да се среќаваат, да одморат и да поминуваат квалитетно време. Вложуваме во повеќе зеленило, урбана опрема и подобри услови за живот во секое маало“, вели Герасимовски. Мини пјацетата на улица „Коле Неделковски“ , на површина од околку 100 квадратни метри, ќе биде поплочена со гранитни плочи во различни тонови со што ќе се добие визулена динамика на просторот, а ќе биде поставена и нова урбана опрема , клупа со метално-дрвена конструкција, корпи за отпадоци и држачи за велосипеди. Проектот предвидува и хортикултурно уредување со ново зеленило, како и поставување современо осветлување што ќе придонесе за поголема безбедност и пријатен амбиент во вечерните часови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрезентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45