Вдовицата на Шон Конери би можело да заврши во затвор,обвинителите немаат милост - Канал 5

Вдовицата на Шон Конери би можело да заврши во затвор,обвинителите немаат милост

Мишелин Рокбрун, вдовицата на неодамна починатиот актер Шон Конери, е обвинета за затајување данок во Шпанија и се соочува со затвор и парична казна од 21 милиони фунти, пишува The Sun.

Вдовицата на Шон Конери би можело да заврши во затвор,обвинителите немаат милост

Иако Мишелин негира сè и тврди дека станува збор за глупост, шпанските власти ја обвинуваат за затајување данок при продажба на недвижен имот во Марбеља и и рекле дека, и покрај смртта на нејзиниот сопруг, случајот сè уште е активен.

Тие предупредиле дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинението за да може да се одржи судење. Обвинителите се пожалиле на недостаток на соработка од властите на Бахамите, каде Конери починал пред 11 дена на 90-годишна возраст.

„Официјалните барања се испратени до Бахамите двапати да ја известат Мишелин за обвинението и судската постапка против неа, но шпанските власти сè уште не добиле одговор“, изјавил извор за весникот.

На Конери, кој беше во брак со Мишелин цели 45 години, во 2014 година му било кажано дека нема да биде обвинет за продажба на својата куќа во 1999 година.

Куќата е срушена за да се изградат 70 станови, и покрај правилата кои велат дека можело да се изградат само пет.

Адвокатите на актерот, градоначалникот на Марбеља и шест советници завршиле во затвор поради измама. Судијата донел одлука Мишелин да биде судена и може да се соочи со затворска казна и голема парична казна доколку биде осудена за даночна измама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Кошаркарот на Хапоел ТА, Томаш Саторански е добро по еден тежок пад.

Саторански се јави од болница: „Беше страшно“

Чешкиот кошаркар опасно ја удри главата при пад на натпреварот меѓу Дубаи и Хапоел во Евролигата, остана да лежи во болки и грчеви, што ги вознемири сите. Глетката беше крајно вознемирувачка.

Еден ден подоцна, Чех преку својот профил на Инстаграм ја сподели добрата вест.

„Здраво на сите, би сакал да одвојам момент за да му се заблагодарам на секој од вас за сите пораки, поддршка и интерес. Посебна благодарност до Кошаркарскиот клуб Дубаи, неговите играчи и стручниот штаб, за брзата реакција и помошта. Навистина сум благодарен. Исто така, голема благодарност до моите соиграчи, стручниот штаб и сите луѓе во Хапоел за сета поддршка и помош. Тоа секако беше застрашувачки момент, но сега се чувствувам многу подобро. Се надевам дека што поскоро ќе се вратам на теренот“, напиша Чех, објавувајќи фотографија од болничкиот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор

Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби.

Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.

Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци.

Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.

Во Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеани

Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан.

Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство.

Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон.

Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото.

Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер