Вдовицата на Коби Брајант со трогателна порака по повод годишнината од нивниот брак - Канал 5

Вдовицата на Коби Брајант со трогателна порака по повод годишнината од нивниот брак

Ванеса Брајант со емотивна фотографија на Инстаграм ја одбележа 22-годишнината од бракот со трагично починатиот Коби.

Вдовицата на Коби Брајант со трогателна порака по повод годишнината од нивниот брак

Таа се сети на нивното патување во Италија.

„Среќна годишнина душо. Те сакам“, напишала таа во објавата со емоџи со срце. „Среќна годишнина, те сакаме“, „Ова е вистинска љубов која трае вечно“, „Убава фотографија“, „Испраќам многу љубов до тебе и девојките“, се само дел од коментарите на луѓето под објавата.

Љубовта меѓу Коби и Ванеса започна откако се запознаа во ноември 1999 година. Тој имаше 21, а таа 17. Тие се верија шест месеци потоа, а се венчаа во 2001 година. Во бракот имаа четири ќерки: Наталија, Џана, Бјанка и Капри.

Да потсетиме, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џана загинаа во несреќа на почетокот на 2020 година кога нивниот хеликоптер се урна во Калифорнија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство.

Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари

Обвинетиот, на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. По вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.

Обвинетиот во текот на постапката за прибирање докази беше обезбеден со мерка притвор, имајќи ги предвид ризиците тој да се обиде да го избегне кривичниот прогон и да го повтори насилното однесување. Притоа обвинителството ги ценеше информациите дека тој непосредно по настанот избегал од полициска станица и неколку дена не бил достапен. Сметајќи дека овие ризици и натаму постојат, јавниот обвинител со поднесеното обвинение му предложи на судот да ја продолжи притворската мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас.

Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг.

Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари.

Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона.

Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улиците

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Видео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улиците

Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се почувствува и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри, пренесе Ројтерс.

Голем број жители на Лима излегоа на улиците по земјотресот, додека телевизиските снимки прикажаа пратеници како ја напуштаат зградата на Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер