Вчера во клуб во Казахстан имале 25 заразени со корона , денеска тврдат дека сите се здрави

Сите фудбалери на Каисар се негативни за коронавирусот, објави казахстанскиот клуб само еден ден откако нивниот тренер Стојчо Младенов призна дека десет сениори и дури 15 јуниори биле заразени со коронавирус.

„Целиот тим на Каисар успешно го поминаа тестот, играчите се во добра форма и подготвени се да го продолжат шампионатот“, се вели во соопштението на Каисар, во кое не се објаснува како фудбалерите „закрепнале“ за само неколку дена.

Првенството во Казахстан продолжува деенска, иако некои клубови побараа одложувања. Така, десет играчи се позитивни во клубот Каспију, а седум во Тобол, додека второпласираниот Каират ги демантираше медиумските извештаи дека нивниот тренер Алексеј Шпилевски е заразен.

Казахстан е сериозно погоден од коронавирусот, со 22.000 заразени и 188 жртви во оваа централноазиска земја.

СДСМ: ДПМНЕ, среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштита

Срамно ДПМНЕ, среде пандемија со 500 неразумни амандмани го кочи Законот за здравствена заштитаамно.

Срамно е што среде пандемија, ВМРО-ДПМНЕ со 500 амандмани се обидува да го блокира усвојувањето на измените во Законот за здравствена заштита, кои предвидуваат лекарите што ја исполниле старосната граница за пензионирање да можат да го продолжат работниот век до возраст од 67 години.

Ова е вистинското нехумано лице на ВМРО-ДПМНЕ, нивната лажна загриженост за здравјето на граѓаните и продолжение на опструкциите што од почетокот на пандемијата ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.

Во многу сериозен период од пандемијата со коронавирусот додека државата, сите институции, здравствените работници, сите граѓаните се борат против коронавирусот, неодговорната опозиција работи на штета на граѓаните.

Сега со поднесување на илјадници апсурдни и бизарни амандмани на предложените измени на собранискиот Деловник, со кои би се овозможила работа на далечина на пратеници што се во изолација, како и со кочење на Законот за здравствена заштита, опозцијата се обидува да го направи парламентот нефункционален кога треба да се носи Буџетот за 2021 година, кога 300.000 граѓани чекаат платежни картички, а компаниите финансиска поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и надвор од него прави блокади и деструкции, кои се опасни и штетни за државните и национални интереси, спротивни на интересите на граѓаните.

Собранието е тука да им служи на граѓаните, а не на политикантството на ВМРО-ДПМНЕ, кое поради лицемерно и неодговорно однесување е во опозиција и уште долго ќе остане во опозиција.

СДСМ

„Спутник V “пристигна во Србија: Русија достави 20 дози од вакцината против корона

Руската вакцина веќе пристигна во Србија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ синоќа во интервју за РТС.

Пристигнаа 20 дози што одат во нашите лаборатории. „Безбедносно информативната агенција” ги препрати до Торлак, а сега нашите експерти и луѓето од Агенцијата за лекови имаат време да ги испитаат во наредните денови и недели и да кажат дали можеме да го прифатиме тоа или не“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој рече дека вакцината Фајзер, која исто така побара регистрација, ќе биде тестирана.

Русија ја објави вакцината уште во август, пред клиничките тестови на големо, дека вакцината Спутник е ефикасна. Овие тврдења предизвикаа сомнеж кај меѓународната научна заедница.

Британија планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои би имале тешки нуспојави од вакцината против корона вирусот.Оваа информација ја соопшти британскла владата откако вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“беше доставена во Велика Британија.

ВМРО-ДПМНЕ: Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот.

Пикот на короната не поминува исто како и неспособноста на Заев и Филипче која значи смрт за народот, и неодговорноста на власта ги чини граѓаните здравје и животи.

Во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.342 нови заразени и 22 починати лица од КОВИД вирусот. Со ова Македонија достигна до 1.847 жртви и е во земјите црни рекордери на светско ниво по смртност на милион жители.

Неспособните Заев, Филипче и изгубениот Ангелов не преземаат никакви мерки да ги заштитат граѓаните, туку само манипулираат со јавноста дека се е под контрола. А, контролата одамна е изгубена, болниците се преполни, пациентите немаат доволно кислород, за тестирање граѓаните чекаат со денови, а со саати да дојде брза помош. Секојдневните сведоштва на граѓаните ги демантираат лагите на власта. Нивните лаги убиваат за жал секој ден и тоа луѓето го плаќаат со своите животи.

Оставки и одговорност мора да има, бидејќи епидемијата наречена власт на Заев е подеднакво опасна како и КОВИД вирусот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер