МакедонијаВчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возењеПокрај ова, вчера регистрирани се и 69 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се возачи под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло, а санкционирани се и 25 пешаци. Полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР во рамки на вчерашните активности во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава издале 777 платни налози. Како што соопшти МВР, статистичките показатели од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, остануваат и понатаму идентични како и претходно, па така најбројни се прекршоците за непрописно паркирање 256, а потоа прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 175. -Покрај ова, вчера регистрирани се и 69 учесници во сообраќајот кои што не поседувале возачка дозвола, во девет случаи откриени се возачи под дејство на алкохол, шестмина возачи минале на црвено светло, а санкционирани се и 25 пешаци. Исто така, по основ на неносење сигурносен појас изречени се 44 прекршочни платни налози, санкционирани се 11 возачи на мотоцикл за неносење заштитна кацига, а по основ на користење мобилен телефон при возење изречени се 28 платни налози. Од сообраќај, пак, се исклучени вкупно 22 возила од кои осум биле технички неисправни а 14 биле нерегистрирани, се додава во соопштението. Сообраќајните контроли, нагласуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласуваат од МВР. Тагови: МВР, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаКонституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинариИскра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28