Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје
1Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во Скопје
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
1Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
ТенисВавринка успешно опериран Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка успешно е опериран вторпат сезонава што значи дека за него оваа година на спортски план е завршена.Тој имаше повреда на коленото и мораше со хируршка интервенција да ја лечи повредата. - Втората операција добро помина. Тоа значи дека може да очекувам брзо заздравување. Ќе се видиме во 2018 година. Ви благодарам на сите, напиша Вавринка на социјалните мрежи. Тој е еден од неколкуте тенисери кои годинава поради повреди предвреме ја завршија сезоната. На таа листа се наоѓа и Новак Ѓоковиќ, Кеи Нишикори, додека играчот број 1 на светот (уште оваа недела) Енди Мареј не игра поради повреда. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаВрховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на АРМ во касарната „Илинден“ во СкопјеВрховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Гринкевич, ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје.Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје. За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на регионалните планови, учеството во составот на истурените копнени сили на НАТО, како и во мисијата КФОР ги оцени како извонредни, а истите се резултат на нашата посветеност, на модернизацијата и исполнувањето на поставените цели за развој на способностите. Генералот Гринкевич во своето обраќање упати и порака: „Сите заедно мора да бидеме подготвени. Мора напорно да се обучувате. Мора да ги проучувате војните од денешницата и минатото за да бидете подготвени за конфликтите на иднината. Мора да размислувате за промените во карактерот на војувањето што ги гледаме на современото бојно поле и да се приспособувате на новите реалности со кои би можеле заеднички да се соочиме на некое идно бојно поле“. Навраќајќи се на нашето членство во Алијансата, генералот Гринкевич нагласи „јас исклучително сум горд што служиме заедно“. Во рамките на посетата Генералот Гринкевич имаше можност непосредно да се запознае со вооружувањето, опремата и средствата со кои располага Армијата, како и да проследи тактички вежби, со што се увери во подготвеноста на армиските припадници при изведување на борбени дејствија во сложени и динамични средини против различен непријател. За време на заедничките изјави за медиумите, генералот Лафчиски го истакна задоволството од посетата, истакнувајќи „Оваа посета претставува уште една потврда за нашата јасна определба кон одбраната на заедничките вредности и довербата која ја градиме во рамките на Алијансата. За нас, членството во Алијансата не е само безбедносна гаранција, туку и обврска активно да придонесуваме кон колективната одбрана и стабилноста на евроатлантскиот простор.“ Генералот Лафчиски наведе и дека „Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите“. „Аргумент за ова е НАТО оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група, во рамките на вежбата БЛЕСОК 26, како и НАТО оценувањето на Борбените елементи за специјални операции“, додаде генералот Лафчиски. Генералот Гринкевич во обраќањето пред медиумите истакна „Република Македонија е високо ценет сојузник“, додавајќи дека нашата држава има клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан – регион од стратешко значење за Алијанса. Во оваа прилика генералот Гринкевич се заблагодари и за македонскиот придонес во мисисите предводени од НАТО во КФОР и на нејзиното источно крило. Со денешната активност во касарната „Илинден“ во Скопје, на која присуствуваа генерали на Армијата, високи претставници од НАТО, како и команданти на команди и единици на Армијата се заврши официјалната посета на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на Армијата. Посетата претставува уште една потврда за силниот придонес на нашата држава во колективната одбрана на Алијансата, како и нашата заложба и придонес во регионалната и колективната безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТатко и син загинаа во големиот шумски пожар во близина на СолунКако што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун.Татко и син загинаа во големиот шумски пожар што се прошири во близина на Солун. Како што пишува грчки Катимерини, во огнената стихија загинале 66-годишен маж и неговиот 12-годишен син, чии тела биле пронајдени во близина на нивниот дом во селото Лити, северозападно од Солун. Во пожарот повредена била и неговата сопруга и мајка на детето. Грчките служби издадоа наредба за итна евакуација на селото Лити, кое брои околу 4.000 жители, а населението е пренесено на безбедно..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеАлиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравствотоМинистерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници, успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. Со овие законски измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Модулот во „Мој Термин“, преку кој ќе се регистрира волјата на граѓаните, веќе е развиен, истакна министерот Алиу. Тој информираше дека при посета на својот избран матичен лекар, секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни дали се согласува или не се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива заради лекување. Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, за нејзините правни последици и за правото таа во секое време да може да се промени. Изјавата ќе се потпишува лично, ќе се заверува од избраниот лекар и ќе се архивира, а потоа како скениран документ ќе се внесува во националната листа во рамките на Националниот систем за електронски евиденции во здравството. Пристапот до овие податоци ќе биде строго ограничен, контролиран и евидентиран, што значи дека секој увид во системот ќе остава трага и ќе биде дозволен само за точно утврдени овластени лица. Дополнително, граѓанинот во секое време ќе може да ја промени својата одлука со нова изјава кај својот избран лекар, а важечка ќе биде секогаш последната евидентирана изјава. Паралелно со развојот на овој модул, се работи и на уредбата и правилникот, со кои попрецизно ќе се уредат националната листа, пристапот до податоците, формата на изјавата и начинот на нејзино давање и промена, додаде Алиу. Воедно, министерот изрази благодарност до националната координаторка, проф. д-р Билјана Кузмановска, до трансплантациските тимови, лекарите, медицинските сестри и до сите што ја поддржаа кампањата и кои се дел од системот за органодарителство и трансплантација.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54