Вавринка ја заврши тригодишната доминација на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен - Канал 5

Вавринка ја заврши тригодишната доминација на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен

Во тениски маратон кој траеше цели 4 и пол часа Швајцарецот Станислас Варинка од четврт-финалето на Австралија опен го елиминираше победникот на трите последни турнири во Мелбурн Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови .

Вавринка ја заврши тригодишната доминација на Новак Ѓоковиќ на Австралија опен

Вториот светски тенисер ја загуби битката за влез во полуфиналето , Вавринка го доби тенискиот маратон со 3-2 по сетови 2:6, 6:4, 6:2, 3:6, 9:7.

Швајцарскиот тенисер годинава успеа да му се реваншира на Ѓоковиќ за поразот во 4 коло на Австрија во меч кој многу наликуваше на овој денешниот .
Осмиот носител Вавринка денеска во 18 меч против Новак Ѓоковиќ ја оствари само третата победа и ја прекина тригодишната победничка низа на вториот светски тенисер на Австралија опен.
Вавринка во мечот полн со пресврти ја прекина победничката серија од 28 меча на популарниот Ноле во Мелбурн.

Novak Đoković

Противник на Вавринка во полуфиналето на Грен слемот во Мелбурн ќе биде високиот Чех Томаш Бердих кој во првото четврфинале со 3-1 беше подобар од искусниот Шпанец Давид Ферер.

За втората полуфинална двојка на Австарлија Опен ќе одлучуваат мечевите : Рафаел Надал - Григор Димитров ,
Енди Мареј - Роџер Федерер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции.

Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем.

„Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска.

Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер