Ваучерите за домашен туризам ќе бидат испратени до граѓаните во текот на следната недела

Од Министерството за економија информираа дека ваучерот, кој ќе содржи QR код ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи.

Платфрмата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија ќе биде оперативна во текот на следната недела, а преку неа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.

Од Министерството за економија информираа дека ваучерот, кој ќе содржи QR код ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи.

– Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата. Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи, наведоа од Министерството.

Информираа дека списокот на граѓани кои што ги исполнуваат условите до Министерството за економија го испраќа Управата за јавни приходи, а и покрај тоа што ваучерите ќе им бидат испратени на граѓаните на електронска е-маил адреса која ја имаат доставено во УЈП, исто така граѓаните ќе може на платформата да проверат дали се на листата односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам.

– На плаформата која согласно роковите треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 15 јуни граѓаните кои што добиле ваучер ќе можат да изберат каде, односно во кој туристички и угостителски капацитет низ државата ќе може да го употребат. На платформата ќе бидат објавени понудите на сите катагоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата, односно капацитетите со кои располагаат за да примат туристи, посочија од Министерството за здравство.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година./МИА

Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

По 12 дена љубов, сфатил дека невестата му е маж, но и тоа не е нејчудното (ВИДЕО)

Млад Индонезиец го доживеал својот животен шок откако дознал дека се оженил со маж, по што во паника повикал полиција.

Локалните медиуми ги објавија деталите за бизарната приказна која има вистински филмски пресврт, пренесува Oddity Central.

Сѐ започнало на интернет, каде А.К.(26) ја запознал Адина Канза Азахрај. По некое време, бил договорен состанок, а момчето признало дека веднаш се заљубил.

Не му пречело тоа што Адина го крие лицето, користејќи хиџаб или превез. Всушност, нејзината срамежливост уште повеќе го заинтригирала, па решил да ја запроси.

Адина прифатила, но рекла дека не сака свадба бидејќи „нејзината мајка починала“ и „не била во контакт“ со нејзиниот татко. Тврдела дека нема семејство да го покани на свадбата.

Парот се одлучил за дискретна церемонија одржана во нивното село и тогаш работите станале уште почудни.

Имено, Адина сепак не го симнала превезот, одбила да се дружи со семејството и пријателите, како и да го „конзумира бракот“.

Младиот човек им се пожалил на своите роднини, кои решиле да ја истражат историјата на жената, па токму тогаш почнала да се расплетува приказната. Го пронашле таткото, кој објаснил дека има син, а локалните медиуми ги објавиле само иницијалите Е. С. Х.

Штом слушнал дека се оженил со маж, А.К. повикал полиција.

„Е.С.Х.(26) признал дека барал пари од оштетениот. Секогаш кога барал, добивал. Нему ќе му биде поднесена кривична пријава и ќе се соочи со четири години затвор“, изјавил полициски извор.

Понатаму се наведува дека уапсениот по шминкањето имал „женски изглед“, што му овозможило да ги измами луѓето.

Најпознатиот светски Јутјубер подарува 26 Тесли, една е посебна

Најпознатниот Јутубер на светот, MrBeast, објави дека по повод неговиот 26-ти роденден на своите следбеници им подарува 26 автомобили Tesla.

"Го славам мојот 26-ти роденден, па на моите следбеници им подарувам 26 Тесли! Лајкнете ја оваа објава и означете двајца пријатели во коментар за да учествувате. Следете ме за да ви испратам порака ако освоите Тесла. Победниците ќе да бидат објавени за седум дена. Споделете го ова на вашата приказна и помогнете им на вашите пријатели да освојат Тесла“, напишал тој.

На овој линк е објавен и документ со сите детални правила на надградувачот на MrBeast.

Потсетуваме дека Џејмс Стивен Доналдсон, попознат како MrBeast, е најследен Јутјубер денес со над 240 милиони следбеници на таа платформа. Во 2023 година, тој беше најуспешниот дигитален креатор, според Форбс. Неговата проценета бруто заработка е дури 82 милиони долари.

притисни ентер