Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
1Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
ЖивотВатикан во вселената ќе го испрати говорот што папата Франциск го одржа во екот на пандемијатаВатикан соопшти дека има намера во вселената да испрати минијатуризирана дигитална книга со порака на надеж што папата Франциск ја упати во 2020 година во екот на пандемијата со Ковид-19.„Нано-книгата“ ќе биде лансирана во орбитата на височина од 525 километри со ракета на „SpaceX Falcon 9“, која ќе полета на 10 јуни од аеродромот Ванденберг во Калифорнија, соопшти Светата столица на прес-конференција во Рим. Микро-гравираниот електронски дел од едвај два милиметри ќе биде поставен на правоаголен сателит од околу 30 сантиметри (CubeSat) опремен со соларни панели, а го дизајнираа студенти на Политехничкото училиште во Торино. На него ќе биде говорот што папата Франциск го одржа на 27 март 2020 година во екот на пандемијата на Ковид. Тој ден, поглаварот на Католичката црква се појави сам на напуштениот и натопен од дожд плоштад „Свети Петар“, повикувајќи го „уплашениот и изгубен“ свет да ги преиспита своите приоритети. На латински наречен „Spei Satelles“ („Сателит на надежта“), проектот, чиј буџет не е прецизиран, заеднички ќе го реализираат Ватикан, Италијанската вселенска агенција и разни италијански институти. Целта на нивната соработка е да го испратат говорот на папата „надвор од земните граници за да може од вселената да допре до што е можно повеќе жени и мажи на нашата планета во потешкотии“, објасни претседателот на Вселенската агенција, Италијанецот Џорџо Сакоча. Во октомври 2017 година, аргентинскиот папа зборуваше во живо преку видео-конференција со астронаутите на Меѓународната вселенска станица како дел од иницијативата што ја покрена неговиот претходник, Бенедикт Шеснаесетти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќај по суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook