ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"
2ВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"
Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
1Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
2ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно, неисполнувањето на нормите резултира со казнување
3Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
СветВатикан: Продолжува постепеното опоравување на папата ФранцискПостепеното бавно закрепнување на папата Франциск продолжува откако пред повеќе од две недели ја напушти римската болница „Агостино Џемели“, каде што се лекуваше од пневмонија, соопшти денеска прес-службата на Ватикан.Процесот на закрепнување продолжува, а папата е добро расположен, пренесува „Ватикан Њуз“. Како што се наведува, тој прима терапија и ги извршува работните активности, телефонски разговори и прима црковна документација. Остатокот од времето папата го поминува во одмор и молитви. Тагови: Ватикан Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаФорумот за образовни промени со тужба до МОН за неусогласениот износ на студентски оброкСубвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени.Субвенционираниот студентски оброк не е нечија милостина, туку законска обврска која министерката Јаневска ја прекршува, велат од Форумот за образовни промени кои денеска на МОН му поднесоа тужба до Управниот суд оти износот не е усогласен со годишната инфлација. Бленди Ходаи, од форумот, кој ја поднесе тужбата, обвини дека студентите се соочувале со притисоци и закани од институциите па одвај се охрабриле да ја потпишат изјавата потребна за поднесување на тужбата. Дополнително, вели дека не се согласуваат со предлогот на премиерот оброкот да се дава преку М-Услуги, оти тоа студентите ќе ги остави уште половина година со субвенција од 140 денари. -Да бидеме јасни, субвенционираниот студентски оброк не е прашање на ретрограден меркур, ниту е прашање на милостина на владата и на министерството за образование кон студентите, ниту пак прашање на добра волја или расположение на министерката Јаневска, дали денеска се чувствува добро или е во расположение да го покачи износот на студентскиот оброк, тоа е законска обврска. Ако студентите одлучат преку М-Услуги, треба да има ново барање, заради тоа што седум месеци ќе треба да го земаат истиот износ за оброк, 140 денари. Нека ги отворат бифеата во Собрание и во Владата и нека јадат студентите со 160 денари бифтек како што јаде пратеник кој после зборува што се може да се купи со 140 денари и во владата исто да се направи. Не сме на иста линија, некои луѓе немаат допир со реалноста,- Бленди Ходаи – Форум за образовни промени. Јаневска не ја коментираше тужбата, но кажа дека разговорите со студентите се во тек и дека се бара најдоброто решение преку кое ќе се субвенционира здрав студентски оброк. Таа вели дека и претставниците на студенти, а и МОН моделот на Словенија го гледаат како соодветен, во кој не се даваат пари, туку се субвенционираат оброци кај регистрирани угостители. -Ние имавме средба со студентите, ги чекаме нивните одговори и продолжуваме со цел да го смениме системот за правилно користење на субвенцијата, за користење на субвенцијата на здрав студентски оброк, бидејќи одредени извештаи кои ги имаме потврдуваат дека намената на субвенцијата за оброкот не е целосно спроведена односно дека дел од студените не го користат тоа правилно во правец на нивна здрава исхрана. Од тука е идејата дека треба да направиме промени,- Весна Јаневска – Министер за образование. Од Форумот пак побараа од МОН и Владата да сподели ако има информации каде и како ги трошат студентите парите, а наводите дека се купувале цигари и алкохол од страна на властите ги нарекоа несериозни „чаршиски муабети“. Очекуваат од Управниот суд да донесе одлука со кој ќе бидат обештетени за незаконското, според нив, постапување на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бетон Герасимовски и општината да не лажат, доделија награда Феникс нелегално, а не "Јубилејна награда"Бетон Герасимовски и Општина Центар, фатени сте живи како лажете, повлечете се од темава и извинете се.Наместо да ја манипулирате јавноста, одговорете на едно едноставно прашање: Зошто ги едитирате објавите и лажете дека сте доделиле некаква "Јубилејна награда", а не Феникс. Дали поради тоа што знаете дека за доделување на "Феникс" потребно е прво изјаснување на комисија, а потоа и на советот. Во овој случај поминат е само филтерот на комисијата, а советот нема гласано. Дополнително, комисијата се нема изјаснето позитивно за дел од лицата на кои им давате Феникс, а се има изјаснето за други на кои вие немате дадено таква награда. Доколку ги почитувавте лицата кои ги споменувавте, немаше да брзате да доделувате награди без запазена процедура и одлука на советот како што се прави секоја година. Ама очигледно ПР - от на Бетон Герасимовски бил поважен од "почитта" кон дотичните лица. Врз основа на кое овластување се доделени награди на лица кои не биле избрани од комисијата, а се изоставени оние што биле избрани? Објавете го записникот од комисијата, конечната листа на наградени и одлуката на Советот, доколку е донесена. Не ја префрлајте одговорноста врз наградените. Прашањето е кој, како и врз која правна основа ја изменил волјата на комисијата! ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на париГраѓани позајмувале пари за лекување на блиски или за други потреби, но и откако ќе ги врателе со огромни камати, биле под притисок со долгови, закани и изнуда од кумановската лихварска група што беше разбиена вчера.Според информациите организатор на групата е Драган Петровски, познат како „Даци Штука“ кој заедно со уште од упсените заврши во 30-дневен притвор, за еден е одреден куќен притвор, а четвртиот осомничен од групата што почнала да оперира од 2021 година подолг период е надвор од државата. Тие и откако ќе ги наплателе долговоите со камати, продолжувале да им бараат нови исплати, а ги користеле и банкарски сметки на жртвите за перење пари. Обвинителството соопшти дека во еден од случаите, оштетена жена позајмила 4.000 евра, а заедно со каматата вратила вкупно 6.500 евра. -Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар,- -ОЈО ГОКК. Нотарот од Куманово, со иницијали Д.Ж., кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Во друг случај, оштетен побарал пари за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства, осомничените продолжиле да му бараат пари, а преку неговата банкарска сметка, без негово знаење, биле префрлани поголеми суми кои потекнувале од изнуда. Трансакциите биле прикажувани како заеми, по што парите биле подигнувани во готовина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook