Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ЕвропаВатикан не забранува на католиците да им се трансплантираат животински органиНа католиците може да им се трансплантираат животински органи и ткива за лекување на медицински состојби, соопшти денеска Ватикан, бидејќи процедурите што вклучуваат генетски модифицирани органи од свињи или крави продолжуваат да се развиваат.Во документ на 88 страници со етички упатства за вакви трансплантации, Ватикан го потврди претходното учење и рече дека Католичката црква нема забелешки за ваквите третмани, под услов да се следат најдобрите медицински практики и животните да не се третираат сурово. „Католичката теологија нема забрани, врз основа на религиозни или ритуални причини, за употреба на кое било животно како извор на органи, ткива или клетки за човечка трансплантација“, се наведува во документот. Документот се занимава со прашањето на ксенотрансплантација, односно трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг. Ватикан првпат ги одобри ваквите процедури во 2001 година, кога тие беа во многу рана фаза на развој. Трансплантацијата на животински органи кај луѓе е сè уште ретка. Првата трансплантација на бубрег од свиња на човек беше извршена во САД во 2024 година. Документот на Ватикан, изготвен со помош на лекари од Италија, САД и Холандија, ги повикува научниците да продолжат со трансплантација на животински органи на „целен, пропорционален и одржлив“ начин. Документот, исто така, ги повикува лекарите да ги откријат ризиците од таквата трансплантација, како што се веројатноста дека имунолошкиот систем на пациентот ќе го отфрли органот на животното и можноста за предизвикување инфекција од микроорганизми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазарОтстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки. Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Шоу бизВидео: Баварска принцеза или секс-бомба? Деколтето на Хајди Клум повторно предизвика хаосЛегендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија.Легендарната германска манекенка и модел Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни изданија, но за неодамнешната средба со нејзиниот сопруг Том Каулиц, таа одлучи да се облече традиционално – во баварска носија со симпатичен и разигран дизајн. 53 годишната Хајди и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека. Манекенката носеше сина фустан-носија (дирндл) со црвени детали, соодветни сатенски чевли со потпетици и бели очила за сонце во ретро стил. Сепак, во препознатливиот стил на Хајди, ниту овојпат не можеше да се пропушти еден смел детал. Горниот дел од нејзиниот фустан во стилот „дирндл“ беше тесен и припиен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте, кое дополнително ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрие. Контроверзната Германка сето тоа го искористи за да објави провокативно видео на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Во видеото што го објави на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви тешкотии се соочила додека се обидувала соодветно да го затегне горниот дел од фустанот. Во еден момент изгледаше како фустанот да ѝ е дури и мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook