Васко Ковачевски, АД ЕСМ: Христијан Мицкоски или не знае или лаже!

 „Треба да одржиме еден час во природа на професорот Христијан Мицкоски, но исто така добро е и граѓаните да слушнат и да видат за што реално станува збор.“

Добар ден на сите, почитувани претставници на медиумите. Вообичаено во викенд, во празнични денови јас заедно со директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски сме на терен, овде во РЕК Битола, во Термоелектраната, во рудниците за да бидеме заедно со вработените и колку што е можно поблиску до сите наши вработени за да можиме колку што е можно повеќе да се подготвиме за претстојната грејна сезона. Но, денеска направивем една пауза за да можиме да одговориме на обвинувањата на опозицијата, на ВМРО – ДПМНЕ, на Христијан Мицкоски кој во изминатите десетина дена често пишуваат Фејсбук статуси и држат прес конференции, а темата е продажбата на ноќните вишоци на енергија која што ја продава АД ЕСМ.

Во нивните објави кажуваат се и сешто, кажуваат цени, кажуваат бројки кои немаат никаква врска со реалноста. И токму затоа денеска, овде на отворено, треба да одржиме еден час во природа на професорот Христијан Мицкоски, но исто така добро е и граѓаните да слушнат и да видат за што реално станува збор.

Професорот Христијан Мицкоски кој што е дел од енергетскиот сектор, кој претходно бил 12 години, во претходната власт главен советник за енергетика , бил 2-3 години и во Надзорниот и Управниот одбор на тогашно АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, треба да знае и добро е да знае како се продава ноќната енергија, на кој начин АД ЕСМ ја објавува и како одат одлуките за продажба на оваа енергија. Ако не знае, сега, денеска ќе нацртаме и една табела на која јасно ќе се покаже како АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци.

Ова е едно деноноќие. Значи, почнуваме од 0 часот, 12, 6 и 18 часот. Електричната енергија, граѓаните и малите потрошувачи, државните институции и сите субјекти ја купуваат како еден продукт, освен некои стопански субјекти кои имаат потреба од енергија во некои одредени пикови, односно во одредени часови. АД ЕСМ, затоа што зеде обврска да произведува електрична енергија 100 проценти за ЕВН Хоум, да ги покрива техничките загуби во системот на Електридистрибуција и да ги покрива загубите во системот на пренос што го врши АД МЕПСО, ги има вклучено сите капацитетит што ги има на располагање. Во овај период од годината, кога има помал конзум од страна на потрошувачката на ЕВН Хоум, а кога се вклучени капацитетите РЕК Битола со два блока и ТЕЦ Неготино, се појавуваат ноќни вишоци од 2 до 7 часот со инсталирана моќ од 50 MW. Оваа енергија АД ЕСМ мора да ја произведе затоа што се вклучени сите овие капацитети и нема техничка можноста да се намали или да се исклучат овие капацитети затоа што нивното повторно вклучување ќе трае 12 или 24 часа. Оваа енергија, која што се продава од 2 до 7 часот, на јавна објава, на јавна аукција, со транспарентна и конкурентна постапка, можеме да ја продадеме по одредени цени кои индикативно ги дава ХУПЕКС берзата, а цената се формира врз основа на добиените понуди. Тоа е првата опција. Втората опција е таа енергија да не ја продаваме, да ја пуштиме слободно во системот, да не ја наплаќаме, да имаме нула приходи и притоа да платиме уште неколку евра од мегават час за пренос на оваа енергија. Ние во компанијата одлучивме неделно, кога имаме вакви вишоци во однос на исполнување на сите обврски кон нашите економски договори, оваа енергија да ја продаваме на неделно ниво затоа што тогаш можеме да оствариме дополнителни приходи и за компанијата и за државата. Овие 50 MW на неделна основа се 1750 MWh. Оваа енергија ја објавуваме на слободна продажба, затоа што сме државна компанија, преку нашиот ДООЕЛ, ЕСМ Продажба и на оваа објава за продажба на овие ноќни вишоци може да се јави секое правно лице. Дали се тоа трговци, реистрирани во државата, дали се тоа стопански субјекти или институции, може да достави понуда согласно нивните потреби и оваа енергија во ноќните периоди, од 2 до 7 часот, да си ја набават по цени, како што кажав, ќе бидат конкурентни и доаѓаат со понуди од тие што се заинтересирани да ја купат. Трговците најчесто ка купуваат ова енергија затоа што останатата енергија, од 7 часот до 2 часот наутро ја имаат веќе обезбедено. И цените во овој период, од 2 до 7 часот се најниските на нашиот пазар кои може да се продадат. Другите цени, од 7 часот на таму, можеби се околу 500 евра од мегават час, потоа ќе бидат 1000 евра од магават час, па пак ќе паднат на 500 евра од мегават час, па повторно во пикот од 19 часот до 24 часот ќе бидат 1000 евра. Миксано, сето ова, ја дава цената на што е релевантна на пазарот. Таа може да биде 450 евра денеска, пред една недела 600 евра, не знаеме како ќе се движи понатаму. Манипулација со јавноста е дека оваа енергија ја продаваме двојно поевтино отколку што е цената на ХУПЕКС. Енергијата од 2 до 7 часот е најевтина затоа што во тој период има најмалку потреба од електрична енергија на пазарот во нашата држава. Ова е вистината. Оваа енергија која што ЕСМ ја продава, ја продава затоа што ја произведува и за да не ја пушта во системот без пари, наплатува и тие се дополнителни приходи за компанијата. И второ, ова енергија може да ја купи секој што сака. Дали се тоа трговците, уште еднаш ќе повторам, дали е бизнис секторот, или било кој друг. Но, ако бизнис секторот ја набави од нас само енергијата за периодот од 2 до 7 часот, по цена која е на берзите од 200, или 250 или 300 евра, тогаш треба да набават од 7 до 2 часот дополнителна енергија која што ќе биде повисока од цената која што денеска ја набавуваат затоа што миксаат евтина со скапа струја.

Уште еднаш, за професорот Христијан Мицкоски, за опозициската ВМРО – ДПМНЕ, да појасниме. Оваа енергија, овие ноќни вишоци што ги продава ЕСМ, се на слободниот пазар, може да ги купи било кој што ја сака и има потреба и следното, ја продаваме на аукција каде имаме највисока цена во конкурентна и транспарентна постапка.

Тоа е првата работа. Втората работа е доколку Христијан Мицкоски успева вешто да ги манипулира граѓаните и да лаже, тоа е негов проблем и проблем на неговата политичка опција. Но, граѓаните треба да знаат дека ние како компанија, се грижиме за интересите прво на компанијата, второ на државата, а следствено на тоа се грижиме за интересите на сите граѓани. Ние во овој период ги правиме сите напори и затоа сме денеска тука, во РЕК Битола колку што е можно повеќе и подобро да се подготвиме за следната грејна сезона затоа што сите знаеме дека претстојната зима ќе биде најтешката во последните 70 години. И, мене ми е криво што денеска, наместо во овој момент, да бидеме заедно со работниците, јас денеска треба да се објаснувам со опозицијата и да кжувам она што досега пет пати сме го кажале – ЕСМ работи транспарентно и конкурентно и дека нема никакви манипулации во продажбата на ноќните вишоци. Денеска споменуваат една од компаниите. Не треба да сте многу паметни или многу бистри. Ќе отворите на интернет и ќе видите дека компанијата која што ги добила тие ноќни вишоци е една од најголемите трговски компании за електрична енергија во Европа. Таа компанија има вработени 375 луѓе, на дневна основа склучуваат над 15.000 договори и дека во моментот менаџираат со 7000 MW инсталирана моќна енергија. И уште еден податок, во 2020 година оваа компанија на европско ниво имала направено обрт од продажба на електрична енергија повеќе од 19 милијарди евра. И никако не може да стане збор дека овде некој прави лични интереси и дека прави профит. Овие прес конференции кои ги држат секојдневно се само обид да се манипулира јавноста, да се лажат граѓаните и тоа е многу ниско. Многу ниско е тоа да го прави професор и да го прави опозициска партија.

Ви благодарам.

АД ЕСМ

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер