Василијадис: Ако продолжат нередите ќе има фудбалски Грегзит

Заменик министерот за спорт во грчката Влада, Јоргос Василијадис изјави дека е подготвен за сценарио Грегзит, односно дека Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја исфрли Грција и грчките клубови од сите меѓународни натпреварувања за да се смири ситуацијата во земјата.


Тамошната Влада го прекина првенството по хаосот во Солун на дуелот ПАОК – АЕК кога на терен со пиштол околу појасот втрча сопственикот на црно-белите Иван Савидис сакајќи да се пресмета со судијата кој му поништи гол на ПАОК.

- Ако не се преземат обврски за да се создаде нова рамка на дејствување и правила, ќе дојдеме до крај на грчкиот фудбал. Ние не сакаме да го ризикуваме јавниот ред и безбедност. Грегзит во фудбалот не е моја грижа. Мора да има казни и за изјави кои се провокативни и кои поттикнуваат инциденти. Сите имаме одговорност, нагласи Василијадис, во изјава за грчка „Газета“.

Тој апелира релевантните фудбалски организации да ја преземе одговорноста и да се најде решение.

- Јас не сум министер за фудбал, туку за спорт. Се борев за редовни судии да донесуваат одлуки, но УЕФА не дозволуваше, се до сега.
Василијадис смета дека сопственик на ПАОК, Савидис за инцидентот на стадионот „Тумба“ треба да добие огромна финансиска казна.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер