Василичарскиот концерт „Легенди" утре и задутре во Националната опера и балет

Песни од најдобрите музички поп легенди во целосно нови симфониски аранжмани, ќе бидат дел од програмата на утрешниот гала концерт по повод празникот Василица, со кој Националната опера и балет (НОБ) ќе ја почне сезоната 2020.

На традиционалниот концерт, насловен „Легенди" („Legends"), ќе настапат солисти, оркестарот и хорот на НОБ под диригентство на Бисера Чадловска.

Националната опера и балет, како што стои во објавата на нејзината фејсбук страница, најавува вистинско и незаборавно уживање за публиката.

Концертот ќе има две изведби, на 12 и 13 јануари, од 20 часот. м

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

(20.25 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 30% : Силјановска 109692 , Пендаровски 48553 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Тошковски и Бојмацалиев констатираа дека денешниот изборен ден поминал во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.

притисни ентер