Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали - Канал 5

Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали

Селекторот на кошаркарскатa репрезентација на Македонија до 20 години, Никола Василев ги искажа своите очекувања за настапот на претстојното Европско првенство Б-Дивизија.

Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медали

- Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап. Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува. Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите, изјави Василев.

Европскиот шампионат ќе се одржи во Скопје од 7 до 16 јули со учество на 19 репрезентации кои ќе ќе се борат за места кои водат во елитната „А“ Дивизија.

Македонската репрезентација е дел групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

7. ЈУЛИ (ПЕТОК)

13.30: Бугарија – Ирска

18.30: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА

Словачка – слободна

8. ЈУЛИ (САБОТА)

18.30: Словачка – МАКЕДОНИЈА

21.00: Чешка – Бугарија

Ирска - слободна

9. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

16.00: Бугарија – Словачка

18.30: Ирска – Чешка

МАКЕДОНИЈА – слободна

10. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

11.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18.30: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

21.00: Словачка – Ирска

Чешка – слободна

12. ЈУЛИ (СРЕДА)

16.00: Чешка – Словачка

18.30: Ирска – МАКЕДОНИЈА

Бугарија – слободна

Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три селекции.

МАКЕДОНИЈА НА ЕП ВО СКОПЈЕ

1.Марин Петков бек 192см. Феникс 2010-Скопје

3.Андреј Шошкиќ бек 187см. Работнички-Скопје

6.Тома Стојановски крило 198см. Гостивар

7.Резарт Мемед бек-шутер 192см. Сигал Приштина (Косово)

8.Петар Бошалески бек-шутер 192см. Работнички-Скопје

9.Никола Бојчев крило 192см. Еуро Никел 2005-Кавадарци

10.Филип Наков бек 194см. Водно Санс - Скопје

11.Андреј Митревски 190см. Феникс 2010 - Скопје

12. Амар Хот силно крило 199см. Феникс 2010 - Скопје

13. Виктор Стојковски центар 202см. МЗТ Скопје Аеродром-Скопје

15.Теодор Симиќ центар 215см. Игокеа (БиХ)

17.Никола Василевски бек 192см. Навико Академија ФМП-Скопје

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Никола Василев

Асистент-тренер: Нино Чачиќ

Асистент-тренер: Миодраг Тодоровиќ

Кондициски тренер: Тони Богдановски

Доктор: Веселинка Лалчевска

Физиотерапевт: Бранка Ступар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер