Вашиот „YouTube“ е бавен? Ова е причината! - Канал 5

Вашиот „YouTube“ е бавен? Ова е причината!

Многу корисници во изминатиот период се жалеа дека „YouTube“ и репродукцијата на видеото им се забавила, а се чини дека тоа не е проблем со „Google“.

Вашиот „YouTube“ е бавен? Ова е причината!

Уште во ноември минатата година, низ Интернет се проширија теории на заговор дека „Google“ намерно го забавува „YouTube“ на „Mozilla Firefox“, додека тој работи без проблеми на „Chrome“.

Сепак, тие гласини беа брзо демантирани од „Google“, објаснувајќи дека не е само „Firefox“ погоден од проблемите и ги обвини инсталираните блокатори на реклами.

Два месеци подоцна, во текот на јануари, се појавија слични инциденти, а некои корисници почнаа да известуваат дека нивниот „YouTube“ бил забавен доколку користеле блокатори на реклами. Се разбира, повеќето луѓе го обвинија „Google“ за ова.

Сепак, како што се испоставува, проблемот не е предизвикан од „Google“ или „YouTube“, туку од „Adblock“ и најновото ажурирање на „Adblock Plus “(верзија 5.17.0).

Затоа, се препорачува оние корисници кои ќе забележат проблеми со услугите „Adblock“ и „Adblock Plus“ на „YouTube“ и другите платформи, да ги ажурираат своите екстензии.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите соборија украински борбен авион МиГ-29, пилотот се катапултирал

Украинските воздухопловни сили ноќеска загубија борбен авион МиГ-29 за време на борбена мисија во регионот Полтава. 

Русите соборија украински борбен авион МиГ-29, пилотот се катапултирал

Пилотот успеал да се катапултира и е безбеден. Губењето на авионот го потврдија воздухопловните сили, пишува Украинска правда.

Пилотот успешно се спасил

Според официјалното соопштение, пилотот контактирал со службата за пребарување и спасување откако се катапултирал. Кратко потоа, тој бил префрлен во медицинска установа за проценка.

Губењето на авионот се случило истата ноќ кога Русија изврши голем напад со беспилотни летала врз Украина. Воздухопловните сили објавија дека биле лансирани 129 беспилотни летала, од кои 113 биле соборени или неутрализирани од системи за електронско војување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ и Синер го прекинаа тренингот во Вимблдон, за да одговорат зошто Србија и Италија не се на СП (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, редовно прави шоу каде и да се појави, и често покажува колку е забавен.

Ѓоковиќ и Синер го прекинаа тренингот во Вимблдон, за да одговорат зошто Србија и Италија не се на СП (ВИДЕО)

Истото се случи и на Вимблдон, каде што тој и Јаник Синер имаа можност да тренираат на чистата трева на теренот број 1 пред почетокот на Гренд слемот во Лондон.

Ова е традиција веќе неколку години, а овој пат Централниот терен беше слободен, така што Јаник Синер, како бранител на титулата, ќе биде првиот што ќе стапне на тревата таму, против Миомир Кецмановиќ, веќе во понеделник во 14:30 часот.

За време на разговорот со модераторката на Вимблдон, Новак и Јаник открија колку им е важен Вимблдон, а имаше и шеги.

На крајот, се виде најинтересната сцена, кога таа ги праша двајцата зошто Србија и Италија не се на Светското првенство.

Потоа Новак реши да го симне микрофонот и се пошегува со организаторите, бидејќи модераторката немаше време ниту да постави прашање кога Новак го прекина.

- Добро луѓе, беше убаво да разговарам со вас. Среќно на сите други тимови - рече Новак и го тргна микрофонот, а Синер му се заблагодари што не мораше да одговара на толку незгодно прашање.

- Добро е што Новак е тука, бидејќи приказната е најмногу за Италија - додаде Синер.

Новак конечно одговори на џентлменски начин дека ги следи натпреварите, но не толку страсно како што би го сторил доколку Србија обезбедеше место на Светското првенство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жешкиот бран ги топи глечерите во Швајцарија со алармантна брзина

Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран во Европа, предупредија денес експертите од швајцарската служба за следење на глечерите GLAMOS.

Жешкиот бран ги топи глечерите во Швајцарија со алармантна брзина

Според нив, сезонскиот снег и мраз акумулирани во текот на зимата се очекува да се стопат до понеделник, што би бил вториот најран регистриран „ден на губење на глечери“ во историјата на мерењата, објави Гардијан.

Експертите предупредија дека секое понатамошно топење до октомври би довело до понатамошно намалување на вкупната маса на глечерите во Швајцарските Алпи, кои брзо се повлекуваат со децении.

Раководителот на GLAMOS, Матијас Хус, рече дека низ Алпите се регистрирани „екстремни стапки на топење“, при што некои глечери губат до еден метар мраз вертикално за само десет дена. Тој процени дека состојбата на глечерите се должи на комбинација од високи температури, ниски зимски снежни врнежи и присуство на сахарска прашина, што дополнително го забрза топењето.

Податоците покажуваат дека швајцарските глечери изгубиле околу 38 проценти од својот волумен помеѓу 2000 и 2024 година, додека околу 1.200 глечери исчезнале во последните 50 години.

Експертите предупредуваат дека ако трендот на затоплување продолжи, само мал број глечери би можеле да останат во Алпите до крајот на векот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер