Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД
Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
1Нашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД
2Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазари
3ГРОМ со најостра осуда на новата кривична пријава против претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски
СветВашингтон во контакт со Куба по операцијата во ВенецуелаПретседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека неговата администрација е во контакт со властите во Куба за можна „зделка“, по американската воена операција во Венецуела во која беше заробен Николас Мадуро.- Наскоро ќе дознаете. Разговараме со Куба и набргу ќе се знаат деталите, одговори Трамп на новинарско прашање за природата на договорот што Вашингтон го бара од Хавана. Трамп, исто така, најави дека е можно во одреден момент да се сретне со привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, која во моментов ги извршува претседателските функции по падот на Мадуро. Од своја страна, Родригез порача дека нејзината влада мора да ја задржи политичката власт со цел да ја заштити стабилноста на земјата. САД претходно порачаа дека по падот на режимот на Мадуро, Куба повеќе нема да добива нафта и финансиска помош од Венецуела, повикувајќи ги властите во Хавана на брз договор со Вашингтон.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноИзвлечена е премија на лото, но добитникот не се јавува- нема кој да ги подигне 7,5 милиони долари Тикет од Лото Тексас вреден околу 7,5 милиони долари е продаден во продавница за храна во Хјустон, но добитникот сè уште не го добил џекпотот, соопштија претставници на Лотаријата на Тексас.Добитниот тикет, кој содржел случајни броеви, бил купен во продавницата Крогер на адреса Меморијал Драјв 14344. Тој се совпаѓа со сите шест броеви извлечени во извлекувањето на Лото Тексас на 5 септември: 14, 17, 25, 26, 30 и 37. Играчот ја избрал опцијата за готовина при купувањето на тикетот и има право на 3.971.819,05 долари пред оданочување. Сопственикот на тикетот има 180 дена од датумот на извлекувањето за да ја подигне наградата. Службениците ги повикаа сите што го имаат добитниот тикет да го потпише, да го чуваат на безбедно место и да размислат да побараат финансиски и правен совет пред да контактираат со Лотаријата на Тексас. „Освојувањето на џекпотот на Лото Тексас е секогаш голем момент и со нетрпение очекуваме да прославиме со играчот што го држи добитниот билет кога ќе дојде да ја земе својата награда“, рече Кортни Арбур, извршен директор на Одделот за лиценцирање и регулирање на Тексас, кој ја надгледува Лотаријата на Тексас. Џекпотот започна од рекламираните 5 милиони долари за извлекувањето на 12 август и порасна за 11 извлекувања пред да биде освоен во саботата навечер. Речиси 47.900 други билети на Лото Тексас, вклучувајќи ги и оние со функцијата Extra!, освоија пониски награди кои се движат од 2 до 11.813 долари на истото извлекување.Тагови: добитник лото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНашиот Македон на 12 години е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САДНа само 12 години, нашиот Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – , Baltimore, Maryland , USA. Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет. По тестирањето, Македон го доби и престижното признание „Гранд Хонорс / СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности. Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето. SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст. На само 11 години постигна и 1440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување. Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето. Со повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари, Македон продолжува да учи, да сонува и да ги поместува своите граници. Како родители, не можеме да бидеме погорди. Македон, продолжи да веруваш во себе. Ова е само почеток, објави на ФБ неговиот татко Владимир.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони килограми грозје веќе се во домашните винарии и на странските пазариОткупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски .Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови работат, а лозарите го предаваат својот род, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при денешната посета на неколку откупни места во Кавадарци, каде непосредно се запозна со текот на приемот и преработката на грозјето. „Лозарите немаат никаква корист од политичкиот натпревар во кој од изолирани случаи се конструира слика дека откупот се одвива отежнато или дека е запрено преземањето на вранецот. Таквите тврдења не одговараат на фактите од откупните места“, изјави министерот Серафимовски. Тој информираше дека според најновите податоци, 14 винарии на 19 откупни места досега откупиле и преработиле над 35 милиони килограми грозје. Околу 15 милиони килограми се црвени сорти, меѓу кои доминантно е застапен вранецот, додека над 20 милиони килограми се бели сорти. Дополнително, винариите од сопствените лозови насади собрале и преработиле над седум милиони килограми грозје, од кои 3,1 милиони килограми црвено и 3,9 милиони килограми бело грозје. Уште 1,5 милиони килограми се откупени и преработени од страна на семејните винарии. Вкупното количество набрано и преработено во домашните винарии со тоа надминува 43,5 милиони килограми. „Значаен дел од овогодишниот род добива пласман и надвор од домашниот пазар. Досега се извезени над 10,5 милиони килограми винско и трпезно грозје. Кога ова количество ќе се додаде на родот преземен и преработен од домашните винарии, вкупно досега од лозовите насади се набрани над 54 милиони килограми грозје“, рече министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Државниот инспекторат за земјоделство засилено го следи целиот процес и секојдневно се вршат контроли на 19-те откупни места низ државата, при што се проверуваат мерењето, класификацијата, документацијата, евиденцијата и почитувањето на условите за откуп. „Ги повикувам лозарите секој конкретен проблем веднаш да го пријават до Министерството или до Инспекторатот. Секоја конкретна забелешка од лозарите се проверува и за секоја утврдена неправилност ќе има соодветно постапување“, рече министерот Серафимовски. Коментирајќи ги политичките реакции за текот на откупот, министерот Серафимовски оцени дека Левица преку селективни и драматизирани објави се обидува да создаде паника, без да понуди применливо решение за откуп, финансирање или сигурна исплата. Според него, партијата го нарекува лозарот статист, а истовремено го претвора во дел од сопствената политичка претстава. „Со паника не се откупува ниту еден килограм грозје, не се отвора откупен пункт и не се обезбедува исплата. Додека Левица се занимава со политичка режија, лозарите го предаваат родот, визбите вршат прием и откупот континуирано продолжува“, истакна министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на ставовите изнесени од опозицискиот СДСМ, Серафимовски посочи дека оваа партија во текот на седумгодишното владеење не изградила стабилен систем на договорно производство, сигурен пласман и рамноправен однос меѓу лозарите и откупувачите. Тој оцени дека зад претходната власт останале наталожени проблеми и Закон за вино кој не ги затворил клучните слабости во секторот. „СДСМ денес најгласно зборува за прашањата што не успеа да ги реши додека ја имаше одговорноста. Сопствените пропусти не можат да се преименуваат во туѓа вина, ниту проблемите оставени со години да се претставуваат како да настанале денес“, порача министерот Серафимовски. Тој нагласи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и надлежните институции остануваат целосно ангажирани до крајот на бербата, со очекување откупот во следните денови да продолжи со уште поголема динамика. „До лозарите упатувам апел продолжете да го предавате родот и пријавете го секој конкретен проблем на откупните места. Не дозволувајте непроверени и политички режирани објави да внесуваат неизвесност во деновите кога се вреднува вашиот целогодишен труд. Откупот тече, пунктовите работат, а нашата цел останува грозјето да добие пласман, а лозарите сигурна и навремена исплата за вложениот труд“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00