3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
СветВашингтон со мешани сигнали за Гренланд: Од купување до воена интервенција Американската влада испрати противречни пораки во врска со плановите за стекнување контрола врз Гренланд. Додека Белата куќа не ја исклучува употребата на воена сила, државниот секретар на САД Марко Рубио . Американската влада испрати противречни пораки во врска со плановите за стекнување контрола врз Гренланд. Додека Белата куќа не ја исклучува употребата на воена сила, државниот секретар на САД Марко Рубио зборува за потенцијално купување на оваа данска територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции за постигнување на оваа „важна надворешнополитичка цел“. – Секако, употребата на американската војска е секогаш опција што му стои на располагање на врховниот командант, нагласи Левит. Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио, кој истовремено ја извршува и функцијата советник за национална безбедност, на затворена средба со конгресмените истакнал дека неодамнешната реторика не треба да се толкува како најава за воена инвазија. Според извештаите на „Волстрит Џурнал“ и „Њујорк Тајмс“, кои се повикуваат на упатени извори, примарната цел на Вашингтон останува купувањето на островот. Трамп веќе побарал од своите соработници да достават ажуриран план за преземање на Гренланд, идеја која тој ја промовираше уште за време на неговиот прв претседателски мандат. Како причина за ваквиот интерес се наведува заштитата на националната безбедност на САД. Остра реакција од Европа Седум европски лидери вчера изразија силна солидарност со Гренланд по повторените закани од Трамп. Во заедничката изјава потпишана од лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска, Шпанија, Велика Британија и Данска, се нагласува дека суверенитетот на територијата е неповредлив. „Гренланд им припаѓа на своите граѓани. Единствено Данска и Гренланд можат да одлучуваат за прашањата што ги засегаат“, се наведува во соопштението, во кое се повикува на почитување на Повелјата на ОН и територијалниот интегритет. Европските лидери потсетија дека Кралството Данска, вклучително и Гренланд, е дел од НАТО и дека безбедноста на Арктикот мора да се решава колективно со сојузниците. Данската премиерка Мете Фредериксен упати сериозно предупредување дека каков било напад од страна на САД врз друга земја-членка на НАТО би значел крај на западната одбранбена алијанса и колапс на безбедносната архитектура воспоставена по Втората светска војна. Тагови: Гренланд САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter