Вашингтон и Пекинг во вербална војна за Ковид-19! - Канал 5

Вашингтон и Пекинг во вербална војна за Ковид-19!

И додека светот бара одговор на глобалната епидемија, двете најмоќни земји на планетата се конфронтираат околу тоа како треба да биде наречен Ковид-19.

Вашингтон и Пекинг во вербална војна за Ковид-19!

Според пишувањето на неколку светски медиуми, средбата на Г-7 на ниво на шефови на дипломатии, завршила со фијаско, откако Вашингтон инсистирал, а Пекинг не прифатил заразата да се нарече Вухан вирус. Средбата резултирала со 4-часовна видео конференција, на која не била усогласена заедничка изјава. Според Шпигел, фразата Вухан вирус била оценета како стигматизирачка и не била прифатена од членките, иако САД одлучија унилатерално да продолжат да го користат.

-Оваа криза почна во Вухан, Кина. Кинеската комунистичка партија вели дека САД го донеле вирусот во Кина. САД сакаат да работат со сите земји, вклучително и со Кина да најдеме решенија поголем број луѓе да останат живи, да оздрават и потоа да ги обновиме нашите екомомии, погодени од Вухан вирусот., изјави Мајк Помпео, државен секретар на САД

САД во меѓувреме станаа шеста држава во светот според бројот на починати. Регистрирани се 1.030 жртви и 70 илјади заразени, а Сенатот синоќа усвои историски пакет од 2.200 милијарди долари за помош на економијата. По благиот пад на заразени и починати во Италија, Шпанија и натаму го потврдува статусот нов епицентар на заразата во Европа, откако регистрираше нови 655 жртви.

-Разговарав со моите другари, кои се уште велат дека кога ќе чујам вести дека помладите не заболуваат тоа е само анегдота, дека тоа не му се случува секому. Ако тие искусат еден ден од она што јас го искусувам 10 дена, сигурно ќе го сменат мислењето, вели Оливер Камерино, пациент од Шпанија

Од светската здравствена организација синоќа апелираа до светските земји дека самоизолацијата не е доволна и дека купеното време од седењето во карантин треба да се искористи да се нападне вирусот.

-Да се бара од луѓето да останат дома и да се спречи движето на населението е купување време за да се редуцира притисокот врз здравствените системи. Но тие мерки, сами по себе нема да ја отстранат епидемијата, кажа Тедрос Адханом Гебрејесус, шефот на СЗО

Во соседството Србија регистрираше две нови жртви. Црниот биланс во регинот и натаму е најзастапен во Грција, кој изнесува 23-ца починати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер