Вашето здравје во сигурни раце – бесплатни консултации и намалени цени за онколошките пациенти - Канал 5

Вашето здравје во сигурни раце – бесплатни консултации и намалени цени за онколошките пациенти

Според истражувањата, во текот на животот еден од пет мажи и една од шест жени ќе заболат од карцином. Малигните болести, според стапката на смртност, се на високото второ место, веднаш зад кардиоваскуларните болести. 

Вашето здравје во сигурни раце – бесплатни консултации и намалени цени за онколошките пациенти

Бројките се загрижувачки, но онколозите охрабруваат дека денес имаме можности за користење современи дијагностички методи за рано откривање и современи начини на лекување на малигните болести. Во месецот посветен на борбата за подигнување на свеста за редовни прегледи и превенција од карцином, како и Светскиот ден за борба против канцер (4 февруари) Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува кампања под слоганот „Вашето здравје во сигурни раце“ . За време на кампањата, која ќе трае во наредните три месеци, за сите пациенти кои имаат потреба од онколог ќе следуваат бесплатни консултации (вторник и четврток) во тек на еден месец и намалување на цените за 20% за зрачна и хемотерапија во тек на 3 месеци, како и ваучер за третман во Центарот за онкологија и радиотерапија за сите оперирани пациенти во болницата.

„Со оваа активност сакаме да им овозможиме на пациентите со малигни болести да добијат стручен совет, како и информација за можностите за лекување “ – изјави д-р Дева Петрова, онколог во „Аџибадем Систина“.

Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“, кој функционира од 2013 година, овозможува третман на малигни болести според светски стандарди, стручен кадар и современа технологија. На едно место пациентите без чекање можат да добијат комплетна услуга, почнувајќи од програма за превентивни прегледи, дијагноза со најсовремена технологија и лекување според светски усвоени протоколи.

МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП

Во Центарот за онкологија и радиотерапија третманот на пациентите со малигни заболувања се планира мултидисциплинарно со функционирање на онколошки конзилиум од доктори специјалисти од различни области. Онколошкиот третман спроведен во Центарот за онкологија и радиотерапија од страна на нашиот стручен тим подразбира апликација на лекови интравенски или орално. Тука спаѓа: хемотерапија, хормонска терапија, имунотерапија и биолошки третман.

РАДИОТЕРАПИЈА

Во нашиот онколошки центар постои можност и за спроведување зрачна терапија со користење современи техники на планирање со помош на акцелераторот Trilogy, линеарен акцелератор за прецизна зрачна терапија на тумори, со мал волумен кој во исто време обезбедува максимална заштита на околното здраво ткиво. За време на третманот TRILOGY може да ја менува позицијата и да го зрачи туморот од повеќе агли. Со менување на аголот, зрачењето целосно го опфаќа делот што се зрачи, а се штити здравото ткиво. Со ова се зголемува успехот на лекувањето.

НОВИНИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ

Мултигенетските тестирања стануваат реалност за пациентите со малигни болести, тие тестови се достапни во нашата болница и ни помагаат во индивидуализирање на третманот на пациентите со малигни болести.

Закажување бесплатна консултација на 02/ 30 99 500

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството.

Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет

Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во 2025 година надмина 1,2 милијарди денари, евидентирани се 53 раскинати концесиски договори, а во 2026 година инспекцискиот капацитет е зајакнат со тројца дополнителни инспектори.

Со новиот Тарифник, во примена од 1 јануари 2025 година, кај металичните минерални суровини концесискиот надоместок е зголемен од 2% на 4%, а кај мермерот од 1% на 5%. Со овие измени се зголемува финансиската обврска на концесионерите за користењето на природните ресурси, како и придонесот што државата го остварува од нивната експлоатација.

Вкупната наплата од концесиски надоместоци во 2024 година изнесувала околу 561,5 милиони денари, а во 2025 година достигнала околу 1,222 милијарди денари. Тоа претставува зголемување од повеќе од 660 милиони денари, независно од даноците и придонесите што компаниите ги плаќаат по други основи.

Паралелно со подобрената наплата, Министерството постапува и во однос на концесиските договори. Растот на наплатата произлегува од повисоките надоместоци, засилените теренски проверки, писмените опомени и поодлучното постапување кон концесионерите што не ги исполнуваат обврските. Раскинувањето на договорите и зајакнувањето на инспекцискиот надзор се дел од пристапот во кој концесијата подразбира јасни обврски, а плаќањето надоместок не ги ослободува операторите од исполнување на техничките услови и обврските за заштита на животната средина.

За долгорочно и системско уредување на секторот е донесена Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини за периодот 2026–2046 година, со експертски придонес од МАНУ, а за документот е спроведена стратегиска оцена на влијанието врз животната средина и јавна расправа. Стратегијата ги поврзува економските цели со заштитата на животната средина и социјалните аспекти, а содржи и акциски план за периодот 2026–2030 година. Таа обезбедува рамка за планирање, спроведување и следење на мерките за развој на секторот.

Министерството работи и на нови законски решенија во областа на рударството и геологијата. Предложената рамка предвидува финансиско покритие од 100% на проценетите трошоци утврдени со соодветниот план за управување со рударски отпад и поврзаните обврски. Со тоа, наместо сегашниот модел во кој гаранцијата изнесува околу една третина од проценетите трошоци, финансиската обезбеденост би била приближно трипати построга. Целта е да се зајакне финансиската одговорност на операторите и навреме да се обезбедат средства за санација, рекултивација и обврските по затворањето на рударските капацитети.

Во подготовката на законските решенија беше овозможено учество на јавноста преку ЕНЕР, вклучително и на експерти, општини, компании, граѓански организации и поединци. На веб-страницата на Министерството се објавени регистри на концесиски договори, список на одземени концесии, како и регистри на овластувања и лиценци за рударски проекти и геолошка документација. Објавувањето на овие документи овозможува проверка на конкретни информации и придонесува за поголема транспарентност во секторот.

Минералните суровини имаат потенцијал да поттикнат инвестиции, отворање работни места и развој на домашната економија. Сепак, економскиот потенцијал на одреден проект не ги заменува законските услови за негово одобрување и реализација. Секој проект мора да се разгледува и од аспект на влијанијата врз водата, почвата, воздухот, здравјето на луѓето, земјоделството и другите дејности во засегнатото подрачје.

Потребно е јасно да се разликуваат геолошкото истражување, просторниот план, концесијата и дозволата за експлоатација, бидејќи секој од овие инструменти има различна правна функција. Наведувањето минерално наоѓалиште или рударска намена во плански документ само по себе не претставува дозвола за отворање рудник. Исто така, концесијата не ги заменува другите задолжителни постапки, еколошки акти и одобренија.

Министерството постапува во рамките на своите законски надлежности, додека постапките за заштита на животната средина се водат пред надлежните органи за животната средина. Надзорот го вршат два посебни инспекциски органи, секој во рамки на своите надлежности: Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини (рударски, геолошки и технички прописи) и Државниот инспекторат за животна средина (заштита на животната средина). Кадровското зајакнување на првиот ќе продолжи. Секоја институција е одговорна за законитоста, утврдените услови и образложението на актите што ги донесува. Прашањата на граѓаните поврзани со водоснабдувањето, земјоделството, отпадот и локалниот развој заслужуваат сериозен третман и конкретни, проверливи одговори.

Министерството укажува дека партизацијата на ова прашање и ширењето површни или непроверени информации ја отежнуваат информираната јавна расправа. Поистоветувањето на плански документ со дозвола за отворање рудник е правно погрешно и создава неоправдан страв кај граѓаните. Политичките партии, вклучително и опозицијата, имаат одговорност своите ставови да ги темелат на документи и проверливи факти, а не на селективно избрани податоци и политички квалификации. Користењето на загриженоста на граѓаните за придобивање гласачи, наместо за разјаснување на фактите, претставува злоупотреба на тема од сериозен јавен интерес.

Граѓаните имаат право да очекуваат одлуките да се носат врз основа на закон, стручна оценка и јасно утврдени услови. Секоја постапка во надлежност на Министерството ќе се води согласно важечките законски прописи и применливите европски стандарди за заштита на животната средина и безбедност. Министерството нема да носи одлуки ниту по налог на инвеститор, ниту под политички притисок, туку исклучиво согласно закон и во јавен интерес. Министерството останува отворено за комуникација со граѓаните, локалните заедници, стручната јавност и граѓанските организации и ќе продолжи да дава конкретни одговори во рамките на своите надлежности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС

Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата.

Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ.

Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам.

Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат.

Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна.

Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција?

А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“.

Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.

Москва цел на масовен напад со 862 украински дрона

Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година.

Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер