Вашето тело знае пред вас: Хормоните може да откријат дека прекинот е близу - Канал 5

Вашето тело знае пред вас: Хормоните може да откријат дека прекинот е близу

Велат дека треба да си ја слушате интуицијата, но можеби би било уште подобро да ги слушате сопствените хормони. 

Вашето тело знае пред вас: Хормоните може да откријат дека прекинот е близу

Експертот за хормонално здравје, Мајк Коксис, од британската компанија „Balance My Hormones“, објаснува како нашето тело, преку хормонски промени, може да сигнализира дека нешто не е во ред во врската, дури и пред да бидеме свесни за тоа.

Ако се чувствуваме исцрпено дури и по добар сон или сме постојано вознемирени, особено во присуство на партнерот, постои голема веројатност нашите нивоа на кортизол - хормонот на стрес – да се значително покачени.

„Кортизолот е главниот хормон на стресот. Неговата функција е да ви помогне да бидете внимателни и брзо да реагирате во опасни ситуации, но ако сте во врска што делува несигурно, непредвидливо или премногу бара труд, телото може да ги перцепира секојдневните интеракции како закана“, изјавува Коксис за „Мирор“. „Затоа постојано сте во блага состојба на „бори се или бегај“.

Кога „пеперутките“ не се среќа, туку тревога

„Возбудата од новата врска може да биде прекрасна, но ако постојано бркате возбуда и постојано барате потврда преку еуфорија, можеби сте во нездрав модел на однесување“, предупредува експертот. „Допаминот е невротрансмитер, хемиска супстанца во мозокот која игра клучна улога во регулирање на расположението, одговорна за чувствата на задоволство и награда. Често се меша со вистинската страст, но може да го следи моделот на зависност: ненадејни издигнувања и падови“, објаснува Коксис.

Од друга страна, ако во врската сме почесто иритирани или потиштени,отколку насмеани, можеби нивото на серотонин е ниско токму поради таквата врска.

„Серотонинот го регулира расположението, сонот, емоционалната рамнотежа, па дури и меморијата. Високите нивоа на серотонин се карактеристични за среќни и стабилни врски. Меѓутоа, ако врската е извор на несигурност, емоционална исцрпеност и постојани конфликти, нивоата паѓаат, а последиците се раздразливост, нестабилност и симптоми на депресија“, вели Коксис.

Ако сексуалните односи со нашиот партнер одеднаш станат напорни или ни изгледаат како обврска, ова може да биде и порака од нашето тело дека нешто не е во ред.

Кога повеќе не чувствуваме поврзаност

Освен хормоналните промени, постојат и други знаци дека врската можеби завршува. Емоционалната дистанца од партнерот може да биде привремена, но понекогаш укажува на подлабок проблем што не треба да се игнорира.

Горчината може да биде и предупредувачки знак. Ако чувствуваме огорченост што не исчезнува, време е да се запрашаме зошто. „Огорченоста не исчезнува сама од себе. Треба да дојдете до нејзиниот извор и отворено да разговарате за неа за да видите дали е можно да простите. Не ги потиснувајте вашите чувства“, изјавил Џесен Џејмс, поранешен психијатриски техничар и стручњак за човековото однесување.

И ако расправиите никогаш не се решат и постојано чувствуваме дека сме во маѓепсан круг, тоа е уште еден показател дека врската можеби повеќе не функционира. „Ако постојано влегувате во истите конфликти и чувствувате дека се вртите во место, запрашајте се дали врската ви користи вам и на партнерот. Ако не, можеби е време да се разделите пријателски“, заклучува Џејмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. 

Вулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)

Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф.

Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва.

Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури.

Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја.

Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. 

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!

Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење!

Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници!

Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град.

Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани!

Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен.

Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре.

Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат!

За Скопје што дише.

За генерациите што доаѓаат.

Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. 

Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот

Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф.

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер