ЗабаваВашето име и презиме ќе ви откријат дали ви е судно да имате многу пари Дали лесно во животот ќе дојдете до пари или ќе мора да се мачите за секој денар, може да ви открие комбинацијата на броевите на вашето име.Како да пресметате:Прво напишете ги вашето име и презиме, па во низата подолу пронајдете го бројот кој одговара на секоја буква. Соберете ги броевите од името и презимето одвоени, а потоа соберете ги тие два броја. Собирајте додека не добиете едноцифрен број. А, И, Ј = 1 Б, К, Р =2 Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3 Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4 Е, Х, Н, Њ = 5 У, В = 6 О, З, Ж, Ѕ = 7 Ф, П = 8 Еден Единиците настојуваат секогаш да бидат први. Се трудат совршено да ја извршуваат својата работа, бидејќи од тоа зависи нивното самопочитување. Работодавачите многу ги цената луѓето со број 1. Повеќе ги интересира самата рабоата отколку стекнувањето капитал. Два Двојките секогаш до себе имаат партнери кои им помагаат да дојдат до пари. Нивните партнери или ги издржуваат или ги вработуваат или им обезбедуваат услови за реализација на своите деловни потенцијали. Способноста на Двојките најмногу доаѓа до израз во тим, па така тие најмногу ќе заработуваат и напредуваат како тим. Три Тројките многу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат само кога ќе им тргне од рака бизнисот да го поврзат со својата голема потреба да се забавуваат. Без талент и среќа, Тројките живеат од споредни, несигурни заработки. Богатството ќе го стекнат само ако имаат вистински талент или луда среќа. Четири Четворките до ништо во животот не стигнуваат лесно. Мораат да вложуваат многу напори за секој успех. Тие мора да одбиваат работи кои вистински ги привлекуваат поради сигурни и подобро платени работи. Четворките се големи работници. Нивниот успех секогаш ќе биде оправдан и заслужен, но судбината, за жал, не ги наградува секој пат. Пет Петките се опуштени личности, па најголемите заработувачки ги чекаат на патувањата и во странство. Петките лесно ја менуваат дејноста, па никогаш нема да бидат сиромашни. Имаат многу таленти кои добро се плаќаат. Шест Шеската бара истомисленици и поврзаност. Затоа најчесто успесите ќе ги постигнуваат низ семејниот бизнис, а ако се занимаваат со некоја креативна работа, тогаш низ ко-авторство. Парадоксот на Шестката е во тоа дека што повеќе даваат, толку повеќе имаат, па ако не успеат да работата во заедница, може да се случи целиот живот да го поминат во сиромаштија. Седум Главна особина на Седмицата е аналитичност. Финансиите не ги интересираат премногу. Во состојба се да работата само за идеи. Ќе ја жртвуваат благосостојбата за да се занимаваат со нешто што навистина го сакаат и во тоа веруваат. Осум Осмиците секогаш тежнеат кон материјални и конкретни резултати. Ним им е најважно да е добро платено она што го работат. Никогаш ништо не работат од чист ентузијазам, бидејќи работа заради работа воопшто не ги привлекува. Целиот живот можат да работат нешто што суштински не ги интересира само ако е добро платено. Девет Од една страна Деветките, тежнеат за работа која ќе има глобално влијание и помош кои ќе можат да го усреќат целото човештво, а од друга страна тежнеат таквата дејност да им донесе брз, лесен и голем профит.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЏебен часовник од „Титаник“ би можел да достигне цена од 80.000 долари: Еве чија сопственост билЏебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември.Џебен часовник што ѝ припаѓал на патничката во трета класа Мери Манган на легендарниот брод Титаник, која настрадала при потонувањето на „големиот брод во 1912 година, ќе биде понуден на аукција во Обединетото Кралство на 21 ноември, се очекува да достигне цена од речиси 80.000 долари. Тогаш 32 годишната Мери Манган сопственичката на часовникот, била патничка во трета класа на бродот, кој потонал во април 1912 година – катастрофа во која животот го загубиле 1.500 луѓе, пренесува DPA. Манган, која била родена во Ирска, патувала со поголема група патници од округот Мајо во западна Ирска – група што денес е позната како „Адергул 14“ (Addergool 14). Во нејзината група биле и Кетрин Мекгован, братот и сестрата Џон и Мери Бурк, како и поранешната сопруга на Бурк, Кетрин. Манган се преселила во Соединетите Држави, но се вратила во Ирска на почетокот на 1912 година за да го посети своето семејство; таа се качила на „Титаник“ во Квинстаун (денес Коб) во јужниот дел на земјата. Џебниот часовник од жолт метал, на кој се врежани иницијалите „ММ“, е силно кородиран поради времето поминато во водите на Северниот Атлантик. Телото на Мери Манган било извлечено од бродот за поставување кабли „CS Mackay-Bennett“, а потоа, на 22 април 1912 година, било погребано во морето. Часовникот бил пронајден на нејзиното тело и, заедно со други лични предмети, им бил вратен на нејзиното семејство. Во текот на неколку недели, часовникот бил изложен – како дел од збирка посветена на Манган – во „Titanic Belfast“, туристичка атракција во Белфаст, Северна Ирска. На барање на семејството, аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ ќе го понуди часовникот на продажба на аукција во Девајзис, Вилтшир, во сабота, на 21 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Автомобилизам„Bugatti“ ги праша клиентите дали сакаат електричен автомобил: Одговорот е изненадувачкиНајновите информации покажуваат дека автомобилската компанија „Bugatti“има распродадено сè до крајот на 2027 година, а купувачите стануваат сè помлади. Кога се спомнува типичен сопственик на „Bugatti“, многумина замислуваат постар милијардер кој со децении го градел своето богатство и во својата гаража чува колекција од скапи автомобили. Сепак, купувачите на овој француски производител на хиперавтомобили стануваат помлади; нивната просечна возраст е намалена од 52 на само 42 години. Овој податок го откри Саша Деринг, директорот на Bugatti за американскиот пазар, во интервју за ABC News. Според него, постои зголемен интерес од помлади, исклучително богати купувачи. Сепак, овие нови купувачи не мора нужно да ги заменуваат постојните колекционери. Дури 35 отсто од клиентите поседуваат најмалку два автомобили од марката Bugatti, додека речиси 70 отсто од оние што го нарачале новиот модел „Tourbillon“, претходно веќе поседувале возило од овој бренд. Еден неименуван колекционер од Северна Америка во својата гаража чува дури 14 автомобили од марката „Bugatti“. Можеби најинтересното откритие е тоа што помладите купувачи не инсистираат на електрификација. На прашањето дали некој побарал целосно електричен Bugatti, Деринг даде краток одговор: „Не“. Новиот Bugatti Tourbillon комбинира 8,3-литарски V16 мотор без турбополнач – развиен во соработка со Cosworth – со електрични мотори. Хибридниот систем испорачува вкупна моќност од 1.800 КС. Јасно е дека купувачите сè уште ги посакуваат звукот, карактерот и емоцијата што ги нуди еден голем мотор, дури и во автомобил што вклучува електрификација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08