Васев: Стечајниот управник Мицкоски и неговиот шеф Груевски ја задолжија и партијата и државата, тие не можат да водат држава никаде, освен во пропаст

Зад мене е белиот дворец, седиштето на некогаш најбогатата партија во Европа која 11 години ја опустоши државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните, рече Стефан Васев од СДСМ.

Денес е седиште на партија должник во огромен долг од 8 милиони евра!

Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на неговиот шеф, Никола Груевски - осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ!

За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава од 2006 до првиот квартал од 2017 порасна од околу 2,5 милијарди евра, на околу 7,7 милијарди евра, или за повеќе од 5 милијарди евра!

За истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, споменик-симбол на нивниот криминал и корупција.

За тоа како и на кој начин се финансирала изградбата покажува предметот Талир за кој случајно или не, не е одржано ниту едно судско рочиште.

Затоа Законот за ЈО е многу важен и затоа ВМРО-ДПМНЕ толку се плаши од него, ќе одговараат!

ВМРО-ДПМНЕ се најнедомаќинска и најрасипничка партија!

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?!

Ако својата партија ја задолжиле со 8 милиони евра, што би се случило со државниот буџет? Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти?

Тие не можат да водат држава никаде освен во пропаст.

Затоа граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 12 април повторно ќе бидат казнети криминалните политики. Граѓаните нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата.

На 12 април граѓаните гласно ќе порачаат: режим никогаш повеќе!, рече Васев.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер