Варвициотис: И дома и надвор нашата позиција за Договорот од Преспа е иста - Канал 5

Варвициотис: И дома и надвор нашата позиција за Договорот од Преспа е иста

И од лево и од десно нѐ обвинуваат за нашата позиција за Договорот од Преспа, која останува иста дека е лош договор со многу проблеми.

Варвициотис: И дома и надвор нашата позиција за Договорот од Преспа е иста

Ова го вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за радиото „Канал еден", одговарајќи на обвинувањата од поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос дека актуелната Влада продолжува со „познатата тактика на двојазичност", односно дека е со двојни стандарди во однос на Преспанскиот договор, jави дописничката на МИА од Атина.

– Не одиме надвор да кажуваме едно и доаѓаме во Грција да кажуваме комплетно различни работи. (Грчкиот премиер) Кирјакос Мицотакис вчера кога се сретна со (премиерот) Зоран Заев, му кажа јасно: „Јас немаше да го потпишам Договорот од Преспа, но од моментот кога земјата го потпиша и е ратификуван од грчкиот Парламент со законски процедури, ме обврзува". Ова не е некоја двојазичност, истакна Варвициотис.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто рече дека „соседите уште го немаат спроведено Договорот од Преспа", односно не се сменети „табелите на спомениците, имињата на улиците и не се отстранети симболите од многу јавни објекти".

За обвинувањата од Катругалос во однос на комисиите што произлегуваат од Договорот од Преспа, Варвициотис објасни дека во однос на онаа што се однесува на учебниците, новата Влада дојде на власт во летниот период, истакна дека учебниците, не се прават за еден во лето, непосредно пред да се отворат училиштата во септември, туку тоа е процес за кој се потребни се месеци за подготовка.

– Министерството за надворешни работи и господинот Катругалос како министер за надворешни работи, од февруари, кога се ратификуваше Договорот од Преспа во грчкиот Парламент не направи никаков потег за другата страна да ги смени учебниците. И сега нѐ повикува нас, зошто ние во август не побаравме од Скопјаните да не ги печатат книгите што ги имаа подготвено, туку да седнат да напишат нови книги и за еден месец да ги напишат, да ги издадат и да ги поделат на учениците, рече Варвициотис.

Во однос на Комисијата за трговските ознаки, алтернативниот шеф на грчката дипломатија вели дека во јуни се одржа средба за запознавање и закажале следен состанок за ноември. Варвициотис објасни дека ова се должи на фактот што шефицата на комисијата од грчка страна, избрана од претходната Влада, има недостиг на слободно време, затоа што е во Њујорк, бидејќи таму се „професионалните интереси".

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија уште еднаш го повтори ставот дека Владата ќе се обиде да ги ублажат „негативните последици од лошиот Договор од Преспа за грчките граѓани и грчките интереси".

– И секако ќе притиснеме да се спроведат оние параметри и она што е предвидено од Договорот од Преспа, кои соседите Скопјани не би сакале многу да се спроведат, рече Варвициотис./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со Црвениот крст, подели социјални пакети со прехранбени производи на 50 пензионери со минимални пензии.

Герасимовски: Социјални пакети за 50 пензионери во социјален ризик, Центар продолжува грижата за повозрасните граѓани

„Солидарноста и грижата за повозрасните граѓани треба да бидат наша секојдневна обврска. Во време кога изостанува потребната социјална грижа од државата, ние како локална самоуправа сме тука да помогнеме.

Годинава ја зголемивме еднократната финансиска помош за пензионерите на 5.000 денари, како што и ветивме. Со овие пакети сакаме да им дадеме дополнителна поддршка на нашите пензионери, особено во пресрет на новогодишните празници. Ова е дел од низата хуманитарни активности што ги подготвуваме во овој период“, порача Герасимовски.

Со оваа акција Општина Центар ја потврдува посветеноста на социјална поддршка за најранливите категории граѓани. Преку соработката со Црвениот крст, општината продолжува да ја поттикнува солидарноста и хуманоста, затоа што и малата помош може да значи многу за оние на кои им е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година.

Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови.

Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени.

Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек.

Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина.

За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер