Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
2Министерство за енергетика: Повеќе од двојно зголемена наплата од концесии, 53 раскинати договори и зајакнат инспекциски капацитет
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
БалканВарвициотис: Го следиме секој чекор на СкопјеПојава на иредентизам и прекршување на владеењето на правото може да имаат директно влијание врз пристапниот процес во ЕУ за соседната земја.Ова го вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз" и додава дека актуелната грчка влада „го следи секој чекор на владата на Скопје", jави дописничката на МИА од Атина. Варвициотис го повторува ставот дека наследиле лош договор кој владата на СИРИЗА го потпиша „откажувајќи се од преговарачките оружја и националните позиции на земјата, констатирани со Времената спогодба и во Букурешт". -Нашата влада го следи секој чекор на владата на Скопје и во секој случај нема да дозволи да се изразат појави на иредентизам и прекршување на владеењето на правото, што ќе имаат директно влијание врз нејзиниот интегративен процес во Европската унија. Веќе внимателно ја следиме елиминацијата на сите архаични симболи од јавните места кај соседот. На крај, нашата главна цел е заштита на грчките производи и грчките трговски ознаки, прашања што владата на Ципрас ги остави на нивната судбина, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалГрилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1. Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити. Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото. Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Култура„Набуко“ на сцената на Националната опера и балетВечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината. Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров. Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. „Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода. Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.Тагови: Национална опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСан Сиро заминува во историја: Интер и Милан го претставија новиот стадионИталијанските фудбалски гиганти Интер и Милан го претставија изгледот на новиот заеднички стадион, кој ќе го замени познатиот Сан Сиро и ќе стане нивен дом од сезоната 2031/2032.Новиот објект ќе го носи името „Стадион Џенерали“ (Generali Stadium), според компанијата што ги обезбеди правата за спонзорство, а проектот ќе чини дури 1,2 милијарди евра. Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, што е малку помалку од сегашниот „Сан Сиро“, кој може да прими околу 75.000 гледачи. Сепак, архитектонското решение е осмислено така што на навивачите ќе им овозможи уште поинтензивно доживување на натпреварите, како и атмосферата по која е познат фудбалот во Милано. Проектот е претставен од реномираниот архитект Норман Фостер и експертот за стадиони Дејвид Маника. Идејата е трибините да бидат што е можно поблиску до теренот, а особено впечатлив е нагибот од 37 степени зад головите, што дополнително ќе го засили чувството на блискост со играчите. „Најважното нешто што го сфативме за време на процесот на проектирање е дека ’Сан Сиро‘ е чувство. Тоа е многу повеќе од обична градба. Сè што направивме беше насочено кон пренесување на тоа чувство на новиот стадион“, изјави Маника. Посебно внимание е посветено на акустиката. Покривот ќе ги покрива трибините, додека теренот ќе остане отворен, а конструкцијата ќе биде дизајнирана така што ќе го засилува хукот на навивачите и ќе создава атмосфера што потсетува на онаа по која „Сан Сиро“ е познат со децении. „Сакам навивачите да дојдат на новиот стадион и повторно да ја почувствуваат истата возбуда, да почувствуваат дека објектот живее и дише заедно со нив, исто како што е случајот и денес“, додаде Маника. Новиот дом на ривалите од Милано нема да биде наменет исклучиво за фудбал. На стадионот ќе може да се организираат натпревари во американски фудбал, рагби, како и големи музички концерти. Интер и Милан издвоија 197 милиони евра за купување на постоечкиот стадион и земјиштето околу него. Предвидено е изградбата на новиот објект да започне во 2028 година, а вкупната инвестиција ќе изнесува 1,2 милијарди евра. Овие работи ќе го означат крајот на една голема ера на европскиот фудбал. „Сан Сиро“, познат и како стадионот „Џузепе Меаца“, е отворен во 1926 година и во текот на речиси еден век бил поприште на бројни историски натпревари.Тагови: Интер Милано Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24