3Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат
ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно; неисполнувањето на нормите резултира со казнување
Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
1ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно; неисполнувањето на нормите резултира со казнување
2Дали спиете многу, а сепак постојано се чувствувате уморни? Научниците открија специфична форма на депресија
ЖивотВартоломеј:Се надевам дека новиот папа ќе го продолжи и негува дијалогот меѓу Истокот и ЗападотСе надевам дека новиот папа ќе го продолжи, ќе го промовира и ќе го негува дијалогот меѓу Истокот и ЗападотНадеж дека со новиот папа Лав Четиринаесетти ќе продолжи и соработката и дијалогот, изрази вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој говореше на настан во Атина организиран во негова чест, што се одржа синоќа, кусо откако излезе белиот час од Сикстинската капела, со што се осврна и на изборот на новиот папа, јави дописничката на МИА од Атина. - Се сеќавам од она што го научив во Рим дека Лав Тринаесетти бил познат по своето социјално учење и општествениот придонес. Се надеваме дека Лав Четиринаесетти ќе се поклони пред придонесот на црквата во светот, не само од општествена перспектива, туку со неговата улога и неговите дела, новиот брат, епископот од Рим дека ќе понуди одговор на егзистенцијалните проблеми, кои и денес продолжуваат да го загрижуваат човештвото, посочи Вартоломеј. Додаде дека новиот папа „потекнува од голема земја што е симбол на демократијата“ и изрази надеж дека во својата црква и низ целиот свет ќе ги всади „универзалните идеали за слобода, еднаквост, правда и солидарност“, но и да помогне во запирањето на војните во Украина и на Блискиот Исток и да се избегне разгорување на конфликтот меѓу Индија и Пакистан, а луѓето да живеат во мир. - Се надевам дека ќе започнеме нова страница и нова ера во нашите билатерални односи и во односите Исток-Запад, истакна Вартоломеј. Патријархот рече дека има намера да присуствува на устоличувањето на новиот папа и со него да разговара за продолжување на соработката, но и да го покани да дојде на Собирот во Никеја (Турција) и да ја посети Вселенската патријаршија. - Сега се надеваме дека (новиот папа) ќе сака, меѓу другото, да го промовира и негува дијалогот и пристапот меѓу Истокот и Западот. Имам намера да одам на неговото устоличување во следните денови и ќе имам можност да му предложам некои работи, секако да дојде во Никеја и да ја комбинира својата посета на Никеја со официјална посета на Вселенската патријаршија на нашиот престолен празник на Свети Андреј на 30 ноември, рече вселенскиот патријарх. Во говорот опширно се осврна на развојот на односите меѓу православието и католицизмот, истакнувајќи го напредокот постигнат во последните децении, а се задржа на делото на папата Франциск, со кој, како што рече се обиделе „во целосна хармонија и меѓусебно разбирање“ да го продолжат дијалогот. Истакна дека се сретнале над десет пати, а детално се задржа на средба во Ерусалим. - На мој предлог направивме поклонение во Ерусалим за да ја прославиме 50-годишнината од историската средба на нашите претходници, Атенагора и Павле Шести, што навистина беше историска средба на Истокот и Западот, по векови пред гробот на Исус. Двајцата клекнавме пред гробот и се помоливме за повторно обединување на нашите цркви и за целото човештво. Беш скромен човек, едноставен, со хумор, нагласи Вартоломеј.Тагови: Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФрчкоски: Мицкоски е во паника поради вистината за Алта банка, затоа се заканува на СДСММицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ.Мицкоски e во паника поради вистината за Алта банка. Приказната почна да се одмотува. Мицкоски и Славески мора да одговараат што дозволија влез на банка со сомнителен капитал – пералница на Вучиќ. Затоа Мицкоски се заканува на СДСМ на владини прес конференции и го повикува обвинителството да не гони. Таму си постави свои луѓе кои му работат на повик и по желба. Кога Мицкоски зборува за „саботажа“ и „загрозување на уставниот поредок“ по Член 315 од КЗ правно да му објасниме која е вистината: 1.Законското битие на делото подразбира дејствие кое мора да произлегува од злоупотреба на работното место/обврската што едно лице ја има кон субјектот што се оштетува, со намера да се сруши уставниот поредок. 2.СДСМ нема никакви извршни функции во институциите врзани со влезот на Алта за да можат да ги саботираат одвнатре. Ниту нашите јавни прес-конференции кои претставуваат транспарентно политичко дејствување се акт против државата. 3.Бидејќи „саботажа“ произлегува од злоупотреба на работното место или обврската што одредено лице ја има кон субјектот што се оштетува, тогаш повторно доаѓаме до Мицкоски и Славевски. Тие ги имале сите податоци на маса, сите информации, и сепак го дозволиле или овозможиле влезот на „Алта банка“ во македонскиот финансиски систем. Носењето потенцијално штетни одлуки од позиција на моќ и влијание внатре во институциите е суштина на членот 315. Значи со „саботажа“кај Мицкоски работи Фројд. Затоа, кога Христијан Мицкоски го повикува обвинителството, прво нека го повика во својата канцеларија, кај себе во Владата. Потоа може да ги упати и кај Трајко Славески, во Народната банка. Нека кажат што им донесе Вучиќ. Банка за перење пари од криминал и од корупција. Александар Вучиќ - „Оскар“, како што е препознаен како шеф на балканскиот нарко картел во Sky преписките, во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот го презеде управувањето со државата. Донесе соработници на БИА во владата на Македонија. Да ги застапува руските интереси. За сето ова Мицкоски знае дека ќе одговара еден ден. Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок. Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог. Вучиќ си го чува капиталот и си прави отстапница. Во Србија во моментов се апсат сите во полицијата што учествувале во такви нарачани апсења. Мицкоски, на Вучиќ ова не му успеа, а тебе уште помалку. Ќе одговараш за секој украден денар и за оваа изолација на земјата. За сè она што им го одзеде на младите и на иднината. За тоа што го загрози финансискиот систем и пензиите. За тоа што работниците се понижени. Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата, а судството и медиумите се под политичка опсада. Шефот Вучиќ се тресе, а и ти со него. Правдата доаѓа по своето. Доаѓа тоа време, знаеш и ти самиот. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор СДСМТагови: Јон Фрчкоски СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЕвропаЗакана со бомба: Авион на „Виз ер“ итно пренасочен кон ВенецијаЛет на „Виз ер“ од Прага кон Рим бил пренасочен кон Венеција по добиена закана со бомба, јавуваат италијанските медиуми. Авионот слетал, а полицијата врши проверки.Според медиумските извештаи, информацијата за присуство на експлозивна направа во авионот била добиена преку анонимен телефонски повик до контролната кула на аеродромот „Рим-Фјумичино“ – главниот аеродром што го опслужува италијанскиот главен град. Авионот требало да слета во главниот град во 11:00 часот. 📌 Wave of Hoax Bomb Threats Hits European Airports A Wizz Air flight from Prague to Rome was diverted to Venice following a bomb threat, Italian media reported. Czech police also received fresh threats targeting flights arriving at and departing from Prague Airport. Similar threats yesterday caused delays and security checks, all of which proved negative. No explosives were found, and airport operations continued with minimal disruption. At least 35 European flights faced similar hoax bomb threats between November 2 and 5, mostly involving low-cost carriers. The incidents affected airports in Rome, Sofia, Prague, Milan, Madrid and Warsaw, with diversions to Budapest, Plovdiv and Évreux. All searches reportedly found no explosives, while authorities continue investigating the threats. #WizzAir #Italy — Context 360 (@NewsContext360) November 6, 2026 По добиеното предупредување, надлежните одлучиле да го пренасочат леталото кон Венеција, каде што тоа во меѓувреме слета. Полициските служби во моментов вршат увид во авионот и багажот. This ✈️Wizz Air flight from 🇨🇿Prague to 🇮🇹Rome has signaled "squawk 7700" (general emergency) and diverted to Venice at 09:57UCT. The reasons are currently unknown, but it could potentially be a bomb threat. https://t.co/cSJ3QJctnk — Shortwave Observer (@shortwave78) November 6, 2026 Закани со бомби кон авиони над Франција и во Прага Француската влада денеска соопшти дека се регистрирани четири нови закани со бомби насочени кон авиони што летаат над Франција, додека чешката полиција предупреди на „нова закана“ поврзана со експлозивни направи во неколку авиони што пристигнуваат на аеродромот во Прага или заминуваат од него. Надлежните ги засилија безбедносните мерки, при што влијанието врз редовното одвивање на сообраќајот е минимално. Не е пронајден експлозив, а истрагата е во тек. Кабинетот на францускиот министер Себастиен Лекорну соопшти дека сите четири авиони слетале безбедно и дека тимови за деактивирање експлозивни направи вршат безбедносни проверки. Во тек е истрага за да се утврди потеклото на заканите, за кои француската влада наведува дека се пријавени ширум Европа. Полицијата во Прага преку платформата „X“ објави дека добила пријава за можно присуство на експлозивни направи во неколку авиони што летаат кон и од аеродромот во чешкиот главен град. 2/2 Ve spolupráci s @PragueAirport jsme přijali nezbytná bezpečnostní opatření s minimálním dopadem na běžný chod letiště. Případem se nadále zabýváme. #policiepp — Policie ČR (@PolicieCZ) November 6, 2026 Од аеродромот изјавија дека заканите не влијаеле врз работењето и дека биле опфатени најмалку осум летови. Меѓу нив се летови што пристигнуваат од Данска, Шпанија и Обединетото Кралство, додека заканите кон летовите што заминуваат се однесуваат на дестинации во Холандија, Кипар, Романија, Италија и Обединетото Кралство. Полицијата во Копенхаген соопшти дека е присутна на аеродромот поради упатените закани. Според нивните првични проценки, немало опасност за патниците или за другите лица на аеродромот, а истрагата за инцидентот е во тек. Закани упатени кон најмалку 27 авиони низ Европа Вчера, најмалку 12 европски летови беа цел на закани за поставени бомби, некои авиони беа придружувани од борбени авиони, а два лета беа пренасочени. Меѓу нив беше и летот од Даблин за Рим, кој беше пренасочен кон Франција. Во вторникот, најмалку четири лета на „Рајанер“ – на линиите Манчестер–Мурсија, Лисабон–Рим, Даблин–Рим и Даблин–Софија – беа цел на слични закани. Од почетокот на неделата, најмалку 27 патнички авиони низ Европа беа опфатени со серија закани за поставени бомби. Извор: Б92Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно; неисполнувањето на нормите резултира со казнувањеОткако ФБИ ги обвини севернокорејските хакери за кражба на 6,3 милијарди долари (приближно 10,8 милијарди КМ) од „Binance“, „Reuters“ разговараше со поединци во Сеул .Откако ФБИ ги обвини севернокорејските хакери за кражба на 6,3 милијарди долари (приближно 10,8 милијарди КМ) од „Binance“, „Reuters“ разговараше со поединци во Сеул кои следат како Пјонгјанг регрутира и обучува ИТ-кадар – принудувајќи ги да обезбедуваат средства за режимот. Нападот врз најголемата светска берза за криптовалути, што се случи кон крајот на октомври, претставува најголема кражба во историјата на криптовалутите. ФБИ го поврза инцидентот со група позната како „TraderTraitor“ – истите актери за кои Бирото смета дека се одговорни за минатогодишната кражба на 1,5 милијарди долари (приближно 2,6 милијарди КМ) од берзата „Bybit“. Северна Кореја негира каква било поврзаност со нападот. Алек Зебрик, виш менаџер за азиско-пацифичкиот регион во компанијата за блокчејн-аналитика „Chainalysis“, изјави за „Reuters“ дека во светот на сајбер-криминалот, честопати е доволна само една грешка за органите на прогонот да го фатат сторителот. Сепак, тој напоменува дека кај севернокорејските хакери ситуацијата е поинаква. „Тие се поддржани од државата; го прават ова за режимот. Токму затоа ќе продолжат – без оглед на тоа дали ќе успеат или ќе доживеат неуспех – бидејќи за меѓународната заедница е многу тешко да преземе каква било реална акција против нив“, изјави Зебрик. На прашањето дали во нападот врз „Бинанс“ (Binance) била користена вештачка интелигенција, тој одговори дека е невозможно да се тврди со сигурност, но напомена дека севернокорејските сајбер-криминалци веќе многу успешно ја користат вештачката интелигенција во своите кампањи. Режимот во Пјонгјанг со години се фали со своите програмери. Севернокорејската државна телевизија, KRT, емитуваше документарен филм во кој се прикажува како студенти од Универзитетот за наука, во 2013 година, го освоиле првото место на меѓународен онлајн натпревар по програмирање, организиран од индиската платформа „КодЧеф“ (CodeChef). Нам Бада, извршен директор на организацијата PSCORE со седиште во Сеул – која се фокусира на човековите права во Северна Кореја – вели дека за многу млади Севернокорејци, ИТ-секторот претставува ретка можност за заработка. „Постојат многу малку области во кои луѓето можат да заработат толку многу, па затоа голем дел од најбистрите севернокорејски студенти сакаат да студираат ИТ и да работат во таа област“, изјави Нам за Ројтерс. Работа без одмор Според него, севернокорејските ИТ-работници моментално се активни во Кина, Русија, Југоисточна Азија, па дури и во Африка и Монголија, бидејќи овие локации им овозможуваат пристап до интернет. Тие живеат во посебно одредени простории, се дружат исклучиво меѓусебно и работат од 12 до 16 – а понекогаш дури и 19 – часа дневно, речиси без никакви слободни денови. На секој од нив му е одредена квота. Парите мора да стигнат на сметката на претпоставениот до крајот или почетокот на месецот; дури тогаш се смета дека целта е исполнета. Оние што нема да успеат во тоа, вели Нам, се соочуваат со разни казни или јавно понижување – сè со цел нивниот живот да стане неподнослив. По нападот, Binance објави дека располага со доволни резерви за да покрие 90 отсто од украдените средства и почна да им ги враќа парите на корисниците, ветувајќи дека сите ќе бидат целосно обештетени.Тагови: Северна Кореја хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00