Вардарки со победа над Будуќност ја завршија групната фаза - Канал 5

Вардарки со победа над Будуќност ја завршија групната фаза

Ракометарките на Вардар издвојуваа победа на гостувањето во Црна Гора кај Будуќност (30-25) во последниот меч од груоната фаза во ЛШ.

Вардарки со победа над  Будуќност ја завршија групната фаза
Со победата Вардарки покажаа и потврдија дека се наоѓаат во фантастична форма и се подготвени за четвртфиналниот предизвик по што ќе следува завршниот турнир во Будимпешта и обидот конечно да се дојде до европската титула.

Вечерва во Морача нашиот шампион беше подобар ривал, ги искористи своите шанси, па со учинок од 9 победи и 1 пораз ќе излезе на мегдан против дански Митјиланд, четвртфиналниот противник на Вардар.

Пенезиќ даде 10 голови, Суслина имаше 9 интервенции, додека кај домаќините најмногу, 10 погодоци даде Раичевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 16. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 16. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 16. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат.

Кариера

Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите.

Здравје и совет

Опуштете се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво .

Кариера

Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата.

Здравје и совет

Мала нервоза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа.

Кариера

Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите .

Здравје и совет

Не позајмувате пари од пријатели.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават.

Кариера

Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете.

Здравје и совет

Ќе сонувате убави сништа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро.

Кариера

Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам.

Кариера

Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае.

Здравје и совет

Не се нервирајте поради ситници.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска.

Кариера

Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете.

Здравје и совет

Бидете посилни од другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот.

Кариера

Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси.

Здравје и совет

Одморете се во природа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер.

Кариера

Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете.

Кариера

Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се.

Здравје и совет

Несоница.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош.

Кариера

Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта .

Здравје и совет

Почнете да вежбате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво.

Кариера

Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста.

Здравје и совет

Откријте ја својата слаба точка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марија Митева и Каја Шукова вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марија Митева и Каја Шукова

  Марија Митева и Каја Шукова вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Долгорочната напнатост може да влијае на срцето, имунитетот и сонот, а експертите откриваат едноставни техники што може да помогнат во урамнотежување на телото и умот.

 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Современиот начин на живот, исполнет со бројни обврски, неизвесност, постојано брзање, сè почесто доведува до хроничен стрес што може сериозно да го наруши здравјето. Според стручните лица, долготрајната психичка напнатост не влијае само на расположението, туку и на работата на целиот организам - срцето, крвните садови, хормоналниот систем, системот за варење, имунитетот и врз квалитетот на сонот.

Бројни истражувања покажуваат дека долготрајното изложување на стрес го поттикнува лачењето на кортизол, хормон поврзан со покачување на крвниот притисок, нарушување на шеќерот во крвта и зголемена телесна тежина, послаб имунитет и проблеми со спиењето. Затоа лекарите и психотерапевтите ја нагласуваат важноста за навремено препознавање на симптомите на стрес и наоѓање начини за негово контролирање.

Длабоко дишење за брзо смирување

Меѓу најефикасните методи се издвојуваат техниките за длабоко и бавно дишење. Тие често се користат во психолошката пракса како дел од стратегиите за намалување на анксиозноста.

Психотерапевтите објаснуваат дека правилното дишење го активира парасимпатичкиот нервен систем, при што пулсот станува побавен, организмот се опушта и се враќа чувството на внатрешен мир.

Моќта на позитивната имагинација

Водената имагинација, односно замислувањето пријатни и сигурни места, е уште една од техниките за ублажување на стресот. Овој метод често се користи во психотерапијата, но и како техника за самопомош. Визуелизирањето на пријатни ситуации може да доведе до полесно соочување со секојдневните предизвици.

Опуштање преку шаките и прстите

Благото стимулирање на шаките и прстите се применуваат во различни техники за релаксација и масажа за да се намали мускулната напнатост и за опуштање.

Стручните лица истакнуваат дека редовното управување со стресот не е луксуз, туку е важен дел од грижата за здравјето. Дури и неколку минути дневно посветени на релаксација може да го подобрат расположението, сонот и отпорноста на организмот при секојдневните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер