Вардарки против Ларвик по четврта победа во елитното натпреварување - Канал 5

Вардарки против Ларвик по четврта победа во елитното натпреварување

Вардар ќе ја има фаворитската улога на саботниот дуел од Лигата на шампионите за ракометарки против Ларвик, но „црвено-црните" најавуваат дека во ниту еден момент нема да го потценат противникот и покрај убедливата победа во Норвешка (31:19).

Вардарки против Ларвик по четврта победа во елитното натпреварување

- Тие се млада екипа што има смена на генерации во моментов. Тоа не значи дека ќе биде лесно, бидејќи имаат млади, но добри играчи, шутери и традиционално имаат брз контранапад. Ние тоа го видовме во Норвешка, и имавме проблеми поради наши грешки. Тие треба да ги намалиме и се ќе биде во ред, рече тренерот Ирина Дибирова на денешната прес-конференција.

Капитенот Јованка Радичевиќ очекува Вардар да продолжи со максималниот ефект.

- По три кола имаме максимален учинок, и сакаме да продолжиме со овој биланс. Со секој противник на натпреварите ние приоѓаме сериозно. Тренираме добро и знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека во сабота нема да биде лесно. Играат секогаш до крај, без разлика на резултатот. Желни се за докажување. Ни треба максимален пристап во одбрана за постигнување лесни голови, рече десното крило на македонскиот првак.

Натпреварот меѓу Вардар и Ларвик е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. 

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, но и од верба и љубов кон татковината, Македонија.

„Со денешен речник кажано, ВМРО е најголемиот македонски политички бренд. ВМРО создаден од историја. Од борба. Од болка, од жртва. Од верба и од љубов кон татковината. ВМРО е идеја што трае. Идеја што поминала низ востанија, прогони, победи, порази, надежи и разочарувања. И сепак останала жива. За да ги предводи следните национални победи. Затоа што нејзината суштина е едноставна и силна. Македонија да биде своја, да биде горда. Македонија да биде почитувана. Во таа идеја има корен, но има и иднина. Има традиција, но има и широчина. Има патриотизам, но има и програма“, рече Мицкоски.

Затоа, додаде Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ денес има сила да биде најдобриот одговор за предизвиците пред Македонија: за економија што расте, за институции што служат, за млади што остануваат дома, за држава што создава и за народ што верува.

„Тоа е нашата обврска. Да ја чуваме идејата, да ја шириме. Да ја претвораме во дела. Затоа што ВМРО не е само дел од македонската историја. ВМРО е причината затоа што Македонија забрзува и Македонија има иднина“, порача претседателот Мицкоски во обраќањето, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица?

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе?

Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници?

Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета?

Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ.

Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО.

Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет.

Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет, каде ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара.

Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина, соопштуваат од МО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер