Вардарки потешко од очекуваното го совладаа Ларвик - Канал 5

Вардарки потешко од очекуваното го совладаа Ларвик

Ракометарките на Вардар потешко од очекуваното забележаа победа во дуелот против Ларвик со која го одржаа максималниот учинок од четири победи во Лигата на шампионите.

Вардарки потешко од очекуваното го совладаа Ларвик
На натпреварот одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ЖРК Вардар го победи Ларвик со 30-27 полувреме 10-11.
Лошо одиграа избраничките на Дибирова во првиот дел, па на противничките им дозволија на одмор да заминат со гол предност. Сепак во вториот дел, вардарки покажаа дека се за класа подобар противник и предводени Амандин Лејно која имаше 20 успешни одбрани заслужено се радуваа на победа со конечни 30-27.

Андреа Пенезиќ беше најефикасна со седум гола, Цвијиќ додаде уште пет, додека Кузњецова, Радичевиќ и Лакрабер постигнаа по четири гола.
Во наредното коло Вардар гостува кај Ференцварош, меч кој е од големо значење, затоа што ќе одлучува околу бодовите кои клубовите ќе ги пренесат во наредната фаза.

А унгарската екипа попладнево го совлада германскиот првак Турингер со 28-25.

Вардар е лидер на табелата со максимални 8 бода, пред ФТЦ Будимпешта кој сега има 6, додека Турингер остана на 2, а Ларвик нема ниту еден бод./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода!

Додека државната граница функционира како пропустлив синус каде што со обична македонска лична карта и без евиденција се преминува во странство, се поставува клучното прашање: Го видел некој премиерот?

ЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода!

Човекот кој обично свечено отвара трафики, пиљари и коментира кога ќе се прска за комарци, за овој мегаскандал во кој се заглавени повеќе министерства и служби го нема никаде! Да не избега и тој нелегално во Бугарија?! Или си премиер и лидер што сноси одговорност, или те нема кога гори државата!

Ова веќе не е институционален колапс, туку сурова црна трагикомедија во која системот е целосно парализиран. Истиот ден кога судот и обвинителството побараа нов притвор за бегалката Ива Михаилова, од притвор насмеан и раат излезе бившиот бегалец Артан Груби. Додека министерот Панче Тошковски признава дека лицето нелегално ја напуштило Македонија и дека се проверуваат снимките на границата, граѓаните сведочат како правдата во Македонија е целосно згазена, а законите важат само за оние кои немаат партиски штит.

Додека милиони евра од државната каса се истураат за помпезни прослави, концерти со светски ѕвезди и споменици со милионски хонорари по стара „стевановска“ матрица, институциите напредуваат само во дисциплината како да се ослободат од одговорност. Пораката која се испраќа е претерано опасна: ако ви се може, кршете ги мерките, бегајте преку граница без пасош со лична карта, прошетајте се во странство и сликајте се како жртви, бидејќи обвинителствата се разбудија дури кога птиците веќе одлетаа.

ЛДП повторно јасно порачува: Доста е од евтин политички театар, национал-шовинистички манипулации и префрлање на топката врз грбот на човечки трагедии. Ако премиерот, министрите и раководителите на безбедносните служби не можат да ја чуваат сопствената државна граница ниту да воспостават владеење на правото, најмалку што можат да сторат е да си поднесат оставки и да отворат приватна агенција за „VIP бегства без печат“. Време е за итна ревизија на целиот правосуден систем, пред државата целосно да ни се претвори во приватна агенција за бегалци со државен благослов!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?

Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан.

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?

Истиот тој Венко Филипче кој сака да стане партизан и кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев, од македонскиот Устав ги избришаа одлуките на АСНОМ.

Тоа е истиот Филипче кој сака да облече партизанско руво, и истиот ментор Заев, кои јасно подвлекоа дека во Втората светска војна, бугарските фашисти во Македонија не биле окупатори туку администратори.

Партизанскиот дрес на Венко Филипче и маршот во градот херој Прилеп, во очи 11 Октомври е само камуфлажа, откако виде дека македонските граѓани не прифаќаат ново предавство на националните интереси.

А од друга страна, додека се случуваше преправањето на Филипче во партизан, зад превезот, очигледно, повторно одработуваше за Румен Радев и Бугарија и во најновиот случај со Ива Михаилова која побегна во соседната земја.

Така, доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија.

Името, докторот Барбов не е непознат за македонската јавност, тој е правосилно осудено лице за криминалниот случај „Метастаза“, каде тој е еден од обвинетите кој се гонел за посредување во издавањето на инвалидски пензии.

Според тогаш објавените информации, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии, каде што за двете години додека дејствувала групата, заработиле 165.000 евра, но и за 53.000 евра го оштетиле Фондот за здравство.

Тука се поставува прашањето, дали Венко Филипче со неговиот ментор Зоран Заев, затоа што се уценети од Румен Радев, ургирале кај нивниот криминален другар, доктори и поранешен нивен директор, Барбов да постави дијагноза и да изготви таков извештај во кој јасно укажува дека методата за лекување на Михаилова ја нема во Македонија и дека истата може се направи во соседна Бугарија.

СДС, Филипче и Заев има за што да дадат одговори и тоа треба да го направат во најкус можен рок, јавноста очекува одговори.

Воедно, очекуваме и истрага по допрен глас за да се испита нашиот и сомнежот на јавноста дека во овој случај, преку нивниот доктор Барбов имаат вмешано прсти Филипче и Заев и дека зад целата операција стојат Радев и бугарската држава.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите!

Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите!

Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како?

Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели.

Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено.

Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон.

ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери.

Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште.

Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот.

СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон.

Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена.

Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар
Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница.
Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин.
Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар.
Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ...
Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“.
Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома.
Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата.
Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.
Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата.
Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер