РакометВардарки по нова шанса против ЃерРакометарките на Вардар повторно обезбедија пласман во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, откако го победија Ростов Дон со 25:19.Натпреварот започна со релативно изедначени сили, но Вардар, иако не во целост, сепак ја оправда фаворитската позиција и по десет минути игра имаше водство од 4:2. Првото полувреме помина со многу грешки на двете страни, што резултираше со слаба ефективност во резализацијата кај двата тима и малку голови. Вардарки иако низ целиот прв период одржуваа предност, сепак поради грешките во нападот не успеаја да ја искористат исклучително добрата одбрана на Амандин Лејно, која имаше повеќе од десет интервенции. Сепак Вардар ја ефектираше разликата во квалитетот и на паузата замина со водство од 10:7. И второто полувреме беше во знакот на доминацијата на вардаровите ракомерки, кои за нијанса ја подобрија ефикасноста што се одрази на резултатски план, при што два пати предноста беше зголемена на плус шест и плус седум. Вардар и во ова полувреме не ја искористи добрата одбрана на Лејно за повеќе да се одвои резултатски, но сепак одржуваше постојано водство кое резултираше со убедлива победа од 25:19. Вардарки во реприза на минатогодишното финале утре ќе се обидат да го совладаат актуелниот шампион Ѓер и да дојдат до толку посакуваната титула. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонесиФондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени. Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата. Во вакви случаи, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски. Оттука, не станува збор за поединечна административна одлука на Фондот, ниту за рачно исклучување на осигурениците од страна на вработените во ФЗО. Процесот е системски и автоматизиран и истите правила важат за сите работодавачи и институции без исклучок. Фондот и самиот во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што дополнително потврдува дека механизмот се применува еднакво за секој правен субјект. Кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има поширок ефект доколку навремено не се изврши потребната корекција и уплата на придонесите. Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок. Фондот ги стави на располагање сите потребни податоци и стручна поддршка во рамките на своите надлежности. Фондот истовремено апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, паралелно и навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметката и уплатата на придонесите. На тој начин ќе се избегнат ситуации во кои привремено може да биде засегнат статусот на здравственото осигурување и на останатите вработени. Апелираме ова прашање да не се политизира и да не се создава непотребна загриженост кај осигурениците. Станува збор за јасно утврдена системска постапка која подеднакво важи за сите правни субјекти, а по евидентирањето на потребната уплата здравственото осигурување автоматски се активира. Тагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%Летната турстичка сезона е во полн ек, но статистика регистрира значително намалување на бројот на странски туристи во јуни годинава, во однос на истиот месел лани.Годинава во јуни имало 87.618 странски туристи што е за 13% помалку во однос на јуни лани, кога имало над 100.000. Просечно тие остануваат во земјава по две ноќевања. И натаму најбројни се туристите од Турција, околу 25.000, а потоа следат Србија со 8.500, Германија нешто на 4.000 и Бугарија со 3.200 туристи. Вкупно, во првите шест месеци од годинава, во земјава дошле 396.633 странски туристи што е за 0.3% повеќе во однос на првото полугодие лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПо 18 години Алексис Санчез ја напушта Европа!По речиси две децении на највисокото ниво на европскиот фудбал, легендарниот чилеански напаѓач Алексис Санчез ја продолжува кариерата во американската МЛС-лига, откако потпиша двегодишен договор со Монтреал. 37-годишниот Санчез пристигнува во Канада како слободен играч, откако му истече договорот со Севиља. Иако раководството на шпанскиот клуб му понудија продолжување на соработката за уште една година – откако тимот успешно избегна испаѓање од елитната лига – Чилеанецот одлучи да ја одбие понудата и да побара нов предизвик преку Атлантикот. Со преселбата во Монтреал, Санчез станува дел од лигата која што доживува неверојатна експанзија и привлекува се поголем број на светски фудбалски ѕвезди. Во МЛС-лигата, Санчез го очекуваат поранешни соиграчи и ривали како Лионел Меси, Луис Суарез, Хеунг-мин Сон, Томас Милер, Роберт Левандовски, Касемиро и Антоан Гризман. Европската авантура на Санчез започна уште во 2006 година кога потпиша за Удинезе, по што следеа позајмици во Коло-Коло и Ривер Плата. По враќањето во Италија, тој прерасна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, што му донесе трансфер во Барселона под водство на Пеп Гвардиола. Во текот на својата блескава кариера, тој настапуваше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј, Интер Милано и Севиља, освојувајќи вкупно 16 трофеи. Меѓу значајните успеси се вбројуваат титулата во шпанското првенство и Светското клупско првенство со Барселона, двата трофеја во ФА Купот со Арсенал, како и двете титули во Серија А (Скудето) освоени со Интер Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter